Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Вечера
Кога јадете одредена храна, вкусовите можат да бидат почувствувани во амнионската течност. Лук, ѓумбир, слатко и др. Научниците сметаат дека тоа е природен начин да се подготви бебето за вкусот на храната, која најверојатно ќе ја јаде, откако ќе се роди. Уште на 15-тата недела бебето покажува склоност кон слатките вкусови и кога амнионската течност е слатка, бебето пие од неа повеќе отколку кога е солена.
Гледање
Можеби нема многу за гледање, но бебето почнува да ги отвора очите некаде околу 28-та недела. За време на вториот квартал од бременоста, бебето реагира и на светлина. Научниците забележале дека бебињата се оддалечуваат од најсветлиот извор на светлина која поминува низ стомакот на мајката.
Дишење
На 9 недели бебето почнува да ги вежба движењата за дишење. Првото вдишување на воздух е предизвикано од драстичната промена на температурата и животната средина, кога ќе се роди бебето. Затоа, кога породувањето се прави во вода, се внимава на тоа температурата на водата да биде колку што е температурата на телото на мајката - бебето го зема првиот здив, кога ќе го извадат од водата.
Смеа
Вашиот мал шармер тренира насмевки уште додека расте во стомакот. На 4Д ултразвук насмевките се забележуваат околу 26-тата недела.
Солзи
Да, бебето во стомакот понекогаш плаче. Со помош на ултразвук научниците откриле дека бебињата покажуваат знаци на плач. Дури може да се забележи и помрднување на долната усна, кога бебињата плачат во матката. Плачот е важен комуникационен алат за новороденчињата, па мора да се усовршуваат, уште пред да дојдат на белиот свет.
Приврзаност
Додека расте во стомакот, вашето бебе внимателно го следи секој чекор од вашиот секојдневен живот. Во последните 10 недели од бременоста бебето веќе активно обрнува внимание на гласот на мајката. Можеби нема да ве разбере што зборувате, но дефинитивно го забележува начинот на кој тоа го велите. Благодарение на тоа ќе ве препознае веднаш штом ќе се роди.
Интимност
За крај добро е да споделиме дека бебето си има и свои потреби во стомакот на мајка си. Голема или мала? И двете.
5
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Улогата на блиските во финалната фаза од бременоста
Последните денови од бременоста се период исполнет со возбуда, исчекув...
Кофеин во други пијалоци и храна, колку е безбедно?
Кога се зборува за кофеин, најчесто се мисли на кафе, но тој се наоѓа ...
Двојна метода за следење на овулација
Кога се планира бременост, најважно е точно да се одредат плодните ден...
Што да избегнувате при избивање заби кај бебе?
Избивањето на забите е нормална, но често непријатна фаза кај бебињата...
Што би сакал/а да знаев пред да станам родител?
Родителството често изгледа како нешто што инстинктивно ќе се случи, н...