|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
“Два дена нема да работите и би можеле на мир да ги воспитувате своите деца. Има и родители кои тоа го прават само кога се на гости, или кога имаат гости” - Душко Радовиќ

image
/11


 

Во една работна недела, од понеделник до петок, просечен брачен пар  поминува со децата ефективни 4,7 часа, додека целото семејство потполно се собира уште пократко – ни четири часа. Стручњаците се согласуваат дека тоа време е прекратко, што за последица има нарушени семејни односи, развод на бракот, проблеми во развојот на децата, како што е појавата на насилство. Малкумина се оние кои имаат одговор како да се воспостави рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот.

Еден од начините за децата и возрасните да сфатат дека ги сакаме, е да му посветиме доволно од своето време. Ако најголем дел од времето ни поминува во работа и разговор околу работата, тоа доведува до отуѓеност и негативни социјални појави. Несвесно го запоставуваме детето и ги прескокнуваме некои фази во развојот и воспитувањето, а истото важи и за нашата улога на брачен  партнер.

 

Важен е и квантитетот

За времето поминато со детето, поважен е квантитетот од квалитетот, но ако имате премалку време, не можете да му дадете ниту квалитет. Родителите не испраќаат доволно позитивни пораки со кои детето се воспитува и социјализира и учествуваат многу малку во неговиот живот.

Родителската функција се делегира, па децата ги воспитуваат бабата и дедото, градинката или улицата, што може да биде многу лошо.

Петте часа неделно кои ги имаме за децата се премалку, па дури и ако сме потполно посветени на нив, бидејќи физички е невозможно за тоа време на детето да му се пренесе добар систем на вредности. Заради краткото време кое семејството го поминува заедно, семејните врски се слаби, а детето не гледа  личност на која може да се потпре. Во тој случај децата немаат основна сигурност, а тоа се компензира со купување на скапи работи, што претставува еден голем маѓепсан круг.

Времето кое му го даваме на работодавачот претставува поголем дел од нашето време. Додека пред 15 години беше незамисливо проблемите од работа да се носат и дома, сега тоа стана нормално.

 

Да се почитува култот на неделниот ручек

Кога ќе се провери колку семејства имаат само еден заеднички оброк дневно, или неделно, се доаѓа до заклучок дека многу малку семејства тоа го практикуваат, а заедничкиот оброк е идеална прилика за јакнење на семејните врски.

Во главно секој јаде сам пред телевизорот, а заедничкиот ручек е единствена прилика на која семејството може да се собере. Заради тоа треба да се негува институцијата неделен ручек, а ако е можно, да се вклучи и поширокото семејство, бабите, дедовците, тетките, вујковците, чичковците и другите блиски роднини, бидејќи детето така гради мрежа на сигурност. Детето секогаш ќе може да најде поткрепа во некој од нив, ако моментално не може во родителите.

 

Да се препознае опасноста навреме

Ако родителите немаат време за детето, тогаш тоа ќе се почувствува занемарено и ќе прави така како што мисли дека треба, без упатства и насочување од возрасните. Од друга страна, постојат родители кои тоа малку време што го имаат со детето сакаат да го поминат убаво, па се попустливи и недоследни, што може да доведе до агресија и своеволност кај децата. И самото семејство е променето. Порано семејствата биле сочинети од две генерации. Кога родителите ќе заминеле на работа во куќата секогаш останувал некој кој може да ги чува децата. Сега многу семејства се препуштени сами на себе, во кои постојат двајца родители кои се обидуваат да спојат крај со крај и трчаат од едниот до другиот крај на градот и покрај тоа имаат две мали деца. Сето тоа е многу комплицирано.

 

 

Посветете им се на своите деца потполно по 18 часот и работата нека не Ве интересира.

Луѓето мораат да управуваат со своето време. Не е лесно, но е можно, посебно ако сфатите дека заради тоа се создаваат многу проблеми.

 

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Др. Ранко Рајовиќ: Родители, разбудете се
Интервју со Др. Ранко Рајовиќ – МЕНСА
4
Да имаш постара сестра е најдобро нешто на...
Кога бевте деца, скришно ти купуваше колачи. Кога малку пораснавте, преку неа се набави и првото пиво и со неа беше поле...
4
Ноќно мокрење во детската возраст
Енуреза е најчест облик на примарно ноќно мокрење кај здрави деца после 5 година. Според податоци од литературата на воз...
4
Покачен ЦРП кај деца
Иако многу родители не го знаат значењето на скратеницата CRP, тие се свесни дека неговите вредности можат да покажат да...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?