|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Дневникот на Палешка РР, Јуни 2010 година

image
/11


Тоа утро беше навидум исто како останатите, студено јануарско утро со неколку сончеви зраци и бело, ведро небо. Иста беше и оддалеченоста која требаше да ја поминам до работното место, само седум минути. Го носев и истиот капут како вчера, истиот шал ми го затоплуваше воздухот кој го дишев...Само јас не бев иста...

Врели солзи се тркалаа по моето лице и паѓаа на штотуку наврнатиот снег, душата ми ја беше обзела некоја исконска тага, трпки како тртки ми минуваа по телото...Од радост ли? Од тага ли? Не знаев да ги дефинирам своите чувства кои ме обзедоа по првата утринска мисла “Мојот малечок син порасна”. Не знам дали ронев жизнерадосни солзи, што бебето кое за прв пат го зедов во прегратка пред тринаесет и пол години, ми порасна, или тажни мајчински солзи што повеќе не му требам и што морам, колку и да се опирам, да го пуштам по неговиот пат. Повеќе не ме вика да го затоплам пред спиење, не сака да ме држи за рака кога одиме во град, не ми скока во прегратка кога ќе се врати од училиште...порасна...а јас морам да се изборам со својата опседнатост и претерана приврзаност кон него. Но како? Како да ги потиснам до таа мера мајчинските чувства, како да не го бакнам пред неговите другари, како да не му речам “ мамичке, срце мамино, сонце на мама”, а да не поцрвени?

Вакви и многу други прашања ме следеа како сенка на мојот пат, кој не траеше само седум минути...тоа беше патот на мојот живот. Се сетив на неговата прва насмевка, првото запче, првиот чекор, се сетив на секој негов збор, секоја реченица, се сетив на сите часови минати во мојата прегратка, на секоја настинка, на првата сипаница, се сетив на првиот плус од учителката во забавиште, на првата петка...се сетив кога првпат заплива сам, на неговото прво отсуство од дома, на првото самостојно излегување во град, на првата негова симпатија.....и на првата реченица утрово “Мојот син порасна!” Толку ли се истовремено  горди и среќни, а бескрајно тажни сите мајки кои имаат едно дете? Толку ли се приврзани за своите деца, што не можат да ги пуштат по нивниот пат? Дали сета љубов која ја концентрирале во едно битие е посилна од љубовта на мајката која има повеќе деца? Дали се овие мајки себични? .... Долг беше патот, би рекла и тежок, заради бремето кое се беше надвиснало над мојата глава, заради чувството на вина што не станав уште еднаш мама. Душата ми се беше стегнала како лешник, што го оставив својот син сам, што не му подарив најблизок пријател, сестра, брат...некој со кој ќе дели радост, тага, болка и среќа...Во тие седум минути го сфатив она што не бев го сфатила цели тринаесет и пол години “Требаше уште еднаш да станам мама”

Стигнав на работа и веднаш ме дочека ведрото и весело лице на мојата колешка, “Бремена сум” – изусти и некоја блажена солза и се стркала по лицето. “Бремена сум по втор пат, ох каква безмерна радост, ох какво прекрасно чувство!“ Се радував за неа, а сеуште плачев за своите утрински чувства. Останав како занемена, укипена, неподвижна и без да трепнам jа слушав како говори, ја слушав додека голтав голтки големи колку кнедли, ја гушкав додека и завидував, плачев со неа од радост -додека плачев за себе...Тескобноста беше прекината од мојот телефон “Добро утро мила” - го чув гласот на маж ми “Како си, го пиеш ли утринското кафе?”...молчев цела минута, ниту збор да се стркала по јазикот, ниту дума да кажам...молчев! “Каде си, ме слушаш ли, проговори...” “САКАМ ДА СУМ БРЕМЕНА” реков и неможев да верувам во она што го изговорив...”Сакам да имаме дете, сакам, ох колку сакам да бидам уште еднаш мама”

Веднаш, уште истата ноќ почнавме да водиме љубов, почнавме да се обидуваме да зачнeме нов живот. Поминаа 2 месеци, две поразителни навремени периоди, уште две потврди дека ми одминало времето, уште два поразителни докази дека погрешив, ох колку длабоко погрешив што не станав уште еднаш мама. “Немаш никакви проблеми, можеш нормално да зачнеш, ПАП тестот ти е одличен, опушти се и се ќе биде во ред!” – беше одговорот на гинекологот. Но имам ли време да се опуштам, веќе очајно сакам бебе, ме убива крикот на мајката во мене, телото ми се грчи од желба, поматена ми е и свеста, не гледам никого и ништо...сакам бебе!

“Дојди да те гушнам, мое единствено детенце, дојди и легни на стомакот на својата мама да те погалам по челото, дојди. Твојата мама можеби не ти подари најблизок род, но ти ја подари сета љубов на универзумот, собрана во мајчината прегратка, во мајчиниот бакнеж, во мајчиното срце”

И во оние мигови кога болката престанува, кога крикот се претвора во смеа, кога горките солзи стануваат радосници, кога темниот облак веќе го нема дознав дека СУМ БРЕМЕНА! Ти благодарам Господе што дозволи уште еднаш да ја почувствувам оваа радост, ти благодарам што не ме остави на литицата на некоја река, на работ на лудило, фала ти што реши, што ми помогна да решам да не го оставиме син ми сам! Ти благодарам што му допушти на семето на животот да ботее и вирее во моето тело, ти благодарам што ми ја исполни најсилната желба од сите – да станам по втор пат мама!

Уште откако го чув за прв пат нејзиното срце, знаев колку бескрајно ја сакам! Уште откако тежеше само 91 грам, знаев дека е вториот најголем дар во мојот живот. Ја чувам секоја нејзина сликичка од ехо, длабоко во срцето ми е врежано секое нејзино напредување во грамови, од непроценлива важност ми се моментите кога и ги броевме прстињата на рачињата и ножињата, кога ни ја упати првата насмевка за да ни каже дека не’ сака и дека се ќе биде во ред! Длабоко, во посебна ризница на мојата душа е сместен секој допир на маж ми на мојот стомак, секоја несолена шега на син ми во врска со мојот изглед, секој радосен трепет кога немирно си играше во стомакот. “Мамо, можам ли да ја допрам дада?” ме дочека еден ден прашањето на син ми. Од тој ден бев убедена дека ќе биде надмината секоја разлика во години меѓу нив, дека ќе се сакаат и помагаат се додека сонцето ги грее нивните животи.

Светлината на мојот живот извира од тоа мало зрнце кое ми расте во утробата. Таа е дел од мене, една целина со мојата природа, продолжение на сите мои сништа, копнежи, на мојот живот...основа за уште една моја бесмртност. Ја сакам уште пред да се роди, ја сакам уште од вечноста..Исполнета со љубов, нетрпение и страв го очекувам нејзиното раѓање, нејзиното паѓање во моја прегратка. Моето тело низ телесна бура ги брои минутите, секундите до нашата средба. Сите овие четиринаесет  години како да беа подготовка за средбата со моето се уште неродено дете. Во овие моменти почувствував дека нема ништо поважно, подрагоцено, повистинско чудо, од “Чудото на животот.”

И тогаш се обистинија сите мои верувања, надежи, згаснаа сите мои сомнежи, се стиши бурата во моето тело – ЈА ДРЖЕВ ВО СВОИТЕ РАЦЕ!

О колку прекрасно и незаменливо е чувството да се биде мајка! Сите богатства на овој свет не вредат колку една нејзина насмевка, сите реки кои течат во светот не можат да се споредат со силината на мајчините чувства кога ќе го земе во прегратка своето дете. Плачев, непрестано плачев додека таа ги пиеше моите течности кои извираат за неа, плачев додека за прв пат ми заспа во прегратка...плачев додека без престан изговарав – “ПРОСТИ МИ НАЈМИЛА МОЈА, што толку долго чекаше да дојдеш на свет!”

 

Барбара

 

 

Да бидеш автор е лесно! Автор може да биде секој! Секој кој чувствува, секој кој љуби, секој кој тагува, секој кој безмерно се радува...

Прочитај како и ти да станеш автор во текстот Станете автор на Рингераја

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Приказна од душата...
Вистинска приказна од забременување
4
Добриот појадок помага при забременување
Нова студија на истражувачите од Хебрејскиот Универзитет во Ерусалим и Универзитетот во Тел Авив, покажува дека добриот ...
4
Борбата за бебе изгледа вака!
Во емотивен текст таа раскажа за мачниот тригодишен период во кој доживеала спонтан абортус и неуспешни обиди за забреме...
3
За здраво бебе - СТОП за цигарите
Новороденчињата на мајките кои пушеле за време на бременоста, како и бебињата кои се изложени на пасивно пушење по раѓањ...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?