Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Бременоста не е единствената причина за доцнење на менструалното крварење. Многу фактори влијаат на циклусот и можат да ја поместат менструацијата која е клучна за репродуктивното женско здравје. Еве што може да доведе до одложување на менструалниот период:
Стрес. Стресот влијае на нормалното ниво на хормони во организмот и може да ја одложи овулацијата, а оттаму и менструацијата. Големите промени во начинот на живот и стресните настани (преселување, развод, проблеми на работното место и смрт или болест во семејството) го зголемуваат нивото на кортизол, стрес хормон во телото, којшто влијае врз секрецијата на хормоните естроген и прогестерон. Промената во нивоата на хормоните може да ја одложи менструацијата.
Драстични промени во телесната тежина. Ако во последно време сте вовеле строги рестрикции во исхраната и брзо сте ја намалиле тежината, или пак, прекумерно сте јаделе и брзо сте качиле вишок килограми, можно е да се соочите со нередовна менструација. Брзите и значителни промени во телесната тежина може да предизвикаат хормонален дисбаланс во организмот и да влијаат врз редовноста на менструалните периоди. Шансите за доцнење на менструацијата се зголемуваат и ако имате екстремно ниска или прекумерна телесна тежина.
Нарушувања во исхраната. Одредени состојби поврзани со нарушувања во исхраната, како булимија или анорексија, сериозно влијаат на редовноста на менструалните периоди.
Премногу напорно вежбање. Вежбањето носи купишта здравствени придобивки, но ако сте жена, умереноста е исклучително важна. Физичкиот стрес предизвикан од напорното и интензивно вежбање често предизвикува нарушување на балансот на хормони. Нередовните менструации се многу честа појава кај спортистките.
Перименопауза и менопауза. Промените во редовноста на менструацијата често се знак дека наближува менопаузата. Преодот кон менопаузата, кој се нарекува перименопауза, се карактеризира со непредвидливи менструални циклуси. Менопаузата настапува откако ќе поминат 12 месеца од последната менструација.
Проблеми со тироидната жлезда.
Болест, операција и примање на лекови или контрацептивни таблети. Некои лекови и таблетите за контрацепција предизвикуваат одложување на менструацијата или пак промени во времетраењето на крварењето. Во поретки случаи може да дојде до целосно прекинување на циклусите. Исто така, за нередовна менструација може да придонесе и појавата на посериозна болест, хронично заболување или одредена хируршка интервенција.
4
3
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Практични совети за полесни денови со новороденче
Доаѓањето на новороденче во домот носи огромна радост, но и многу нови...
Исхрана за повеќе млеко, рецепти за доилки
Создавањето на мајчино млеко зависи од повеќе фактори како честотата н...
Листа на испитувања за годишен гинеколошки преглед
Редовните гинеколошки прегледи се клучни за рано откривање на промени ...
Протеински појадоци за трудници со утрински мачнини
Утринските мачнини се чест дел од бременоста, особено во првото тромес...
Како да се справите со постпородилниот замор?
Постпородилниот период е исполнет со радост, но и со големи физички и ...
Дете.
пеперутка16
Дали некогаш ви се случило возрасен, близок или не, да го удри вашето дете во ваше присуство и како реагиравте?