Дали сте и Вие ваква мајка? :)
- ги броиш капките сок кои ги тураш во детските чаши, за да има за двете деца подеднакво
- имаш време одеднаш да ја избричеш само едната нога
- се криеш во бањата за да бидеш сама
- твоето дете повраќа, а ти тоа го начекуваш в раце
- не јадеш колачи, бидејќи немаш време да ги направиш
- знаеш дека пластелинот не се чисти од тепихот
- знаеш дека кујнските помагала ти се во песокот
- туѓо дете повраќа во ресторанот, а ти продолжуваш да јадеш
- твоето дете бара да му ја пееш "Ало амбуланта" во преполната чекална, а ти без проблем го правиш тоа
- се надеваш дека кечапот е зеленчук, бидејќи твоето дете само тоа сака да јаде
- ангажираш дадилка, бидејќи со години не си излегла со сопругот, а потоа половина вечер разговараш со сопругот за децата, а остатокот разговараш со дадилката.
- не можеш да ја поднесеш помислата дека твојот син ќе има девојка
- почнуваш да му правиш сендвичи на сопругот во форма на мачиња и зајачиња
- го премотуваш цртаниот филм Бамби на она место каде ловџиите ќе ја отепаат неговата мајка
- те оптеретува плачењето на детето и бесењето по тебе кога го оставаш во градинка, а потоа те оптеретува што заминало во градинка без да те погледне
- не можеш да ја поклониш облеката на бебето
- престануваш да и приговараш на мајка си за начинот на кој те одгледала
- читаш дека просечното петгодишно дете поставува по 437 прашања на ден и се радуваш што твоето дете е над тој просек.
- барем еднаш дневно ќе кажеш:"Доста ми е од се!", а знаеш дека за ништо на светот не би се одрекла од тоа!
- нервозно се прашуваш :"Зошто јас?", а се смируваш кога нежниот глас ќе ти каже "Затоа што те сакам најмногу на светот!"
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Слични содржини, кои ги читаат другите корисници
Првата играчка на вашето дете
Првата играчка не е само обичен предмет. Таа е првиот мост кон светот на откривање, развој и радост за вашето дете.
3
Митови и вистини спиење со бебето во ист к...
Што треба да знаете пред да ја донесете оваа одлука, со срце, но и со разум.
3
Фото: Тамара Тодевска на плажа со семејството
Тамара Тодевска сподели фотографии од семејниот одмор на плажа со сопругот и двете деца Хана и Дарен
3
Водителката Живкица има втор син
Водителката Жиивкица Каленикова по втор пат стана мајка на син
3