|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Светски ден на заштита на водите
22.3.2010 11:41:47   
jovanka
Da se obideme sto e mozno vo idnina da go zastitime ova blago koe nema cena a Makedonija e zemja so ogromni vodni prirodni resursi.Da go pottikneme znacenjeto na vodata i kako roditeli ni preostanuva da ja preneseme grizata za zacuvuvanje t.e. stedenje na vodata vo sekojdnevniot zivot na nasite decinja.

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Светски ден на заштита на водите
23.3.2010 12:08:20   
jovanka
ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН НА ВОДАТА


За квалитетна вода ќе се трошат 700 илјади евра!


Во рамките на мониторингот се вршат хидролошки мерења и испитувања на квалитетот на водите, а за следење на подземните води се изведени 18 нови пиезометри во делот на активностите за Рашче и 15 во делот на Скопско Поле и Нерези - Лепенец


Под мотото "Чиста вода за здрав свет" вчера беше одбележан Светскиот ден на водата. Водата е ресурс кој значи живот. Вкупно 880 милиони луѓе во светот немаат пристап до чиста вода, додека 2,7 милијарди живеат во несоодветни хигиенски услови, информираат од Меѓународниот сојуз на Црвениот крст и Црвената полумесечина. По повод 22 март, Светскиот ден на водата, Црвениот крст издаде соопштение во кое се повикува на дополнителни активности поврзани со водата, здравјето и хигиената.
- Пристапот до чиста вода, хигиенски услови и здравствено образование не треба да зависи од среќата или од местото на раѓање. Тоа е човеково право што им припаѓа на сите, богати и сиромашни, се вели во соопштението. Но според податоците од Сојузот околу 2,7 милијарди луѓе во светот, вклучувајќи 980 милиони деца, не живеат во соодветни хигиенски услови. Се проценува дека половина од луѓето што се лечат во болниците, се разболеле поради консумирање нечиста вода и поради лоши хигиенски услови. Исто така, климатските промени, загадувањето на водите на земјата и прекршувањето на поставените еколошки норми го интензвираат редуцирањто на резервите на вода. Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, вчера по повод Светскиот ден за заштита на водите го посети изворот Рашче, каде што беше промоворан моноторингот на површинските и подземните води во Скопската Котлина, подземните води што го хранат изворот Рашче и бунарите Нерези - Лепенец.
- Градот Скопје како единица на локалната управа има задача да врши редовно водоснабдување на граѓаните, што значи дека треба да обезбеди континуирано снабдување со квалитетна вода. За таа цел од август 2009 година Град Скојпе воспостави мониторинг на површините и на подземните води во рамките на заштитните зони на изворот Рашче и бунарското подрачје Незери - Лепенец, односно на водите што ги хранат овие извори, како и на површинските и подземните води во скопскиот регион - изјави градоначалникот Трајановски.
Тој додаде дека во рамките на мониторингот се вршат хидролошки мерења и испитувања на квалитетот на водите, а за следење на подземните води се изведени 18 нови пиезометри во делот на активностите за Рашче и 15 во делот на Скопско Поле и Нерези - Лепенец.

Трајановски истакна дека финансиските средства што Град Скопје ги издвојува за спроведување на овие активности не се мали.
- За едногодишниот мониторинг предвидени се да се потрошат околу 700 илјади евра. Овие средства градот ги намени за една неопходна активност, која е од витално значење за здравјето на граѓаните и за обезбедување со квалитетна вода во подолг временски период, рече Трајановски.




_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 2
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?