vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Вирусната и бактериската инфекција, како и растот на првите запчиња кај дечињата се најчестите причини за високата телесна температура. Првите запчиња може да предизвикаат зголемена телесна температура, но не повисока од 38 степени. Вирусните инфекции најчесто не е потребно да се лекуваат со антибиотици, туку е потребно да се почека самата инфекција да помине. За разлика од вирусната, кај бактериската инфекција е потребен третман со антибиотик.
Висината на телесната температурата не е показател за тежината на болеста. При покачена температура, особено малите деца може многу лесно да дехидрираат, а со тоа повеќе да ја зголемат температурата. Затоа е многу важно детето да пие многу течности. Доколку температурата е многу висока, потребно е да се даде лек – антипиретик.
За температурата над 38.5 е потребно разладување на телото на детето со млака вода, а не како што многу родители грешат со ладна вода. Температурата е потребно да се мери на секои 15 мин и да се продолжи со разладувањето од 2-3 мин се додека температурата не падне под 38 степени. Се советува да се разладува телото, но не главата и лицето.
Клиничката слика кога детето поради високата температура ќе добие грчеви е драматична. Тоа се вкочанува, рацете и нозете се тресат, а може и да ја загуби свеста. При таков случај веднаш детето се става на коса подлога при што се превенира голтање на јазикот и веднаш се дава чепче дијазепам. Грчевите траат најчесто од 3-5 минути и доколку се јават кај деца помали од една година постои тенденција за повторен напад. Затоа кај деца кои еднаш добиле вакви напади секогаш при висока температура е потребна превенција со чепче дијазепам.
доктор на медицина
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Зошто доаѓа до имплантациско крварење?
Мала розева или кафенкаста трага на долната облека во периодот кога ја...
Трета недела од бременоста, почеток на нов живот
Иако можеби сe уште не знаете дека сте бремени, во третата гестациска ...
Магнезиум во исхраната на вашето дете
Кога размислуваме за здрава исхрана на детето, најчесто зборуваме за п...
Дали земањето омега 3 ќе ви помогне со плодноста?
Омега 3 масните киселини често се споменуваат како дел од исхраната за...
Колку движење е доволно во бременоста?
Бременоста не значи дека треба цел ден да се одмора, но не значи ниту ...