Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Сега веќе ги одбројувате последните часови? Веќе од се ви е доста? Ве интересира какво бебе ќе добиете.
Многу трудници пред крај на бременоста во нозете и вагината повремено чувствуваат како да им поминува блага струја или ги пече по должина на нозете. Тоа не е ништо опасно, плодот притиска одредени нерви.
Сега веќе можат да се појават и лажни контракции кои можат да бидат многу силни. Главната разлика меѓу вистинските и лажните контракции е во нивните интервали. Вистинските следуваат една по друга во редовни интервали, а лажните не. Другата разлика е во местото на контракциите. Вистинките контракции секогаш почнуваат на врвот на матката, а потоа се шират низ целата матка, додека лажните можете да ги почувствувате на различни делови: грбот, крстот, карлицата. Вистинските ќе ги препознаете и по тоа што тие стануваат се појаки и подолги. Контракцијата треба да трае барем 50 секунди, за да може да се дефинира како вистинска.
Повеќето мајки се одлучуваат да го дојат своето новороденче, а само мал дел носат одлука да го хранат со шишенце. За да ве наведеме да размислите убаво пред да донесете одлука, ќе ви го кажеме само следното: доењето е природен начин на хранење на новороденчето.
Доењето е наједноставен и најздрав начин на хранење на бебето, иако првите денови нема да се сложите со теоријата дека тоа е едноставна работа. Како и секоја друга нова работа и за доењето ви се потребни вежби и вам и на бебето. Голем број од новите мајки на почетокот ги болат брадавиците, на некои дури и пукаат, затоа не чекајте да се појават болки, туку веднаш мачкајте ги со Бепантен крем, односно слични креми кои се дел од опремата за во породилиште.
Плод во 38. недела
Тато во 38. недела
Слични артикли:
Велигденски базар
Храна за зголемување на плодноста
Прашања и одговори за Ланолинот
Претходна недела: 37. недела
Следна недела: 39. недела
Што ми треба за новороденче?
Исхрана за трудници
Во очекување на детето
Бременост и породување
Двојки, тројки, четворки
Породилиште
Спонтан абортус
Вежбање
Форуми за бременост
забава Бремените
Автор: bobik
Јога и медитација - подготовка за бременост
Планирањето на бременост покрај другото, започнува и со подготовката н...
Првиот чекор кон здрава и подготвена бременост
Планирањето бременост е возбудлив период исполнет со надеж, желби и бе...
Денот што ја отвора вратата кон бременоста
Овулацијата е еден од најважните, но и најмалку разбрани процеси во же...
Исхрана за хормонална рамнотежа
Хормоните се невидливи диригенти на нашето тело. Тие го регулираат спи...
Плодност и планирање на бременост
Планирањето на бременоста е еден од најзначајните чекори во животот на...