|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Спомен-куќата на Тоше изби на првото место
21.10.2011 16:16:00   
arh_diz
Спомен-куќата на Тоше во Крушево има големи шанси да биде најдобар објект во 2011 според светската јавност која првпат годинава во рамки на  престижниот Светски фестивал на архитектура во Барселона има можност по електронски пат да избира најдобро архитектонско дело.
user posted image
Во тесна конкуренција се уште два проекта - идејниот концепт „Атмосфера“ во Калкута и Музејот на меморијата и толеранцијата во Мексико Сити. Музејот на Тоше вчера со 5.100 гласа бил на третото место, а утрово со 6.900 избил на првото место на отвореното гласање на овој линк. Но, пласманот не е конечен и е неизвесен до 4 ноември до кога ќе трае гласањето.

Тоа почна пред 45 дена и учествуваа 704 објекти од светот, избрани за листата од вкупно илјада пријавени. Објектите може да бидат од разни категории, а главен критериум за учество во гласањето е да се завршени оваа година. Првата фаза од електронскиот избор заврши денеска напладне и до 4 ноември за гласање остануваат првите три рангирани.
user posted image
Веста за високото котирање на Спомен-куќата на Тоше, според изборот на светската јавност, денеска ја соопшти Дејан Секуловски, еден од архитектите на музејот, кој од отворањето во април го посетиле 110.000 луѓе.  Тој рече дека отвореното гласање на интернет е придружна манифестација на реномираниот фестивал, кој е смотра на најголемите архитекти на денешницата и на кој се доделува и главна награда за најдобар објект на светот според одлуката на 69-члено стручно жири.

- Тоа е најголема изложба за архитектура во изминатите години, каде што се претставува светската архитектонска елита. Имавме среќа годинава да пратиме труд и да ни го прифатат по првото селектирање. Во меѓувреме тие афирмираа и награда за најдобар објект по избор на светската публика. Од денеска сме на прво место, до вчера бевме на трето. Се надевам дека со поддршка на јавноста, иако немавме такви амбиции, ќе успееме да стигнеме можеби и до наградата, рече Секуловски на средба со новинарите.

Цело време додека траело гласањето, позицијата на Спомен-куќата на Тоше варирала од второ до петто место од 704-те проекти, а последните 20 дена константно е на второ или на трето место. На http://openbuildings.com/peopleschoice/waf/leaderboard може да се гласа само еднаш од ист компјутер.

Со поддршка на Министерството за култура, Македонија првпат ќе се претстави на фестивалот во Барселона, каде што архитектите на меморијалниот музеј на Тоше ќе го презентираат проектот на затворањето на 4 ноември. Тогаш ќе бидат доделени и наградите, меѓу кои и главната за најдобар објект на светот.
user posted image
Наградата од публиката не е материјална, но е многу значајна за промоција на објектот пред најголемите современи архитекти кои учествуваат на фестивалот во Барселона. Таму се претставуваат градби  од стотици милиони евра и архитекти добитници на Притцекеровата награда (во архитектурата еквивалент на Нобеловата награда), како Заха Хадид, Норман Фостер, Коп Химелблау...

Спомен-куќата на Тоше беше отворена на 25 април годинава. Лоцирана е на Гумење во Крушево на површина од 870 метри квадратни. Има форма на крст, изградена од бетон и стакло, според идејниот проект на архитектите Дејан Секуловски и Дејан Спасеновски, во соработка со Илија Божиновски. Нивниот труд идниот месец ќе биде претставен и на изложбата на Интернационалното биенале „Леонардо“ во Минск.
user posted image  Извор: курир
Ajde da glasame da ostane taka


< Поракaта ја уредил arh_diz RR -- 21.10.2011 16:18:05 >


_____________________________

Биди тоа што си
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Спомен-куќата на Тоше изби на првото место
21.10.2011 16:33:24   
Natuska85
И јас гласав,во моментов има 7471 гласuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Спомен-куќата на Тоше изби на првото место
21.10.2011 16:39:16   
maki1
i od mene ima glas.

_____________________________

Pantai Rai

-Heraclitus

(Одговор на членот Natuska85)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Спомен-куќата на Тоше изби на првото место
23.10.2011 13:33:02   
profesorica back
user posted image user posted image user posted image  исто и од мене, одлично е направено со многу стил и футуризам, БРАВО

_____________________________

Има само едно дете најубаво на цел свет, и секоја мајка го има!

(Одговор на членот maki1)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Спомен-куќата на Тоше изби на првото место
26.10.2011 15:42:43   
dostickage
ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica back

user posted image user posted image user posted image  исто и од мене, одлично е направено со многу стил и футуризам, БРАВО


i od mene user posted image

Wilkomen user posted image  

(Одговор на членот profesorica back)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Спомен-куќата на Тоше изби на првото место
15.11.2011 22:39:09   
Natuska85
Победнички 15.078 гласови за Спомен куќата на Тоше!


user posted image
Проектот за спомен куќата на Тоше Проески на „Синдикат студио“ ја доби наградата за најдобро архитектонско дело за 2011. на Меѓународниот фестивал за архитектура во Барселона. Во гласањето, кое заврши денеска попладне и кое се одвиваше на интернет порталот „Опен билдингс“, меморијалната спомен-куќа за Проески освои 15.078 гласови од целиот свет, а освои и најмногу гласови од меѓународното жири. На второ место е Музејот на сеќавањата и толеранцијата во Мексико Сити и проектот Атмосфера во Калкута. Годинава прв пат беше воспоставена награда за која може да се гласа од цел свет, со што за своите фаворити гласаа не само архитекти, туку и луѓето од различни професии. Беа пријавени повеќе од 1.000 проекти, а право на учество добија 704. Објектите можеа да бидат од разни категории, а главен критериум да влезат во гласањето беше да се завршени оваа година. Спомен куќата на Тоше влезе меѓу фаворитите од почетокот на гласањето во август годинава. Спомен-куќата на Тоше беше отворена на 25 април. Лоцирана е на Гумење во Крушево на површина од 870 метри квадратни. Има форма на крст, изградена од бетон и стакло. Идејниот проект е на архитектите Дејан Секуловски и Дејан Спасеновски, а во соработка со Илија Божиновски.
Извор:Дневник


_____________________________

"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."

(Одговор на членот dostickage)
Непосредна врска до пораките: 6
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?