ripce
|
Тиковите се ненадејни, повторувачки и ненамерни моторни движења слични на конвулзии или вокални симптоми на ист мускул или на група мускули. Важно е декадвижењата и вокализациите се начин на ослободување од одредена внатрешна емоционална напнатост, тие се повторувачки и аритмични и поради тоа се ненамерни. Тиковите се делат на транзиторни тикови, хронични тикови и Tourette-ов синдром. Хроничниот тик и Tourette-ов синдром се смета дека имаат слична основа, единствената разлика е во степенот на тежината на растројството. Дијагностички критериум и за двете растројства е појавата на симптоми пред да наполни пациентот 21 година. Има различни мислења за настанување транзиторни тикови. ЕПИДЕМИОЛОГИЈА - Преваленцата на хроничните тикови е над 4%. - Инциденцата за Tourette-ов синдром е помала од 1% во целата популација. - Средна возраст во почетокот на хроничните моторни тикови е околу 7-та година, а за Tourette-ов синдром е истата возраст или малку поголема. Вообичаено, сиптомите започнуваат на возраст од 4 до 15 години, но Tourette-ов синдром е опишан и кај деца помали од 1 година. КЛИНИЧКА СЛИКА Тиковите може да се манифестираат од кој било дел на телото, вообичаено во пределот на главата, особено на мускулите на лицето и горниот дел од телото. Најчести видови моторни тикови се тресење на главата, правење гримаси, подигнување на веѓите, трепкање со очите, собирање на носот, влечење на устата, кревање на рамениците и виткање на екстремитетите. Симптомите на вокален тик вклучуваат воздивнување, зевање, кашлање, шмркање, гровтање, фрчење и лаење. Покомплексни симптоми на вокален тик вклучуваат ненадејно експлозивно кажување непристојни зборови или фрази (копролалија); 30% од пациентите со Tourette-ов синдром страдаат од ваков тип симптоми. Тиковите, генерално, се поврзани со голем број други бихевиорални нарушувања,како што се нарушувања на вниманието, тешкотии со учењето, пелтечење и други нарушувања на говорот, кондуктивни нарушувања, опсесивно-компулсивни симптоми, панични атаки, фобии итн. ОСНОВА НА ТИКОВИТЕ Направени се многу обиди да се објасни основата на тиковите со фактори од индивидуалната психологија, семејната психологија и со биолошки фактори. Tourette-ов синдром се смета дека е моногенска наследна болест. Проценето е дека 1,2% од популацијата е носител на мутантниот ген и дека една половина од овие индивидуи ќе манифестираат некаква форма на симптоми. Како додаток на тиковите, луѓето кои имаат Tourette-ов синдром имаат за 10 пати повеќе тешкотии во вниманието, кондуктивни нарушувања за 17 пати панични атаки за 13 пати и депресија за 11 пати повеќе од здравите луѓе. Како додаток на наследноста, и други фактори може да ги потпомогнат симптомите. Особено ситуации кои предизвикуваат анксиозност, како и емоционалниот стрес може да ги зголемат симптомите кај вулнерабилните индивидуи. ТРЕТМАН Клиничката слика на тиковите и на Tourette-ов синдром може многу да варира. Се случуваат и спонтани ремисии, и тогаш симптомите лесно може да се следат неколку месеци. Супортивна и информативна дискусија со детето и семејството, секако, се корисни. Ако симптомите траат подолг период, неопходни се специјални испитувања и третман. Тешките случаи се третираат со психотерапија и медикаменти. Пред да биде инициран третманот, дијагнозата се потврдува со детаљни психолошки и психијатриски инвестигации на детето кои се комплетираат со дополнителни невролошки испитувања. Од актуелните психотерапии, бихевиоралните терапии дале најдобри резултати. Како додаток на терапијата, важни се и поврзани информации, совети и водење. Халоперидол и пимозид се употребуваат како медикаменти. Исто така, клонидинот се употребува во третман на тиковите, но се смета дека не е толку ефикасен како гореспоменатите медикаменти. Пред да бидат иницирани медикаментите, детето кое страда од тикови мора да се подложи на преглед од детски психијатар и медикаментите мора да се реализираат под водство на детски психијатар. Извор Педијатрија
< Поракaта ја уредил ripce -- 29.1.2010 14:44:56 >
_____________________________
"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."
|