Elce
|
Ах,сте ја отвориле мојата болна тема.Јас како мајка која е емоцинонално нестабила после породување,читам дека вит К т.е Конакион аплицирал интрамускулно предизвикува леукемија,полудев.И читав ,читав се... Знаци секое новороденче прима 1 мг Вит к кога ке се роди кај нас тука и.м така било и порано во европа,ама кога една докторка истражувала Jean Colding od Bristol University,напишала студиа дека можна причина за леукемија е вит к и тоа кај група деца родени 70-та година во Англија,почнале истражувања и не нашле поврзаност,но постои мал сомнеж дека вит к може да биде тригер доколку детето го носи генот(ова од Американ Асоцијација з аПедијатрија).Во Германија и други европски земји вит к е прашање на избор,дали сакаат родителите и имам пријателка во Англија ја прашав таа сакала да прими детето нејзино и примило и.м. ВО Германија им даваат орално 3 дози.Ние немавме проблеми со жолтица воопшто,погрешно ме разбрала Везилка,но имавме малку крв на папчето и по препорака на докторка по телефон,појдовме на клиника и првиот пат не вратија оти сестрата му го исчисти папчето пред да го види докторката,и ни рекоа дојдете ако му крвари пак,и тоа мене ми остана во глава,сабајлето пак имаше крвца и го однесов и прими 3,5 мг бидејки имапе 3500 г.После недела дена пак се случи да му водени папчето помешано со крв и рипнавме пак го однесовме и прими4,5 мг Конакион мм и после тоа немаше проблем веднаш прекина се.Но јас за Конакионот овие работи после ги дознав,и мојата поголема керка имаше ист проблем и таа прими тогаш,но воопшто не знаев ништо и не се секирав тогаш Ставриќ ја прегледа и даде,беше бебе од 11 дена и беше болно со мрсулчиња,а антибиотик не ми препиша.Друго во светот мало крварење го сметаат за нормално првите 2-3 дена после паѓање на папчето,кај нас тука не,исто алкохолот потенцира крварење а ние сите со алкохол ги чистиме папчињата.РЕдинственото нешто што ме смирува е тоа дека кога истражувала докторкава составот на конакионот не е ист со денешниот.тогаш содрзел фенол-аром.јаглеводород кој е карциноген,денес содржи само хлоровод.киселина нат.хидроксид и жолчна киселина.Конакионот ММ во мк има само за возрасни по аптеките и таков му аплицираа на моето дете,а во упатството пишува дека не ее за деца под 1 година,но тоа е.Докторката со ме прати на клиника ми вика а што да искрвари бебето??Значи има и случаеви на деца чиишто мајки одбиле да прими вит к на породување каде настанало крварење во мозочето и децата им се останати сега инвалиди само вегетираат (може лошо с е изразив).Инаку не гледам поврзаност помеѓу Клексанот и Конакионот,клексанот ја разредува крвта кај мајката и мислите дека би му ја разредило крвта на бебето?Мислам не!А конакионот се прима за да не настане крварење при потешко породување и сл Хипервитаминоза нема.А несакни ефекти има од типот на повреден нерв или модрица на местото или хипербилирубинемија.Инаку анафил.шок се добива при интравенозно а не интрамускулно.Во Америка и Канада се прима исто интрамускулно.
|