Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Во секој случај, самохраните родители најчесто сами се соочуваат со своите стравови и маки. Понекогаш дури се чувствуваат издадени и од сопственото семејство и пријателите од кои очекувале најголема поддршка и помош. Самохраните родители често ја губат самодовербата, бидејќи не успеале да ја одржат врската и односот со партнерот, а слабата самодоверба потоа се пренесува и на нивната улога на родител. Кога кај нивното дете ќе се појави проблем, тогаш тие се обвинуваат себе си дека не се добри родители, како што не биле ниту добри партнери. Самохраните родители чувствуваат повеќе несигурност и страв во подигањето на своето дете, па настојуваат да ја пополнат празнината поради отсуството на едниот родител. Често самохраните мајки (помеѓу другото и поради притисокот од околината), чувствуваат дека тие треба на детето да му бидат “и мајка и татко.” Тие настојувања најчесто ги збунуваат децата кои повеќе немаат јасен модел за родителот со кој живеат, туку чудно однесување на мајка и татко во една личност, што дополнително го збунува. Изолацијата доведува до губење и на перспективата, бидејќи самохраните родители немаат обично никој кој би им понудил нови идеи и решенија. Дури и кога ќе започне да создава нови пријателства и поставува нови цели, самохраниот родител може да се почувствува растегнат меѓу своите потреби и потребите на своите деца. Чести се примерите на самохрани мајки, кои после рзвод се посветуваат исклучиво на своите деца, занемарувајќи ги своите потреби, купувајќи им дури и повеќе играчки, облека, чевли и кога тие не им се неопходни. Не поставуваат граници во воспитувањето, се им дозволуваат, настојувајќи на тој начин да им надоместат за отсуството на едниот родител. Но, на тој начин изолирајќи се, го зголемуваат своето незадоволство, не го насочуваат детето кон вистинските вредности што води до несоодветно родителство. На детето кое се му е дозволено, е запоставено дете, како и на она на кое се му е забрането. На децата им треба пример, граница, насочување.
Како да се справите со повреденоста и изолацијата?
4
3
3
3
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Биди она што си, не она што се очекува
Има една работа што сите нe допира, тивко, а силно, а тоа е како да ос...
Чистиот дом не е само естетика
Домот е место каде одмараме, јадеме, спиеме и ги поминуваме најинтимни...
Депресијата и анксиозноста не живеат само во мислите
Во новото секојдневие, депресијата и анксиозноста не се само „ментални...
Мајчино млеко единствената сигурна храна за детето
Мајчиното млеко не е само храна. Од првиот момент по раѓањето, бебето ...
Промени ја мислата. Промени го денот
Позитивното размислување на прв поглед звучи едноставно, а всушност ја...