Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Ова е период кога расположението достигнува кулминација. Може сте приметиле дека вашата сексуална желба е на високо ниво, а тоа го радува и идниот татко. Само опуштете се! Никогаш не сте помислиле дека стомачето може да биде толку еротично. За интензивните оргазми виновно е зголеменото количество на крв во телото. Со оглед дека сте бремени, ова е период за многу парови кога за прв пат се вистински спонтани и опуштени. Некое време сте се пазеле да не забремените, а потоа се јавила желбата што побрзо да забремените. Сега е доволно само да уживате! Но, да се вратиме на вашите телесни промени. Матката сега е 2,5 см над папокот. Во овој период брзо добивате на тежина, бидејќи плодот е во фаза на брзо добивање во својата тежина.
Уште еден совет: облечете удобни чевли со ниска пета. Чевлите без пета, како и оние на висока потпетица предизвикуваат болка во грбот. Доколку можете одбегнувајте долготрајно седење и стоење. Во текот на работното време повеќе пати протегнете се и ако можете малку прошетајте. И не заборавајте дека седењето со вкрстени нозе е забрането. Во таа положба се запира крвта што предизвикува отоци.
А тоа сега никако не го сакаме. Тешка компликација може да биде и тромбозата која во бременоста дури 1000 пати е почеста, отколку кај здрави, млади жени кои не се бремени.
Периодот меѓу 22. и 24. недела од бременоста е најприкладен за вагинален ултразвучен преглед со кој гинекологот ја мери должината на вратот на матката. На тој начин се проценува ризикот од предвремено породување приближно 10 недели порано. Ако вратот на матката е пократок од 15 мм, односно 20 мм кај близнаци, гинеколозите ја зголемуваат контролата на бременоста, а трудницата ја советуваат како да се однесува во иднина. Потребно е многу трпение и упорност.
Плод во 22. недела
Тато во 22. недела
Слични артикли:
Претходна недела: 21. недела
Следна недела: 23. недела
Што ми треба за новороденче?
Исхрана за трудници
Во очекување на детето
Бременост и породување
Двојки, тројки, четворки
Породилиште
Спонтан абортус
Вежбање
Форуми за бременост
забава Бремените
Автор: bobik
Иако звучи целосно неверојатно, но човечкото тело може да биде алергич...
Од првата кашичка до денешниот апетит
Нашиот однос кон храната не се формира случајно. Tој е длабоко поврзан...
Сите го правиме. Понекогаш неволно, понекогаш заразно, а понекогаш дур...
Да станеш мајка е едно од најдлабоките и најмоќните искуства што може ...
Куклите во животот и растењето на девојчињата
Куклата е едноставна, тивка и често потценета играчка која останува ва...
Млеко.
Admin
По една година, кое млеко е поздраво да му се дава на дете: