|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Безбеден дом за вашето дете
31.1.2014 2:22:31   
Defne90 RR
Lele znaci i nam preeska ni se sluci nesto slicno na ova.Znaci jas si miev cinii,maloto si igrase vo dnevna, a maz mi se tusirase vo kupatilo.Koga izlegol ne ja zatvoril vratata od kupatilo.I taka kako si bese maloto vo dnevna i si igrase si otsetalo toa do kupatilo i vleglo vnatre i op pravo kaj detergentite otislo.Slusam maz mi po nekoe vreme kako vika STO NE VNIMAVAS NA DETETO.Se podadov i gledam go drzi vo race nervozen.Toa za sreka bilo stotuku otideno vo kupatilo i nisto ne fakalo,maz mi se setil deka ja ostavil otvorena vratata i se vratil da ja zatvori.No sakam da kazam sekogas treba da vnimavame da ne dojde do takvi momenti zatoa sto koga beljata ke bide napravena bescelno e da se bara kaj koj e vinata.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Beatris)
Непосредна врска до пораките: 51
   RE: Безбеден дом за вашето дете
7.6.2014 22:14:54   
princessa
Деца се тоа, го користат секој момент да ни го скратат животот. Јас имам ставено заштита на штекерите и нема гајле ма тие што ги поставив на острите рабви џабе зашто сите син ми ги извади а ќерка ми му помага.user posted image user posted image . Да плачам и да се смејам ли. Цвеќето го кранв кај можев а едно што ми остана на под син ми кога успева за некој дел од секундата го ископува или го искинува, аман веќе, значи само да се свртам и ми одлазува за стотинка. Во купатило нон стоп држиме затворено зашто сака да се качува на када и еднаш си ја удри главата. Секој ден е син некаде што му велам јас син на мамаuser posted image .
Според мене децата треба да се научат дека има опасности во домот и да знаат да се навикнуваат на тоа а и секако да знаат и да се заштитат, зашто ако тргнеме од тоа треба се да изнесеме од дома и да живееме во празен простор. Секаде демнат опасности за некои и ние не сме свесни. Господ нека ни ги чува особено сега кога сакаат да истражуваат.

_____________________________

All of us have our own beliefs, opinions. These inner assumptions rule and govern our lives. A suggestion has no power in and of itself. its power arises from the fact that you accept it mentally!

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 52
   RE: Безбеден дом за вашето дете
7.6.2014 23:50:14   
deluxe
И јас имам дома еден мал "истражувач" кој секаде буцка,секаде се качува се што е забрането го интересираuser posted image Штекерите некои ги залепив со селотејп,други со капачиња,нив ги средив.Сега секаде се качува,си зема столче(имаме 2 мали столчиња) и си се качува секаде,а најмногу на работна маса.Речиси сите потенцијални опасности ги кренав на највисоко,ножевите ги преместив во висачи и тие му беа омилени еден период.Играчките на сестра му одамна ги преместив во друга соба(поради ситни делчиња).И колку и да се трудам се да тргнам на страна,сепак ќе најде нешто што е опасно за него.Детево ќе ме остари пред времеuser posted image user posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот princessa)
Непосредна врска до пораките: 53
   RE: Безбеден дом за вашето дете
8.6.2014 0:11:03   
Snowhite RR
Во последно време Јана оди во салонот и таму ми е ставено тоалетното од спалната и ја отвора фиоката, ама некогаш толку силно ја трга што за малку не и паднала на нозе, ќе морам да купам заштитници за фиоки., за штекерите имам веќе.
Инаку и јас не сум за се' да се трга и да се качува на високо, сакам да се научи дека не треба некои работи да ги чепка и навистина немам многу работи преместено, во работната маса на пример, тие работи кои може да ги скрши и да се повреди ги ставам поназад, а напред се пластични тањирчина и чаши, така да немам потреба да ги врзувам вратите, едноставно ја оставам да си отвора и да си вади и кога нема да и биде забрането брзо ќе и здосади, зашто сум заприметила дека ако нешто му е забрането повеќе ги интересира и нон стоп таму ќе одат.

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 54
   RE: Безбеден дом за вашето дете
8.6.2014 0:25:03   
Defne90 RR
Апсолутно се согласувам со тоа дека децата треба да се научат каде смее а каде не смее да се фаќа.Да точно е дека се мали и дека тие всушност и не разбираат за опасностите кои што ги има во домот,ама ние сме тие кои што треба да им укажеме.Ни јас не сум преместувала скоро ништо од плахарите.Значи се си е на свое место.Ниту пак врзувам нешто.Само секогаш кога и да се приближи некаде каде што не му е местото и да почне да фаќа веднаш го опоменувам.Исто и украсите ми стојат се,со поголемото кога беше на негова возраст се ги бев собрала ама сега не.Едноставно не му дозволувам да фаќа колку и да се лути и да плаче.Е имам врзано само комодата во дневна затоа што таму имам многу кршливи предмети и не ми се преместуваа па решив да ја заврзам.И онака ретко кога го употребувам тоа.Исто на штекерите имав едно време заштитници ама ги извадив после сите затоа што синко повеќе не фаќа таму.Го опоменував постојано и се научи.Е само детергентите ми се подалеку од нив после инцидентот во купатило.Ама сепак тие и не би требало да бидат на дофат на децата.Инаку бидејќи многу ми чепкаше во кујна и отвораше насекаде во фиоките решив да го залажам.Значи извадив се од последната фиока и сатавив само играчки таму.И така тој кога и да дојде до кујна ќе се сети дека таму му се играчките и ќе ја отвори таа фиока и ќе заборави да фаќа на друго место.И сега послабо веќе ги отвора другите плахари и фиоки.Поголемиот за разлика од него беше многу по немирен за тие работи и постојано тргав.Помалото пак не фаќа толку колку што сака да се качува буквално насекаде.И постојано очите во него.Вчера така си се занесов нешто во спална и кога слушам бум,тој паднал од креветот како што си скокал.Едноставно тоа е ем треба да се научат каде смее а каде не смее да се фаќа ем додека се научат треба постојано на очи да ни бидат.Е затоа и почна да ми побелува косата.user posted image

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 55
   RE: Безбеден дом за вашето дете
13.4.2016 10:29:40   
lolla RR
Како ме извади од памет Л пред некој ден, уште ми се тресе снагата. Седи во оградица додека правам доручек, и обично кенка вика се лути. одеднаш се стиши и мислам се зачитал некоја од сликовниците, така ми личеше кога го погледнав, тој во рок од 10 секунди да со забите ја извади тапата од мала пилатес топка и само слушам шшшшшшшшшшшшшшшшшшшшшш. Кога да видам, туј си ја метла низ уста и прави фаци, па брзо му бркнав во уста и му го извадив. Таа топка ја игра секој ден, како не приметив дека тапата може да се извади???????

Обично не ставаше ништо во уста, деновиве се да проба и прстите не ги вади од уста.

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 56
   RE: Безбеден дом за вашето дете
15.4.2016 11:52:07   
Hopeful RR
Страшно... но реалноста е дека не можеш да заштитиш и да обезбедиш се, едноставно не можеш. И јас еднаш ги видов со изваден нос од играчка куче, како си го врткаат во прсти, па дури и грицкалка за нокти, немам поим од каде им паднала во раце, пазам ептен.

Најстрашното за нас беше вчера сабајле. Спијат секој во посебен кревет, креветчињата им се монтажни, целосно заградени со мрежи, ги знаете. Разбудени сабајлето они пред нас, јас дремам, и одеднаш слушам тап удар на паркет, Ј беше треснат доле!!! Немам поима како успеал да падне преку кревет, нема на што да се прекачи, не ни може, беше со вреќа на него, едино ако му натежнала главата па едноставно паднал... Умревме од страв, најмногу затоа што нема како да го заштитам - да го покријам креветот со мрежа одозгора? Па не е кокошка да му се сневиди... хорор. Денес ставив дебело ќебе доле за секој случај и се надевам нема вакво нешто пак да се случи...

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 57
Страница:   <<   < Претходна страница  1 2 [3]
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3]
Оди на:






Анкета

Dali?
Admin

Dali ste pravele celulitni tretmani i dali se efikasni?

Da sum pravela (20%)

Da efikasni se (0%)

Ne ne sum pravela (80%)


Број на сите гласови: 5

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!