Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Пред десет години мојата жена и јас го посетивме Алмати (Казастан) за да го посвоиме нашиот син (нашето четврто дете). Во Казахстан постојат традиционални сиропиталишта. Замислете ги сите оние слики од филмовите за сиропатилиштата, но со уште помизерни услови. Ова сиропатилиште кое го посетивме е стара советска градба.
Неколку недели пред самото посвојување го посетувавме нашиот иден тогаш 16-месечен син секојдневно на еден час и половина, односно ни го носеа. Секогаш беше во други пелени, онакви какви што можеле да најдат. Повеќе пати беше и во розови хулахопки со цвеќиња.
Вработените во сиропатилиштето искрено се грижеа за него. Сепак на 30 мали деца доаѓаше само по еден вработен, а некогаш тој сооднос беше и полош, едноставно беа преплавени. Еден ден не беше достапен ниту еден вработен. За да го вратиме нашиот иден син, одлучивме сами да одиме до местото каде децата го поминуваа најголем дел од денот.
Внимателно влеговме во просторијата полна со креветчиња. Имаше околу 20 креветчиња и во секое имаше дете на возраст од неколку месеци до една или две години.
Двајцата стоевме и гледавме. Забележавме дека тука нешто не е во ред. Просторијата беше неверојатно мирна и тивка.
Тишина.
Проверивме дали сите деца спијат. Само неколку од нив. Некои беа станати, но голем број лежеа на грб. Од претходните посети знаевме дека нашето бебе секогаш е гладно. Тие немаа доволно за сите. Нашиот син на 16 месеци тежеше само околу седум килограми.
Просторија со 20 мали гладни деца би требало да биде какофонична од плачење. Дури и да не се гладни, би плачење заради тоа што им треба менување на пелени или внимание. Некои можеби би сакале да ги кренат во раце.
Овие деца понекогаш плачеле. Инстиктивно. Децата плачат за да им „кажат“ на возрасните дека имаат некој проблем.
Сепак ако детето плаче и плаче повторно и неговите потреби не се задоволени, ако никој не доаѓа, тоа набрзо разбира дека плачењето е бесмислено. Значи, тоа беше просторија со 20 бебиња кои биле тотало „изгаснати“. Во тој момент некој да ме прашаше ќе речев дека ќе ги посвојам сите.
Плачењето е звук на животот. Детето вели: „Јас верувам дека некој моите потреби ќе ги задоволи. Дека некој ме сака. Дека некој ќе дојде“.
Тоа е убав звук.
Првпат кога нашиот син плачеше знаевме дека нешто се менува кај него. Тој разбра дека ние реагираме на неговото плачење.
Следниот пат кога ќе се најдете во ситуација кога детето плаче и каде неговото плачење не би требало да се слушне, како црква, ресторан, театар, потсетете се дека тоа е најчистиот повик за љубов. Не го игнорирајте овој звук и радувајте се дека на плачењето кое го слушате, ќе биде одговорено“.
17
5
5
4
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Храна што е забранета во бременоста и зошто
Бременоста е период кога исхраната има големо влијание врз здравјето н...
Менување пелени, што да користите и што да избегнувате?
Менувањето пелени е една од најчестите и најважни рутини во грижата за...
Што е сурогат мајка и како функционира процесот?
Сурогат мајка е жена која ја носи бременоста и го раѓа бебето за друго...
Природно, со епидурал или царски рез. Што е разликата?
Породувањето е еден од најважните моменти во животот на една жена. ...
За многу жени, менструалниот циклус не носи само грчеви и промени во р...
Дали вашите момчиња си ги допираат?
пеперутка16
Моето три и полгодишно дете постојано си го допира пенисот и не престанува. Пробав разни начини да го спречам, но не функционира. Не боли, не чеша, добро е. Хигиената е на ниво. Би сакала некој да ми пише како ја решил. Ви благодарам.