Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
За мали незгоди, изгореници од сонце, гребнатини, убоди од оси, пчели, медузи и други непријатности или други болести, мораме да бидеме посебно подготвени кога одиме на годишен одмор. Таму нема аптеки и совет од доктор „на секое ќоше“, посебно ако се работи за зафрлени краеви. Ви препорачуваме да понесете барем основни работи кои може да ги добиете во аптеките и без рецепт на доктор.
Содржината на вашата „патувачка аптека“ ќе зависи од вашата здравствена состојба, старост, начин и траење на патувањето, и се разбира од дестинацијата.
Ако патувате во тропски држави или било каде, каде што постои епидемија на заразни болести, распрашајте се за задолжителна и превентивна вакцинација, заштита со лекови, а погрижете се и за соодветно здравствено осигурување.
Лекови и останати работи кои би морале да бидат основен состав од вашиот багаж за годишниот одмор:
1. Сируп и/или таблети за намалување на високата телесна температура,
2. Таблети против болки, главоболка, забоболка,
3. Таблети против настинки и болки во грлото,
4. Креми, таблети или сируп против алергии, за ублажување на чешањето после убоди од инсекти,
5. Чај против запек кој може да настапи заради промените на животниот ритам, околина и исхрана,
6. Чај од боровница или сл. против пролив,
7. Раствор на рехидрациска сол кој ја надополнува изгубената течност, глукоза и електролити заради претерано потење (високи температури) или пролив,
8. Таблети против мачнина за време на возењето во автомобил, брод, авион,
9. Лекови против болки во желудникот кои настануваат од неправилна, масна или многу зачинета храна,
10. Маст против херпес,
11. Капки за очи (воспалени или алергија),
12. Креми, млека и слична заштита од сонце (не заборавајте на шешири и очила за сонце со UV филтер),
13. Креми за нега на кожата и косата после сончање,
14. Репеленти - средства против инсекти,
15. Маст против габички,
16. Мултивитамински додатоци (ако одите на подолги патувања каде што храната е еднолична),
17. Термометар,
18. Прибор за повивање на рани (завои, стерилни гази, ножички),
19. Фластери за плускавци,
20. Пинцета за отстранување на страни тела од кожата,
21. Презервативи.
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Најчестите причини поради кои бременоста доцни
Доцнењето на бременоста е чувствителна тема за многу парови и може да ...
Емоционалниот товар на неплодноста
Неплодноста не е само медицински предизвик, туку и длабоко емоционално...
Пливањето и менталното здравје. Ослободување од стресот
Пливањето не е само физичка активност, туку и еден од најдобрите приро...
Втора недела од бременоста, што се случува?
Кога се зборува за втората недела од бременоста, многу жени се изненад...
Како летните горештини влијаат на бременоста?
Летните горештини можат да бидат непријатни за секого, но во бременост...
Дали вашите момчиња си ги допираат пенисите?
пеперутка16
Моето три и полгодишно дете постојано си го допира пенисот и не престанува. Пробав разни начини да го спречам, но не функционира. Не боли, не чеша, добро е. Хигиената е на ниво. Би сакала некој да ми пише како ја решил. Ви благодарам.