|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   За осум бебиња се тепаат 453 двојки
13.6.2010 23:46:14   
agnes77
Јас не могу веруват, да сви би сакали да посвоје малена беба, кад има толико многу деце без родителја.

ОГРОМЕН ИНТЕРЕС И ПРЕБИРЛИВОСТ ПРИ ПОСВОЈУВАЊЕТО
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabid=1&EditionID=2039&ArticleID=142265

За осум бебиња се тепаат 453 двојки
Валентина Стојанчевска

Дури 453 двојки сакаат да посвојат дете, но сите се заинтересирани за посвојување на осум бебиња, кои се целосно здрави. На посвојување во домовите за деца без родители чекаат уште шеесетина деца, кои се болни или повозрасни, но нив никој не сака да ги посвои, информираат од Министерството за труд и за социјална политика. Досегашната практика покажала дека потенцијалните родители најмногу сакаат да посвојат бебиња бидејќи се плашат дека со поголемо дете тешко ќе воспостават врска или, пак, сакаат посвојувањето да го држат во тајност. Меѓутоа, поради неколкугодишната процедура за посвојување, која може да трае и до десет години, како и поради тоа што дел од родителите што ги оставиле децата во домовите не се откажуваат веднаш од родителското право, децата растат, а потоа никој да не сака да ги посвои. Надлежните објаснуваат дека во домовите за деца без родители има згрижено неколку стотина деца, меѓутоа нивните родители не се откажале од родителското право, поради што децата не можат да се дадат на посвојување. Поради ова со последните измени на Законот за семејство државата доби право да го даде детето на посвојување ако во рок од една година родителите не се јават трипати на повикот од социјалните работници. - Се случува одредени родители, кои со години ги оставаат децата во дом, да не се откажат од родителското право. Потоа децата растат и многу е помал бројот на лица што сакаат да ги посвојат. Затоа во измените предвидовме одземање на родителското право доколку во рок од една година родителот не одговори по три повици - истакна Џељаљ Бајрами, министерот за труд и за социјална политика, при објаснувањето на измените. За забрзување на процедурата за посвојување, како и за оневозможување на корупцијата, Министерството за труд и за социјална политика веќе една година најавува и нов компјутерски начин на избор на посвоители, но никако да почне да функционира. - Новиот начин на избор на посвоителите се уште не функционира, но за повеќе информации обратете се во Министерството за труд и за социјална политика - кратко ни одговори Крсте Маљаноски, директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Скопје. Според се уште нереализираната идеја на Министерството, која беше најавувана и во 2007 година, компјутерот ќе биде тој што, според дадените критериуми, ќе укаже на најсоодветните пет брачни двојки за одредено дете што треба да се посвои. - За едно дете системот од регистерот на посвоители ќе избере пет потенцијални посвоители со соодветни карактеристики. Посвоителите под шифра, без да се знае нивното име, ќе стасуваат до комисијата во Министерството за труд и за социјална политика, која ќе донесува одлука за изборот на посвоители - велат од службата за информирање на Министерството. Оттаму, исто така, објаснуваат дека Комисијата што ќе ги избира родителите има 15 членови. Од тие 15 членови на денот на седницата, кога треба да се решава за посвојување, компјутерскиот систем ќе избира кои пет членови ќе решаваат на седницата. Тоа значи дека ниту еден член нема да знае однапред дали ќе присуствува на дадената седница.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: За осум бебиња се тепаат 453 двојки
14.6.2010 0:34:31   
Палешка РР
Претпоставувам дека ќе биде како на лицитација...кој најмногу ќе плати, тој ќе ги земе user posted image
И ова било држава user posted image


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот agnes77)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: За осум бебиња се тепаат 453 двојки
14.6.2010 9:36:28   
amelbebe
nemam komentar,a polni ni se domovite so decauser posted image

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: За осум бебиња се тепаат 453 двојки
14.6.2010 9:38:19   
niki
Полни домови со деца без родители и само 8 се за посвојување, пази молим те да не поверувам!
И другите сите биле болни, ма дај, чисто мачкање очи!
Па тек дека сите сакале бебе! аха сигурно!
Супер приказна да се намамат оние кои се финансиски моќни да платат за дете и што е најстрашно ќе се најдат и такви кои ќе ги дадат парите....
Жално!


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: За осум бебиња се тепаат 453 двојки
14.6.2010 13:23:21   
agnes77

ИЗВОРНА ПОРАКА: niki


Супер приказна да се намамат оние кои се финансиски моќни да платат за дете и што е најстрашно ќе се најдат и такви кои ќе ги дадат парите....
Жално!



Da i jas mislim, da je to razlog zašto je tako napisano. Ni šanse, da bi baš vsi željeli bebe, jer i mi smo upisani u registar i jasno u našim dokumentima stoji da želimo dete do 3 godine uzrasta bilo koje nacionalnosti.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: За осум бебиња се тепаат 453 двојки
8.8.2011 13:44:30   
Mihaela 2010
Колешка моја чека да посвои веќе една година.Вика кога видела на списокот дека чекаат и по 10 години изгубила надеж.Зошто толку многу чекање??Наместо да ги задомат децава,кога веќе има толку семејства што сакаат да посвојат,тие наместо тоа бараат ко даје више.Пари бараат,многу им е гајле за децата.
И прошлата недела нејзина пријателка која е неколку години постара од колешка ми и се јавува на мобилен и вика:ИМАМ КЕРКА..
И доделиле керкичка од неполни 2 години.
Многу се израдував зошто и се врати надежтта на колешка ми.

(Одговор на членот agnes77)
Непосредна врска до пораките: 6
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?