Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
1. Физичко закрепнување
Во првите 24 до 72 часа, телото почнува да се враќа во состојба пред бременоста.
Може да почувствувате:
Овој процес е дел од нормалното закрепнување по породувањето.
2. Крварење (лохии)
Нормално е да има вагинално крварење кое е поинтензивно во првите денови со црвена боја, а потоа постепено се намалува. Ова е начин телото да ја исчисти матката.
3. Хормонални промени
По породувањето, хормоните нагло се менуваат. Ова може да влијае на: расположението, да биде изразено чувството на плачливост, анксиозност или емоционален ролеркостер.
4. Почеток на доење
Ако доите бебето ќе сака често да цица, градите може да бидат чувствителни бидејќи се стимулира создавање на млеко.
Ова е важен период за воспоставување лактација.
5. Сон и замор
Во првите 72 часа сонот е прекинат поради честите будења и се зголемува чувството на исцрпеност. Искористете го времето кога бебето спие да се одморите и вие.
6. Емоционални промени
Во овој период чувствителноста е супер развиена, па можете да почувствувате силна радост, а следниот момента плачливост без причина. Ова често е почеток на т.н. бејби блуз, што е нормално и привремено.
7. Грижа за себе
Важно е да јадете редовно и балансирано, да внесувате доволно вода, да одмарате колку што е можно и да се прифати помош од партнерот и семејството.
Кога да се побара помош?
Обратете се на лекар ако имате многу обилно крварење, силна болка што се влошува, висока температура, силна и долготрајна тага.
Првите 24 до 72 часа по породување се комбинација од опоравување, емоции и адаптација. Иако може да бидат напорни, тие се првиот чекор кон новиот ритам со бебето.
Најважно е да се слуша телото, да се одмара и да се побара поддршка кога е потребно.
6
4
4
3
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Овулација и бременост: Дали е доволен само еден ден?
Многу парови веруваат дека најдобро е да имаат сексуален однос само на...
Брзи вечери со брокула за зафатени денови
Кога денот е исполнет со обврски, подготовката на вечера не мора да би...
Што да очекувате по првата ин витро процедура?
Првата ин витро (IVF) процедура е значаен чекор на патот кон родителст...
Колку време е потребно за да забремените?
Многу парови очекуваат бременоста да се случи веднаш штом ќе почнат да...
Како да го смирите бебето при грчеви (колики)?
Коликите се честа појава кај новороденчињата и малите бебиња. Тие се м...