|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Рак на дојката
5.5.2009 9:56:55   
Еца
Ракот на дојката е најчесто малигно заболување кај жената кој е во пораст, особено последниве две децении.Може да се јави во секоја животна возраст. Во својот почетен, ран стадиум е обично асимптоматски. Пациентката, обично при самопреглед, или случајно приметува безболна тврдина во пределот на дојката. Покасно симптомите и знаците на болеста зависат од локалниот раст на туморот, од неговото ширење во локалните структури и ткива, како и од локализацијата на дистантните метастази. Постојат одредени фактори на ризик кои ја зголемуваат можноста од појава на оваа болест кај некои жени.
зголемен ризик за настанување на рак на дојка има кај жени со:
  • доцна менопауза,
  • прв пород во доцни години од животот (староротки)-по 35 годишна возраст,
  • мал број породи,
  • жени кои не доеле или доеле кратко време,
  • жени кои не раѓале (неротки),
  • бенигни промени во дојката
  • позитивна фамилијарна историја (мајка, баба, сестра, тетка по мајка.)



_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Рак на дојката
8.5.2009 22:48:28   
fibimk
Se palsam od vakvi raboti.No za sreka ima lekari,taka sto sum olabavena.Redovno ima pregled na gradi bes pari,eho i mamografija,taka sto nema sto da se palsime.zalosno e sto samo mal broj zeni odat na besplatnive Pap i mamografija...Ednostavno nemame navika.
Jas minatiot mesec bev na eho na dojki,nemase potreba od mamografija....Zdravje do godina pak ke odam.I pap pravev skoro....

_____________________________

You have to have a darkness....for the down to come!!!!!!

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Рак на дојката
9.5.2009 0:26:48   
biljanaM
uf...tetka mi pocina pred 5 meseci od ovaa bolest....i jas od strav pravev tumor markeri...

koga ke go najdat lekot, ili moze nema....


user posted image



_____________________________

Ил смо само ту због рамнотежа меџу звездама.....

(Одговор на членот fibimk)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Рак на дојката
13.5.2009 20:48:58   
mina
Баба ми при самопреглед си го открила,сите правевме тумор маркети и јас и мајка ми и тетка ми со двете ќерки,и фала богу на сите бесе се во ред,но не знам дали во иднина ќе морам повторно да правам и колкави се шансите некоја од нас да добие рак на докјатаuser posted image Сепак сакам да ја поздравам Биба и нејзината организацијаuser posted image user posted image user posted image Секоја честuser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот biljanaM)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Рак на дојката
13.5.2009 21:57:09   
Еца
Само да се надоврзам за оние кои не се толку информирани,
Тумор маркерите се хемиски супстанции кои се наоѓаат во телото (ткивата и течностите) и се применуваат во третманот на пациенти кои имаат, се под сомнение дека имаат, или имале карцином. ТУ маркерите обично се составни делови на здравите клетки кои се произведуваат во поголема количина од страна на канцерските клетки, меѓутоа нормалните клетки можат исто така да ги произведат како одговор на малигнитетот.Двата основни критериуми за клиничка проценка на ТУ маркерот се специфичност и сензитивност
Сензитивност-способност на тестот коректно да ја идентификува болеста (мал процент лажно негативни резултати).
Специфичност-способност на тестот коректно да ги идентификува пациентите кои не се заболени (мал процент лажно позитивни резултати).
Факт е дека гените за повеќето ТУ маркери се присутни во сите клетки (
ИСКУСТВА СО ТУМОР МАРКЕРИ ВО ПЗО „ПРОФЕСОР ЏИДРОВ)
Се надевам дека сега барем малку разјаснивме некои работи


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mina)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Рак на дојката
20.5.2009 19:42:54   
Julie1
Незнам дали сте наишле на оваа информација на интернет:
10-годишното девојче Хана Пауел-Ауслам стана најмладата Американка со дојагноза рак на дојка. На несреќното девојче веќе и е отстранета левата града, а сега дознала дека ракот се проширил и на лимфните чворови и мора да го продолжи лекувањето.
 
Страшно нели..

_____________________________

And this is my beautiful life ...

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Рак на дојката
6.12.2009 9:47:50   
ripce
Маслиново масло против рак на дојка
Според истражувањето на шпанските научници, антиоксидансите полифеноли, кои се наоѓаат во ладно цеденото маслиново масло, го намалуваат дејството на генот HER2 кој влијае на развојот на рак на дојка.
Havier Menendez од каталонскиот онколошки институт и Antonio Segura Karetero од универзитетот во Гранада, испитувајќи кои супстанции се најефикасни во  борбата протв ракот на дојката, утврдија дека нерафинираното маслиново масло со добар квалитет содржи голем број на фитохемикалии кои ги уништуваат карценогените клетки.

Но сепак научниците истакнуваат дека резултатите од нивното "in vitro" истражување треба да се потврдат на луѓето. Доколу резултатите при идните истражувања бидат позитивни, полифенолите може да станат нов вид на лекови против карценогените болести.

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Рак на дојката
6.12.2009 10:03:42   
ripce
Печурките и зелениот чај спречуваат рак на дојка

Ризикот од појава на рак на дојка е многу понизок кај жените кои внесуваат поголема количина на печурки во исхраната и почесто пијат зелен чај, потврдија најновите истражувања на кинските научници.

Во спроведената студија учествувале 2.000 жени кои секојдневно конзумирале свежи или сушени печурки, а истражувањето покажало дека кај нив е намален ризикот од појава на рак. Истиот ризик е уште понизок кај оние жени кои пиеле зелен чај.

Инаку во Кина значително помал број на жени боледуваат од рак на дојка во однос на развиените земји. Доктор Min Zhang од универзитетот во Перт, Западна Австралија како главна причина за тоа ја наведува традиционалната кинеска исхрана.

Во истражувањето, спроведено во југоистична Кина, учествувале 1009 жени на возраст од 20 до 87 години, кои боледуваат од рак на дојка и исто толку здрави жени. Zhang после истражувањето заклучил дека кај жените кои јаделе десет грама  нешто повеќе свежи печурки дневно, ризикот од рак на дојка е намален за една третина, додека истиот ризик кај жените кои конзумирале четири грама или нешто повеќе сушени печурки дневно е двојно помал. Жените кои покрај тоа секојдневно пиеле и зелен чај го намалиле ризикот за дополнителни 11 до 18 проценти.

Инаку ракот на дојка е најчестиот тумор кај жените, кој настанува кога нормалните жлездени клетки во дојката ги менуваат своите својства и почнуваат неконтролирано да растат, размножувајќи се и уништувајќи го околното здраво ткиво.

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Рак на дојката
6.12.2009 10:04:47   
ripce
Екстракт од јаболко против рак на дојка

user posted image

Едно јаболко дневно може да им го спаси животот на жените оболени од рак на дојката, покажаа најновите истражувања на американските научници.

Најновата студија на американските научници докажа дека екстрактот од јаболко го намалува растот на аденокарциномот, најсмртоносниот рак на дојка.

Тестирањето е вршено на лабараториски глувчиња со аденокарцином кои се поделени во две групи. Во онаа група, кај која научниците не вбризгувале екстракт од јаболко, забележан е рапиден раст на туморот, додека кај 81% од групата која добивала екстрат од јаболко, растот на туморот комплетно застанал.

„Не забележавме изчезнување на туморот, но забележавме успорен раст и помала малигност во однос на оние кои не примаа терапија од екстракт од јаболко", вели Rui Hai Liu, еден од авторите на студијата објавена во научното списание „Journal of Agricultural and Food Chemistry".

Научниците оваа магична моќ на јаболкото ја препишуваат на флавонидите и фенолите со кои јаболкото е исклучително богато. Флавонидите и фенолите се силни антиоксиданси кои го спречуваат пропаѓањето на клетките, а освен во јаболкото се содржат и во портокалите, грозјето, бананите, јагодте и крушите.

Ракот на дојка е најчестиот и најсмртоносниот облик на рак кај жените. Секоја година од рак на дојка заболуваат околу милион жени, иако и мажите можат да заболат од ова лоша болест.

< Поракaта ја уредил ripce -- 6.12.2009 10:05:01 >

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Рак на дојката
6.12.2009 13:52:07   
Палешка РР
Мајка ми пие комбуха и змиско коренче (корен кој се пие исклучиво сушен-инаку е отровен!)
Еве седум години откако е оперирана и супер е да чукнам во дрво!
Пие и лекарства-нормално.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Рак на дојката
6.12.2009 14:14:52   
STRUMFETA
Tetka mu na mm, koja ziveese vo Germanija i tamu rabotese kako medicinsko lice, po dolgogodisna borba,ja izgubi borbata so rakot.Postojano velese deka e dobra, odese na ispituvanja, primase lekarstva, no bolesta ja pobedi.
Velese deka za raganjeto na sin mi sekako doaga.I dojde.Posledna zelba i bila da ja pogrebat vo rodnoti meseto.Den pred da se rodi sin mi.user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Рак на дојката
7.12.2009 9:51:12   
profesorica
тетка на мм исто така почина од рак на дојка-user posted image user posted image user posted image , ја оперираа но веќе беше проширено и на други места.user posted image


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот STRUMFETA)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Рак на дојката
7.12.2009 10:00:08   
mami
За среќа кај тетка ми го видоа порано, па ја оперираа и сега е колку може подобра, примаше и терапија и сега пие уште лекови. Но она што мене ме изиритира а и сите од фамилија е што нашите ценети доктори не воделе сметка за тоа дека таа е долгогодишен шеќераш и боледува од срце, и само и тупнале лекови. Кога почна да се жали на болки во срцето отидоа кај Жан Митрев и луѓе типот се запрепастил. Под итно и ја сменија цела терапија и сега е фала богу подобра..

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Рак на дојката
7.12.2009 10:03:15   
profesorica
Фактори на ризик за ракот на дојката, поврзани со половиот живот, се:
  • Рана менарха (прва менструација). Жените со менарха пред 12 годишна возраст имаат, речиси, двапати повисока инциденца на рак на дојката, отколку жени со менарха по 13 годишна возраст.

  • Артефициелна менопауза (хируршка или радијациска кастрација) пред 35 годишна возраст, го намалува ризикот за рак на дојката за една третина, во однос на жените со природна менопауза.

  • Репродуктивната историја е најчесто поврзана со времето на првата бременост. Сигнификантно се зголемува ризикот, со зголемување на возраста на првиот пород. Жени кои имале прв пород по 35 годишна возраст, имаат 40% поголем ризик да заболат од рак на дојка, во споредба со оние жени, чиј што прв пород бил пред 20 годишна возраст.

  • Жени кои никогаш не родиле, имаат 30% поголем ризик за рак на дојката, во споредба со жени кои имале една или повеќе бремености.

  • Ризикот се намалува со зголемување на бројот на родени деца.

  • Абортусите ( спонтани или намерни) пред првата бременост го зголемуваат ризикот за настанување на ракот на дојката.


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Рак на дојката
7.12.2009 21:20:49   
mami
само што ми кажаа дека една другарка се оперирала вчера од тумор на градата..случајно открила грутка при бањање и кога била на испитување и нашле дури три тумора..среќа биле бенигни, ги извадиле, утре ја пуштаат дома а парчињата уште еднаш на испитување

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Рак на дојката
7.12.2009 23:14:28   
alex_mo
   Навистина жално што се повеќе и повеќе млади луѓе добиваат тешки болести.Мајка ми стално вика “се што ќе дојде да помине“

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Рак на дојката
7.12.2009 23:32:16   
lidijas
Strasno e kolku e rasirena ovaa bolest no dobro e sto so navremeno otkrivanje mnogu uspesno se lekuva, so hemoterapija ili so zracenje, no najvazno e da se otkrie na vreme. Zatoa redovni pregledi na eho na dojka a po potreba i mamografija po sovet na lekar.

(Одговор на членот alex_mo)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Рак на дојката
4.1.2010 22:01:01   
Bogdancanka
Ракот на дојката може да се спречи

По безбројните истражувања на врската меѓу храната и ракот на дојката, се уште не може да се каже дека постои некој дефинитивен резултат.

Студиите од оваа година кажуваат дека сојата, минералот селен, растителните масти и влакна штитат од болеста. Постојат докази дека жените кои јадат многу домати во постменструалниот период се помалку изложени на опасноста зашто доматите содржат ликопен, кој ги разбива канцерогените клетки.
Сојата е богат извор на фитоестрогени (растителни хормони), кои можат да го блокираат ефектот на создавање канцерогени клетки што го имаат естрогените во женското тело.

Треба да јадете многу овошје и зеленчук, да водите сметка да внесувате здрави маснотии (како овошје со јатка и маслиново масло), нискокалорични млечни продукти и да избегнувате обработена храна.

Начинот на доење е многу важен

Доењето е добро и за мајката и за бебето. Доењето има заштитен ефект врз дојките. Без оглед на возраста на мајката, за една година доење ризикот од појава на рак се намалува за 4,3%. Тоа е така бидејќи честопати ја стопира овулацијата и ја намалува изложеноста на жената на ефектот на хормоните.

Идна алтернатива за оние што не дојат би било производство на лекови кои би го имале истиот ефект што го предизвикува доењето.

Изложување на сонце

Конечно добра вест за сонцето и ракот: УВБ-зраците го помагаат производството на витаминот Д, кој може да има улога во намалувањето на ризикот од појава на рак на дојката. Ова би било објаснување на фактот дека жените кои живеат во потоплите краеви на светот се помалку склони кон болеста.

Но мора да се напомене дека жените кои живеат во постудените краеви, доволно е краткотрајно да се изложат на сонце, односно околу 20 минути на ден, за да се постигне позитивниот ефект. Подолготрајното изложување на УВА-зраците може да го уништи витаминот Д, а да не го споменуваме ризикот од предвремено стареење на кожата и појавата на рак на кожата.

И аспиринот го намалува ризикот од појава на рак
Една голема студија спроведена во САД предизвика реакции на почетокот на годината кога беше објавено дека жените кои пијат аспирин двапати неделно, го намалуваат ризикот од појава на рак на дојката за 21% и повеќе. Се верува дека ублажувачите за болка го намалуваат воспалението, кое може да предизвика канцерогени промени, тие исто така ја попречуваат делбата на клетките и го отсекуваат снабдувањето со крв до канцерогените клетки.

Меѓутоа треба да се внимава со аспирините бидејќи може да дадат несакани дејства како проблеми со желудникот и внатрешно крвавење. Во Шкотска веќе се работи на производството на посебна верзија на аспиринот што нема да предизвикува крвавење.

Редовно вежбајте

Резултатите покажуваат дека редовното вежбање го намалува ризикот од појава на рак на дојката за повеќе од една третина. Една студија спроведена меѓу жените во Шангај покажала дека жените кои редовно вежбаат уште од адолесценција го намалуваат ризикот за 53%, а оние што почнале да вежбаат како повозрасни - за 31%.

Вежбањето го урамнотежува нивото на хормони и го зголемува имунитетот.

Заштитниот ефект се постигнува само со половина час вежбање пет пати во текот на неделата. Доволно е само да се забрза пулсот, така што доволно би било и брзото пешачење како активност.


_____________________________

Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........

(Одговор на членот lidijas)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Рак на дојката
15.1.2010 13:12:39   
BEBICA
Dr. Keshtgar: Фотодинамична терапија – нова надеж за пациентките со рак на дојка user posted image user posted image


Неинвазивниот третман за рак на дојка ќе биде презентиран на овогодишната научна изложба „Royal Society Summer Science Exhibition“ . Научниците, предводени од експертот за рак на дојка, Dr. Mo Keshtgar, први ја користат фотодинамична терапија за откривање и третман на најчестиот рак кај жената – ракот на дојката. user posted image Dr. Mo Keshtgar
Фотодинамична терапија (PDT) користи светло за да ги уништи канцерските клетки. Оваа терапија може да ја замени класичната операција кај ракот на дојката, па дури, во некои случаи, може да биде и алтернатива на радиотерапијата. Фотодинамичната терапија (PDT) се изведува така што прво се вбризгува лек на местото каде се наоѓа туморот. Лекот го прави подрачјето на туморот чувствително на светлина. Лекот се активира кога се усмерува светлосен зрак – црвен ласер во подрачјето каде е вбризган. Процесот го запира дотокот на кислород во клетките и тие умираат. Новата техника на отстранување на рак на дојката е голем напредок во медицината. Таа е добра основа за идни истражувања за откривање на нови неинвазивни техники на лекување на ракот на дојка. Првата фотодинамична терапија ќе биде изведена во Royal Free Hospital во Лондон. Dr. Keshtgar вели: „Основната карактеристика на фотодинамичната терапија е што таа ги напаѓа и уништува само канцерските клетки, додека околните здрави клетки остануваат неоштетени. Операцијата на ракот на дојката е трауматска и доведува до физички и емоционални лузни. Нашиот третман овозможува сочувување на дојката“. Фотодинамичната терапија веќе се користи во третманот на немаленомскиот рак на кожа, за третман на рак на уста и некои други видови на рак. Но, тимот на Dr. Keshtgar е прв кој ќе го примени овој третман кај ракот на дојката. Во тек се студии кои ја испитуваат можноста за примена на фотодинамичната терапија во третманот на ракот на простатата, ракот на жолчните патишта и ракот на панкреасот.

_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Рак на дојката
16.1.2010 0:02:19   
Anushka
Денес мојата пријатека ја закопавме. Починаод рак на дојка. Остави неутешна ќерка.
Од животот и смртта ја делеа некои гупави изговори од минатото:

- леле, сега немам време за по доктори
- ај, после одморов ќе одам
- их, кај сега баш мора
- не сум депилирана
- има многу ред, кој ќе чека
- многу е скапо приватно мамогтрафија да правиш
- ма ништо не ми е

Бетка моја, нека ти е Небото Божје топол дом
сеќавањата наши, огниште


(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Рак на дојката
16.1.2010 0:03:23   
pacuvce
R.I.P

_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Рак на дојката
16.1.2010 0:19:29   
Еца
Леле страшни податоци, ова ракот коси, искрено толку некогаш правиме непромислени чекори што ете може живот да не чинатuser posted image Анушке навистина ми е жал

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Рак на дојката
16.1.2010 0:23:40   
Anushka
да Еца,ај нас што не` чинат, ами децата наши?!
Девојки, за своите деца: ЧУВАЈТЕ СИ ГО ЗДРАВЈЕТО!

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Рак на дојката
16.1.2010 0:24:57   
Матеа
Едно појаснување: секој тумор не е рак! Има бенигни и малигни тумори. На дојката се среќаваат и двата. Некои се лечат, некои во понапредната фаза, не.
Еден совет што сум го сретнала многу пати: проверувајте си ги градите додека се туширате. Ако забележите некое грутче, јавете се кај вашиот доктор. Инаку, ракот на дојката најчесто(некаде 40%) се појавува во горниот надворешен квадрант на дојката (ако ја поделите дојката на 4 дела, тогаш тоа е оној дел најблиску до вашата пазува).
Според најнови испитувања, мамографијата без индикации не се препорачува да се прави, затоа што го зголемува ризикот од појава на тумори. Ова беше објавено пред некое време, мислам дека го имаше на А1, меѓутоа го прочитав во оригинал од списанието каде што беше објавено. Не можам во моментов да го најдам линкот, ако го најдам, ќе го објавам. Во ваков случај, ако има некаков сомнеж за некаква формација на дојката, подобро е да се направи едно ехо, и доколку тоа покаже дека има нешто, тогаш може да се прави мамографија.

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Рак на дојката
17.1.2010 9:44:55   
BEBICA
Калинките помагаат во заштитата од рак на дојка

Калинките и досега беа нарекувани суперхрана, но сега има уште една причина плус за да ги внесувате почесто во вашата секојдневна исхрана.
Тестовите во лабораторија открија дека супстанцијата наречена елагитанинис (ellagitannins) го блокира создавањето на естроген, кој може да го забрза растењето на ракови клетки.
Истражувањето е објавено од Американската асоцијација за истражувања на ракот.
Сепак, експертите сè уште не знаат колку од оваа супстанција е потребна за да има ефект врз човечкото тело и дали тоа количество може да биде внесено само преку исхраната.
Професорот Стонер, кој бил дел од истражувањето, препорачува луѓето да консумираат калинки почесто, како дел од превенцијата за рак на дојка.




_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

(Одговор на членот Матеа)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?