Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Фазата на брзо добивање на тежината продолжува. Во овој период ноктите се скоро до крај развиени, а нежните влакненца кои го прекриваат целото тело се темни. Кожата која сеуште е скоро провидна станува розе, односно добива црвена боја. Плодот изгледа прилично збрчкан, како старец, бидејќи под кожата сеуште не е складирано доволно количество на маснотии кои треба да го потполнат тој простор.
Нервите се повеќе се поврзани па и движењата на плодот се покоординирани и комплексни. Сега веќе редовно ги чувствувате неговите движења, клоцање, боксерски удирања, поместување на газето ваму - таму. Стомакот понекогаш ќе се изобличи, а често приметувате дека сосема се поместува на една или друга страна.
Детето веќе е тешко околу 500 грама.
И уште ова: плодот сега реагира на музика, затоа можете да проверите делуваат ли заспивните песни само на вас или и на плодот.
ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ?
Новороденче кое ќе се роди во оваа недела веќе има шанси да преживее, но за жал не преголеми, бидејќи белите дробови не се доволно развиени. Веројатноста за преживување многу зависи и од моменталната тежина на плодот. Колку е тежината поголема, поголеми се и шансите плодот да преживее. Секако дека зборуваме за преживување во посебни услови и со интензивна здравствена нега. Новороденчето кое ќе се роди толку рано го чека долго седење во инкубатор, најчесто се до предвидениот датум за породување. На нашиот плод сеуште никаде не му се брза, бидејќи планираме во безбедниот стомак да го носиме и наредните 16 недели (може некој ден помалку или повеќе).
Мама во 23. недела
Тато во 23. недела
Слични артикли:
Претходна недела: 22. недела
Следна недела: 24. недела
Што ми треба за новороденче?
Исхрана за трудници
Во очекување на детето
Бременост и породување
Двојки, тројки, четворки
Породилиште
Спонтан абортус
Вежбање
Форуми за бременост
забава Бремените
Автор: bobik
Прва помош при полесни повреди на игралиште
Модринки, отоци, мали гребнатинки, мали исекотини......
Кога секојдневието мириса на љубов
Денес ќе зборуваме за едно чувство што сите го разбираме, но тешко го ...
Како начинот на раѓање влијае на имунитетот на бебето?
Современата медицина направи огромен напредок со царскиот рез кој дене...
Мирни утрa, среќни денови - навикнување на градинка
Поаѓањето во градинка е еден од најголемите чекори во животот на детет...
Како да создадете омилен агол за спиење?
Преминот од бебешко креветче во вистински детски кревет е еден од најз...