|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Разговор со Сандра Малетски, креаторка на ИГ блог

Марина Кљајиќ Петковски, 8.2.2022
Сандра е сопруга и мајка. По професија дипломиран педагог и предучилишно образование, магистер по човечки ресурси. Има 32 години и живее во Софија

image
/11


 

"Обожавам се што е поврзано со домот, од чистење и организирање до домашен декор. Го сакам секој момент од мајчинството, обожавам миризливи свеќи, многу книги, црно кафе и шолја чај пред спиење." - вели Сандра за себе. 

Рингераја: На Инстаграм си популарна по твојот блог на кој споделуваш интересна и инспиративна содржина.

Од кога го видиш блогот и дали замислата за него беше да биде баш ваков како што е денес? 

Сандра: Можам да кажам дека поактивно започнав да постирам откако го реновиравме нашиот стан, тоа е некаде 2019 година. Потоа се преселивме на Филипини на една година, постирав но, не толку активно. Од 2020 активно го водам. Замислата од почеток не ми беше ваква, повеќе беше ориентирана кон декор. Некако спонтано се претвори во ова што е денес.

Рингераја: По потекло си од Македонија, но живееш во Бугарија. Кажи ни како се случи тоа?

Сандра: Да, јас сум од Скопје. Во Софија живеам 4 години, сопругот (не е македонец) живееше тука веќе неколку години. По свадбата отидовме во Израел и таму живеевме една година, а потоа се вративме во Бугарија, тука се роди Миа и тука го купивме нашиот прв дом.

 

1

 

Рингераја: Какви се твоите импресии од животот во Бугарија? 

Сандра: Начинот на живот е скоро ист со тој во Македонија, зборувам од аспект на менталитет. Бугарија не е тоа што некогаш била, многу се развива особено последните 10 години. Тука има многу повеќе можности за саморазвивање, работа, училишта, универзитети и тн. 

Ситуацијата со Ковид е истата како и секаде, има ограничувања и потребни се сертификати скоро за секаде. За здравствениот систем можам да зборувам за приватните клиники и амбуланти затоа што со нив имам искуство. Во однос на услуга, грижа немам никакви поплаки, се е одлично.

Дали би се вратила, никогаш не велам никогаш но, убаво ми е тука каде што сум сега.

Рингераја: Мајка си на едно преслатко девојче. Колку мајчинството те промени? 

Каква е твојата породилна приказна? 

Сандра: Многу ме промени. Ми ги промени приоритетите, ме промени и емоционално и психички. Станав по трпелива, си створив сосема нови рутини и навики, се научив да функционирам со помалку сон. 

Ми го исполни срцето со уште повеќе неизмерна љубов што не знаев дека е возможно, с? додека не се роди Миа.

Се породив во приватна болница во Софија. Самата бременост мене ми беше лесна без никакви проблеми и потешкотии фала Богу. Пораѓајот траеше околу 15 часа, за цело тоа време сопругот беше со мене, ме занимаваше да помине времето, од музика до пилатес топка и што ли уште не, с? додека Миа не реши дека е конечно време да не запознае во 00:04 на 02 Август.

Породилното тука сеуште трае две години.

Рингераја: Какво дете е Миа? Како ви минуваат деновите,со оглед на тоа што живееме во пандемија. Кои нешта од мајчинството ти се омилени? 

Сандра: Миа во глобала беше мирно бебе. Имаше период со колики до 40 дена која е природна појава, не беше лесно со оглед на тоа што се будеше во 3 часот наутро и не заспиваше до 5,6. Потоа полека се стабилизира. 

 

2

 

Миа е дете што знае да се заигрува сама, многу е креативна и буквално се ја интересира, се сака да знае и се сака да проба да направи сама. Многу е друштвена, активна и полна со енергија.

Деновите гледаме да ги исполниме со активности кои се наменети за нејзината возраст, со игри, одење надвор. Живееме во затворен комплекс и тоа е плус што секогаш можеме да излеземе надвор на чист воздух, да се истрча и поигра дури и ако има локдаун.

Многу нешта ми се омилени од мајчинството, секое ново нешто кое го прави и учи Миа секојдневно. Сите мали нешта со кои знае да ме насмее од срце. Мало човече кое ни го промени животот за 360 степени и ни го направи многу поубав и повесел.

Рингераја: Посетува ли градинка? Ти помага некој околу неа?... 

Сандра: Миа не оди во градинка, јас не работам затоа нема потреба да оди. Учи и знае с? што би учела и во градинка, мене тоа ми е професија. Посетува гимнастика два пати во неделата. 

Не ми помага никој околу неа, бабите и дедовците за жал не живеат во Софија, а мојот сопруг ми помага колку што е возможно со оглед на тоа што е на работа од сабајле до доцна вечер. 

Рингераја: Најдобар совет за мајчинство кои си го добила / совет кој ти би го дала на идните и тазе мајки?

Сандра: Совет за мајчинството кој би го дала за идните тазе мајки е, спијте кога спие и бебето особено првите два месеци кога сеуште се навикнувате на новиот член на семејството, со време се ќе си дојде на свое место и ќе стане полесно. Ако ви е потребна помош, барајте ја, не сте семоќни и мајките имаат потреба од време за себе, одмор и малку тишина и тоа е сосема нормално. Среќна мајка среќно бебе.

Рингераја: Не ретко споделуваш впечатоци од книгите кои ги читаш. Што за тебе претставува времето поминато со книга? 

Какви книги избираш? Омилен жанр? Омилен автор? 

Книга која ја препорачуваш? 

Сандра: Јас сум огромен книгољубец, читање книги ми е омилено хоби. Време поминато со книга за мене е мир, спокој, релаксација. Омилен жанр ми е драма/романса и тоа е жанрот што најмногу и најчесто го читам. Јас сакам да читам книга што ќе ме опушти, релаксира и наполни со позитивна енергија. Во последно време почнав да читам и трилери од кои сум многу пријатно изненадена.

Немам еден омилен автор, ги сакам книгите на Колин Хувер, Саманта Јанг, Али Мартинез, Кристин Хана, Џули Џејмс, Jodi Ellen Malpas, Aleatha Romig и многу други. 

Ако ви се чита романса препорачувам било која книга од С.Јанг или К.Хувер, ако ви се чита трилер последно прочитана што ја препорачувам е Мило мое дете од Роми Хаусман, а ако ви се чита нешто несекојдневно и малку поинакво Присестра од Џенифер Донели.

Рингераја: На твојот блог и на Инстаграм профилот споделуваш корисни совети, од мајчинство, до предлог филмови, до севети за уредување на домот и одржување на хигиената на истиот. 

Од каде пасијата за овие теми? 

Сандра: Уредување на домот, организација и чистење е нешто во што јас самата уживам да го правам. Сакам кога домот ми е среден и чист. Чистењето никогаш не ми претставува проблем, обожавам да си запалам миризлива свеќа или да си пуштам дифузер со масло во чист дом, нема поубаво. Сакам кога од време навреме менувам декор и секогаш изгледа како да е ново. Решив кон тоа да го ориентирам и блогот, бидејќи споделувам искрени совети кои и јас самата ги применувам секојдневно. Многу ми е драго за позитивниот фидбек кој го добивам постојано и многу жени кои ми пишуваат дека моите совети им помогнале. 

И благодариме за издвоеното време на Сандра. 

Ви благодарам на поканата! 

Се читаме.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Како да се спречи кратковидост кај децата?
Миопија или кратковидност е состојба во која зраците на светлината се прекршуваат пред мрежницата (ретина), наместо на н...
3
Ја фрлате кората од портокалот? Грешите!
Портокалот е омилено овошје во цел свет. Покрај неговиот прекрасен вкус и бројните бенефиции за здравјето, еве за што мо...
3
Дискалкулија кај децата: Како да им помогн...
Развојна дискалкулија е состојба која се среќава кај деца со нормална интелигенција, а сепак имаат потешкотии во совладу...
3
Одморот на мама...
Дневникот на Pepelaska###
3




Анкета

Тежина за време на бременоста.
пеперутка16

Дали се здебеливте за време на породувањето? Колку?