Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
И еве не во втората половина на бременоста, а вие никако не можете да поверувате колку брзо поминаа првите 20 недели, зарем не? Матката сега веќе е еден сантиметар над папокот и уште ќе расте.
Ја контролирате ли тежината? Просечна трудница до сега би требало да се здебели од 4 до 7 кг. Но, како што веќе кажавме поважна од тежината е здравата и разновидна исхрана. При тоа не заборавајте да земате доволна количина на калциум кој се грижи за изградба на цврсти коски. Во случај на недостаток од калциум телото може да реагира со грчеви. Тие најчесто се јавуваат ноќе кога одмарате. Ако ве фати грч, напијте се чаша млеко или јогурт. Додаток на калциум ќе помогне грчот што побрзо да се изгуби, а не е на одмет и шумлива таблета на магнезиум. Внимавајте и на доволно внесување на течности. Сеуште најдобро е да пиете обична вода. Секако количината рамномерно распоредете ја во текот на денот.
Најубавиот период од бременоста сеуште трае, имате вишок на енергија, одењето во тоалет сеуште не е толку често, стомакот е со одлична големина, накратко, животот не може да биде поубав!
Сепак, понекогаш може да ви потечат зглобовите или да ве заболи грбот, најчесто при крај на напорен ден. Ништо страшно, доволно одмор и течности ќе ги намали болките.
Повеќето идни мамички чие лице уште пред неколку недели имаше бубуљици, сега веќе има мазна, сјајна кожа. Што би рекле некои, како детско газе. Со кожата на лицето се поправа и квалитетот на косата. Што рековме пред малку? Ова е најубавиот период од бременоста.
Плод во 21. недела
Тато во 21. недела
Слични артикли:
Претходна недела: 20. недела
Следна недела: 22. недела
Што ми треба за новороденче?
Исхрана за трудници
Во очекување на детето
Бременост и породување
Двојки, тројки, четворки
Породилиште
Спонтан абортус
Вежбање
Форуми за бременост
забава Бремените
Автор: bobik
Дали постојат препарати кои можат да го ублажат ПМС-от?
Предменструалниот синдром (ПМС) опфаќа низа физички, емоционални и пси...
Хормонски предизвикана неплодност
Хормоните играат клучна улога во функционирањето на репродуктивниот си...
Како да бидете тим, а не двајца ривали во врската?
Секоја врска има свои предизвици, несогласувања и моменти на напнатост...
Планирате бременост? Внимавајте што пиете
Доколку планирате бременост, здравите животни навики можат позитивно д...
Првите 6 месеци, време за поврзување и откривање
Првите шест месеци од животот се период на брз раст и развој. ...