|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Тргнете ги децата од компјутерот

Редакција Рингераја, 26.3.2019
Физичката активност е битен сегмент во развојот на детето. Уште од рана возраст најмладите треба да вежбаат. Доколку вашите деца не се физички активни, ваша должност е да ги поттикнете

image
/11


Ерата на компјутерите и телевизијата  го зема најголемиот данок, здравјето на нашите деца. Часовите поминати во седење пред компјутер и телевизор, во епидемиски размери, го зголеми бројот на деца со прекумерна телесна тежина, како и деформитети на ´рбетниот столб. Истражувањата покажуваат дека децата кои гледаат телевизија повеќе од три часа дневно имаа двојно поголем ризик да станат дебели за разлика од оние деца кои пред телевизор и компјутер поминуваат помалку од два часа во текот на денот.

Физичката активноста како превентива од прекумерна тежина

  Родителите мора да сфатат дека физичката активност има голема улога во развојот на коските и мускулите. Уште од најмала возраст треба да ги поттикнат да бидат физички активни. Спортскиот дух и здравите животни навики ќе придонесат вашето дете:    

  • Поубаво да се чувствува
  • Полесно да учи
  • Ќе има здрава телесна тежина
  • Здрав развој на коските и мускулите
  • Навечер поубаво ќе спие

Доколу вашите деца не покажуваат голем интерес за вежбање и спорт, ваша должност е да ги насочите. Разбудете го спортскиот дух кај детето со тоа што ќе му покажете дека физичката активност е забавна. Вратете се во детството и потсетете се на игрите, истите пренесете му ги на вашето дете. Аџибадем Систина Плус ви нуди предлози како да ги активирате  децата.

Возење велосипед и ролери

Возењето велосипед и ролери се одлични кардиоваскуларни вежби, а во исто време активираат неколку групи мускули. Возењето можете да им го направите поинтересно со тоа што ќе организирате мал натпревар во трки. Децата сакаат да се натпреваруваат, особено со своите родители. Ова е одличен начин да ги натерате часовите седнати пред компјутер и телевизор да ги заменат со свеж воздух надвор.

Танцување

Танцувањето е одлична вежба, а децата го обожаваат. Не ви треба посебна опрема, само музика и добро расположение. Уште позабавно е кога и родителите ќе танцуваат со нив. Поттикнете го расположението и продолжете со танцување. Ќе видите колку е забавно, а вашите деца нема ни да забележат дека вежбаат.

Семејна прошетка

Еднаш неделно заедно со целото семејство посетете ја најблиската планина или парк. Земете една торба за да собирате „богатства“ по патот. Додека пешачите организирајте натпревари, на пример кој ќе стигне прв до некој знак. Семејната прошетка е одлично време за поврзување на семејството, а во исто време и можност да го раздвижите телото.

Прошетки со куче

Ако вашето дете бара да чувате куче, тогаш ова е шанса за вас да го натерате да вежба. Кучето треба секојдневно да го шетате. Доколку вашето дете  инсистира да има милениче, тогаш вие  условете го со  редовно шетање. Секојдневната прошетка на кучето ќе биде одлична физичка активност за вашето дете.  

Скокање на транболина

Истражувањата покажуваат дека 10 минути скокање на транболина има ист ефект со пола час трчање. Скокањето помага во менталниот и физичкиот развој на детето и  во развивање на моторните способности за рамнотежа и координација кај децата. Сепак, внимавајте трамболината да е безбедна за да не се повреди вашето дете.

Пливање

Ако одлучите детето да го запишете на пливање, бидете сигурни дека сте го направиле најдобриот избор за телесен раст и развој на вашето дете. Пливањето позитивно влијае на кардиоваскуларниот систем, дишењето  и ги јакне мускулите. Со пливање сите мускулите кај детето  рамномерно се обликуваат, особено на грбот, што придонесува за правилно држење на детето.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Колапс, синкопа или губење на свеста
Кризата на свеста претставува застрашувачко искуство за родителите – повеќето од нив имаат црни мисли за епилепсија, или...
4
Што ако 9-месечно бебе не реагира на довик...
Една од најголемите дилеми кај родителите е кога е вистинското време да се советуваат со стручно лице ако забележат дека...
3
Развоен ум
Замислете едно бебе кое учи да оди. Што ако при првото паѓање тоа не сака веќе да се исправи и да се обиде повторно? Беб...
3
Помогнете му на вашето дете да порасне
Растењето на децата не е само прашање на висина. Тие не растат само со правилна исхрана, доволно калциум и витамини.
3




Анкета

Независност.
Admin

Дали вашите деца се донекаде независни или сè уште ги храните и ги успивате? Мислам на деца од 2,5 години и нагоре.