Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Едно британско истражување потврдило дека паровите имале 104 пати секс, во просек, пред да направат бебе: значи 4 пати неделно, во тек на шест месеци.
Не е никакво чудо што сексот при правење бебе изгледа како многу напорна работа. Еве што го отежнува дополнително.
Се придржувате на распоредот
Сексот е забавен, меѓу останатото, затоа што започнува спонтано. Но кога се обидувате да забремените, слепо се држите до распоредот и до предвидување на овулацијата.
Барате секс
На многу мажи им звучи како сладок сон непрестајната желба за секс на сопругата. Но по извесно време и тоа ќе им здосади, посебно ако изостанува предиграта и секој вид на емотивна поврзаност. Често се случува да се почувствува како сексуален објект бидејќи се' што сакате од него се сперматозоиди. На жените не им е ништо полесно – одвај чекаат партнерот да ејакулира, па да завршат со таа работа.
Двајцата сте под стрес
Ако жената не успее брзо да забремени, целиот процес може да биде многу напорен. На крајот ќе се чувствувате како да работите на норма, наместо да уживате.
Запаѓање во рутина
Никој не сака константно да прави едно исто, на ист начин, во исто време и на исто место. Ако сексуалниот живот Ви се претвори во работен ден, морате малку да ги размрдате работите, ако сакате да забремените.
Пред се', не го ограничувајте сексот само на плодни денови. Не верувајте во старските приказни дека спермата мора да се штеди за вистинскиот момент, бидејќи вистината е сосема спротивна. Всушност, задржувањето на спермата ќе ја намали способноста за движење на сперматозоидите.
Затоа уживајте во сексот кога и каде ќе посакате. Тоа ќе ја зацврсти Вашата врска и ќе Ве зајакне во улогата на родител, а покрај тоа, со радост ќе се сеќавате на денот кога зачнавте бебе по нешто убаво.
23
5
5
4
забава Бремените
Автор: bobik
Каде да побарате стручни совети пред зачнување?
Одлуката да станете родители е важен чекор, а подготовката за бременос...
Планирате бременост? Погледнете ја семејната историја
Планирањето бременост не подразбира само подготовка на телото, туку и ...
Како да препознаете бременост без тест?
Дали постојано сте уморни, чувствувате мачнина или забележувате промен...
Што е замрзнато рамо и како да го препознаете?
Замрзнатото рамо, познато и како адхезивен капсулитис, е состојба при ...
Првите денови од бременоста. Што треба да направите?
Позитивниот тест за бременост е момент што може да го промени целиот в...