Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Детето има потреба да се движи, да му овозможува на своето тело нормално да функционира.Неговата мотивираност кон спортот е исто толку силна како и кај возрасните, а емотивноста честопати е и поголема. Децата не се “мали луѓе”, туку суштества кои во текот на својот развој се покоруваат на сложените закони, чија тајна, медицината сеуште не ја објаснила. Секој момент детето се менува под влијание на генетските, физиолошките фактори или факторот- околина. Способноста за физички вежби е условена со потребата за растење, можностите на крвототкот, способноста на респираторните органи да се шират, како и сигурноста на нервниот и моторниот систем и системот за сетила. Токму поради тоа родителите се прашуваат, од колку години нивните деца можат да започнат да се занимаваат со спорт и за кој од многуте спортови да се определат.
Можности и желби
Спортската активност за да биде корисна, не смее да биде ниту многу обврзувачка, затоа што тогаш станува збор само за игра, но ниту многу професионална, за да не дојде до претерување. Со спортски активности може да се почне од шестиот месец (мислиме на бебе - пливач) или гимнастички вежби кои мајката ги работи со бебето. Од втората до шестата година голем дел од физичките активности се дозволени како на пример: игри комбинирани со пешачење и качување. Исто така се препорачуваат и пливање, возење ролери, санкање, игри со топка, ритмички вежби. До третата година детето треба да стекне добар моторен развој, што значи да трча, да се качува, да одржува рамнотежа при одење на греда, возење трицикл или детски автомобил. Многу е корисно, уште од тогаш да стане свесно за својата автономија на движење и на друг начин, а не само со одење.
Помеѓу шестата и десетата година настапува период на занимавање со спорт од рекреативен карактер. За избирање со кој спорт ќе се занимава детето, не треба да одлучуваат само родителите, туку мора да се внимава и на желбите на детето.
Спорт во време на пубертет
Често пати се поставува прашањето дали за време на пубертетот детето треба да ја намали спортската активност. Тоа во суштина зависи од индивудалните карактеристики, иако може да се каже дека има многу малку вистински причини кои би влијаеле на намалување на спортската активност: срцеви заболувања, пореметен метаболизам, пореметување во одржувањето на 'рбетниот столб.
Дали постојат спортови кои се штетни за девојчињата?
Напишани се многу трудови за балерините чија карлица покажува тенденција на стеснување, што доведува до проблем при породување. Јавањето, понекогаш доведува до спуштање на матката и поттиснување на пршлените на кичмата, доколку девојчињата почнат да се занимаваат со овој спорт на многу рана возраст.
На колку години да се почне со:
Атлетика
Спринтерски и долги патеки трчање - по 13 години
Фрлање кугла, копје- 12 - 13 години
Скок во височина, далечина - 8 години (натпревари 14 години)
Спортови со топка
*во групи
Кошарка: 12 - 13 год.
Фудбал: 8 год.
Ракомет: 9 -10 год.
Одбојка: 12 год.
Ватерполо: 12 год.
*индивидуално
Тенис од 8 год.
Спортови и движења
Возење велосипед од 8 - 9 год.
Пешачење од 6 год.
Јавање од 6 - 7 год. на пони
Падобранство од 17 год.
Спортови и планина
Алпинизам од 14 - 15 год.
Скијање од 6 год.
Лизгање од 6 год.
Брзо лизгање од12 год.
Ролери од 4 - 5 год.
Спортови на вода
Пливање од 4 год. (натпреварување од 10 години)
Нуркање од 14 - 15 год.
Веслање од 14 - 15 год.
Едрење од 6 - 8 год.
Боречки спортови
Џудо од 7 год. (натпреварување 15 год.)
Бокс од 15 - 16 год.
Борење од 7 - 8 год.
Мечување од 8 год.
Стрелање со лак од 9 - 10 год.
Карате од 12 год.
Други спортови
Гимнастика од 7 год.
Ритмичка гимнастика од 3 год.
Кревање тегови од 15 год.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу ...
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дек...
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Носот.
пеперутка16
Како го чистите носот на малите деца?