vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Вистинската цел не е детето да биде само послушно, туку кај него да се развие чувство за одговорност, емпатија и самоконтрола.
1. Наместо контрола наметнете поврзаност
Децата најдобро учат преку односот со родителите. Кога се чувствуваат сакани и прифатени, тие имаат поголема желба да соработуваат. Наместо постојани наредби, изградете топла и сигурна врска.
2. Дајте им избор
Кога детето има чувство дека одлучува, полесно прифаќа одговорност. Наместо да му наредите „Облечи се веднаш!“, кажете му „Сакаш ли прво да се облечеш или да ги измиеме забите?“
Ова му дава можност детето да избере само, а преку тоа учи да носи одлуки.
3. Објаснувајте, не само да забранувате
Децата не учат од постојано забранување. Треба да разбираат зошто нешто е погрешно и не треба да се прави. Кога ќе објасните зошто нешто не е добро, тие полесно ќе го прифатат правилото.
4. Бидете и вие пример
Децата учат преку имитирање. Ако вие покажувате почит, трпение и љубезност, тие ќе го усвојат истото однесување.
5. Поттикнувајте ја емпатијата
Поставувајте прашања кои ги развиваат чувствата. Ова им помага да ги разберат последици од своето однесување.
6. Фокусирајте се на позитивното
Наместо да ги нагласувате грешките што ги прави детето, обрнете внимание на доброто однесување. Ова ја зајакнува внатрешната мотивација.
7. Оставете простор за грешки
Децата учат преку грешки. Наместо да применувате казна, искористете ги тие моменти за разговор и учење.
Кога децата се чувствуваат разбрани, почитувани и вклучени во одлуките, тие постепено развиваат желба сами да бидат добри деца. Наместо страв, нивното однесување се води од внатрешни вредности, а тоа е основа за здрав и самоуверен развој.
3
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Исхраната не е единствениот фактор што влијае врз нашето расположение ...
Кои се главните принципи на медитеранската исхрана?
Медитеранската исхрана се смета за еден од најздравите начини на исхра...
Зошто бебето е гладно и по млечен оброк?
Се случува бебето да побара повторно да цица или да пие млеко кратко в...
Како да го испланирате првото патување со бебето?
Првото патување со бебето може да донесе возбуда, но и многу прашања. ...
Дали цигарите ја намалуваат плодноста кај жените?
Пушењето цигари може негативно да влијае врз женската плодност, да ги ...