|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Гинисови рекорди
9.2.2010 17:25:54   
jovanka
Најголемиот "чудо од базен" е сместен во Чиле. Овој базен има и свое место во Гинисовата книга на рекорди. Гигантската лагуна се наоѓа на јужната...



...страна на Чиле во Алгаробу.

Долг е повеќе од 1 километар, покрива 20 хектари и содржи 250.000 метри кубни вода. Базенот се градел 5 години, а цената му била околу 1 милијарда евра, додека одржувањето е уште поскапо.

Еден од најголемите плусеви е што водата е секогаш бескрајно чиста и атрактивна за бројните посетители. Можете и да пловите со мали бродчиња



< Поракaта ја уредил mother 29 -- 9.2.2010 21:48:07 >


_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: GINISOVI REKORDI
9.2.2010 17:42:16   
jovanka
Свирел на пијано 4 дена
Полскиот пијанист Romuald Koperski го соборил светскиот рекорд приредувајќи концерт кој траел 103 часа и 8 секунди во трговски центар во Гдањск.




“Нема ништо полошо, нема поголемо маење од недоволно соништа“, рекол Коперски за полска новинска агенција по завршувањето на маратонскиот концерт.

Пијанистот смеел да направи 5 минути пауза по секоја час свирење во склоп на правилата на Гинисовата книга на рекорди.

Тој завршил со свирење во недела навеер и сега ја склопува документацијата за да ја прати до службениците на Гинис, во Лондон.

Претходниот рекорд го држи Унгарецот Charles Brunner со 101 час и 7 минути непрекинато свирење



_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: GINISOVI REKORDI
9.2.2010 17:46:17   
jovanka
Гинисовите Светски Рекорди, од 2000 година познати под името „Гинисовата Книга на Рекорди“ (и претходно во изданијата во САД како Гинисовата Книга на Светски Рекорди) е референцијална книга која се објавува секоја година, и ги содржи интернационално познатите колекции на светски рекорди во кои се вклучуваат сите човечки достигнувања, како и екстремите на живиот свет. Книгата самата по себе држи светски рекорд, како најпродаваната книга со авторско право на сите времиња.[1]

Содржина [сокриј]
1 Историја
2 Еволуција
3 Референци
4 Надворешни врски

[уреди] Историја
На 4 мај, 1951 година, Сер Хју Бивер, тогашен генерален директор на Гинисовата Пиварница, отишол на лов во Северен Слоб, до реката Слени во селото Вексфорд, Ирска. Тој бил вклучен во дебатата за тоа која била најбрзата птица во Европа, дали златната барска птица или пак тетребот. Тоа пладне во Кеслбриџ Хаус тој сфатил дека било невозможно да се потврди од прирачниците дали златната барска птица е најбрзата птица во Европа. Бивер помислил дека сигурно мора да има голем број на други прашања кои биле дебатирани насекаде низ крчмите (пабовите) во Британија и Ирска. Тој исто така заклучил дека за жал сѐ уште не постоела книга во која сите тие прашања би можеле да го добијат својот одговор. Најпосле, му паднало на памет дека книга во која би имало голем број на одговори на било какви прашања би можела да биде доста популарна.

Идејата на Бивер се остварила кога Кристофер Чатавеј, работник во Гинисовата компанија, му ги препорачал студентите - близнаци, Норис и Рос МекВиртер, кои направиле агенција која „ловела“ факти во главниот град на Британија, Лондон. Браќата биле овластени да направат компилација на факти, со што подоцна ја составиле Гинисовата Книга на Рекорди во август, 1954 година. Биле испечатени и продадени илјада копии.[2]

По основањето на Гинисовата Книга на Рекорди, првото издание со 197 страници било издадено на 27 август, 1955, набрзо станувајќи најпродаваниот бестселер во Британија до Божиќ. „Не очекувавме дека оваа книга ќе стане творец на пари,“ изјавил Бивер. Следната година книгата за првпат била издадена и во Соединетите Американски Држави каде што биле продадени околу 70.000 копии. Откако книгата станала изненадувачки хит, многу од следните изданија биле испринтани, најпосле исплатувајќи ги примероците еднаш в година, кои секогаш биле издавани во октомври за да коинцидираат со Божиќните распродажби. МекВиртери продолжиле да ја издаваат книгата и другите поврзани книги со истата, па оваа традиција трае и ден денеска. И двајцата браќа имале енциклопедиска меморија - на ТВ емисијата „Рекордери“, која била базирана на самата книга, тие често пати знаеле да одговорат на прашањата поставени од било кој од публиката, при што одговорите кои ги давале - најчесто биле точни! Рос МекВиртер била убиена од заседа од страна на Привремената Ирска Републиканска Армија во 1975 година. По нејзината смрт, шоуто било преименувано во „Норис на место“.

Гинисовата Книга на Светски Рекорди Друштвото со ограничена одговорност било формирано во 1954 година за да се публикува првата книга. Групата била поседувана од Пиварницата Гинис, а подоцна од Диагео до 2001 година, кога била купена од страна на Gullane Entertainment. Компанијата Гуланe пак била купена од страна на HiT Entertainment во 2002 година, а во 2006 година, Апакс Партнерите ја купиле ХиТ, кои пак подоцна ја продале Гинисовата Книга на Рекорди во почетокот на 2008 година на Џим Патисон Групацијата, компанија која е поседувана од Ripley (Рипли) Entertainment, Inc…

[уреди] Еволуција

Некои светски рекорди се почудни од некои други: Суреш Јоаким, на неколку минути од кршењето на рекордот за пеглање алишта од 55 часа и 5 минути.Новите едиции се фокусирани на рекордите кои се поставени од човечките натпреварувачи. Натпреварувањата одат од крајност во крајност, како на пример: има некои кои вклучуваат кревачи на товар, има некои кои ги вклучуваат најдолгите фрлачи на јајца, во други пак се наоѓаат луѓето кои најмногу потрошиле време на играње на Grand Theft Auto IV и така натаму.

Покрај овој вид на рекорди, во книгата можат да се најдат и рекорди кои го вклучуваат најтешкиот вид на тумор, најотровното растение, најкратката река (Роу реката), најмногу изведуваната драма („Водејќи го светлото“), светскиот најдобар продавач (Џоу Џирард), најуспешната реална телевизиско музичка група (Girls Aloud) и единствените брат и сестра кои успеале да имаат број еден песни како соло во историјата на топ 40 листата на песни во Велика Британија (Даниел и Наташа Бедингфилд). Многу од рекордите се фокусирани и на младите личности кои успеале да направат нешто, како што е примерот со најмладиот човек кој ги посетил сите нации во светот – Маурицио Гилиано.[3]

Сите изданија содржеле селекција од голем број на рекорди во Гинисовата база на податоци и критериумот за нив не е променет со години. Сите најнови рекорди се додаваат, но и рекордите кои не се нови остануваат исто така. Истерувањето на Норис МекВиртер од неговата консултирачка улога во 1995 година, како и подоцнежната одлука од Диагео компанијата да го продаде брендот на Гинисовата Книга на Светски Рекорди ја претвориле книгата од текстуално ориентирана референцијална книга во илустриран продукт. Оваа промена значела дека поголемиот број на светски рекорди не биле веднаш поставувани во книгата (или на вебсајтот) туку чекале да добијат потврда дека успеале да го „скршат“ рекордот.

Критичарите (вклучувајќи го и МекВиртер) укажувале дека по отпуштањето на Норис МекВиртер, книгата станала склона кон создавање на категории на рекорди само колку за да се спомнат што повеќе ѕвезди со цел книгата да биде попродавана. Еден злогласен пример за ова е настанувањето на „Најпознатата Виртуелна Група“ категоријата во 2001 година, во која секако победила групата Горилаз, од едноставна причина што тие биле единствената виртуелна група (заедно со „Алвин и Вервериците“) која постоела. Токму поради ова, овој „рекорд“ многу од критичарите воопшто не го ни сметаат за валиден.

Гинисовата Книга на Рекорди е светски најкупуваната книга со авторско право, со што на тој начин таа самата се награди себеси. Голем број на спин-оф (со иста/слична тематика) книги и телевизиски серии биле направени. Во секој случај акцентот на овие шоуа бил ставен повеќе на спектакуларните, забавните акробации, отколку на било каква аспирација за информирање или подучување. Во Гинисовата Книга на Рекорди не може да се сретне категоријата „Човек со најмногу рекорди“, бидејќи ова се менува премногу, а рекордите кои еднаш постојат не смеат да се избришат, па токму поради тоа оваа категорија не би била ферска. Во 2005, Гинис го одредил 9 ноември, како Интернационален ден на светските рекорди со цел да се охрабри поставувањето на светските рекорди; нешто кое било опишано како „феноменално успешен“ проект. Верзијата која била издадена во 2006 година претставувала „најголем светски интернационален настан за таа година“, кој привлекол околу 100.000 луѓе кои учевствувале во над 10 држави. Промоцијата на Гинис му донела цели 2.244 нови валидни рекорди во наредните 12 месеци, што било за 173% повеќе во споредба со минатата година.[4] Во февруари, 2008 година, телевизиската мрежа NBC ја прикажала листата на топ 100 Гинисови Светски Рекорди на сите времиња, листата која може да се пронајде на официјалниот сајт на Гинисовите Светски Рекорди.[5]


_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: GINISOVI REKORDI
9.2.2010 17:50:59   
jovanka
-Најмладиот брачен пар
Во 1986 година единаесетмесечно машко бебе се оженило за тримесечно женско бебе во Аминпур,во близина на Пабна Бангладеш. Бракот бил склучен за да се стави крај на дваесетгодишната караница за фарма меѓу семејствата на децата.



_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 4
   Гинисови рекорди
9.2.2010 17:51:55   
jovanka
-Најмлад лекар
Баламурали Амбати од Холис Хилс,Њујорк,САД,станал најмладиот лекар на светот на 19.05.1995 година кога дипломирал на 17 години на медицинското училиште Маунт Синај во Њујорк Сад.

-Најмлади дипломци
Мајкл Кирни почнал да студира на колеџот Санта Роса јуниор Калифорнија,Сад,за научен соработник во септември 1990 година кога имал само 6 години и 7 месеци. Станал најмладиот дипломец на светот во јуни 1994 година кога дипломирал антропологија на универзитетот на Јужна Алабама,Сад,на возраст од 10 години и 4 месеци. Татхагат Аватар Тупси од Њу Делхи,добила магистерска диплома по физика на Универзитетот во Патна,Индија,на возраст од 12 години и 2 месеци,на 28.11.1999 година.

-Најмлад судија
Џон Пејтон имал 18 години и 11 месеци кога ја презел службата на судија за прекршоци од Плано,Тексас,САД,во јануари 1991 година.


< Поракaта ја уредил mother 29 -- 9.2.2010 21:47:16 >


_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 5
   Гинисови рекорди
9.2.2010 17:53:52   
jovanka
Во Гинисовата книга на рекорди се влезени едно бебе што се родило во Италија во 1955 година и тежело 10,2 килограми, и бебе што се родило во САД во 1879 година кое тежело 10,8 килограми, но умрело 11 часа по раѓањето.

< Поракaта ја уредил mother 29 -- 9.2.2010 21:46:55 >


_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 6
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Пелени.
пеперутка16

Кога почнавте да го одвикнувате вашето бебе?