|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Прошетка со бебе во зима

Petra Logar, 18.1.2021
Многу мамички се прашуваат дали можат да излезат со бебето на прошетка во зимските денови, колку долго да останат надвор и како соодветно да го заштитат бебето од ниските температури.
Клучни зборови:

image
/11


Кога можеме со новороденче да излеземе на чист воздух во зимските месеци? Колку време можеме да се задржиме надвор?

Во зима можеме да го изнесеме новороденчето надвор, ако наполнило две до три недели и ако е доносено и здраво. Со предвреме родените деца мора да почекаме. Заради танкиот слој на маст под кожата и незрелиот состав за одржување на телесната температура, детето треба да се прилагодува на надворешната температура постепено. Првиот ден може да останеме 10 минути и секој следен ден по 10 минути повеќе, но во зима детето не смее да биде надвор повеќе од еден час дневно.

 

До колку степени во минус можеме да го шетаме доенчето во количка?

При температура под нула најдобро е да се остане надвор со детето два пати по пола час. Кога температурата е под -5C, најдобро е со доенчето да останеме дома.

 

Како да го облечеме бебето?

Ќе го облечеме во дополнителна топла облека (винтјага и панталони, или скафандер). Во количката ќе ставиме топла вреќичка. На главата ќе му ставиме памучно и над него волнено капче. Над тоа ќе ставиме капулача од винтјагата или скафандерот. На нозете ќе и ставиме топли и не многу тесни чорапи или папучи.

 

Како да провериме дали на детето му е претопло или преладно?

Ако доенчето е задоволно, ќе спие и на допир вратот и нозете ќе му бидат топли. Ако му е претопло ќе биде црвено во лицето и немирно. И во зимските денови е здраво доенчето да биде на сончева светлина два пати по 15 минути на ден, за да прими доволна количина на витамин Д.

 

Дали да користиме кенгур или слинг марама при прошетка на бебето во зима?

Не е препорачливо, но ако веќе го носиме треба на секој пола час да ја проверуваме неговата температура и заради подобра циркулација повремено да го вадиме и размрдуваме.

 

Дали бебето може на свеж воздух ако е настинато , има затнато носе и кашла?

Обична настинка со течење на носето и блага кашлица без температура и тешко дишење, не е препрека, напротив прошетката ќе биде дури и корисна. Ако и покрај постојаното чистење на носето детето не може да дише, ставете му шал преку устата. Свежиот воздух ќе ја подобри состојбата на детето и неговиот апетит, па со тоа ќе помогне во неговото опоравување. Во меѓувреме проветрете и дома и погрижете се за соодветен степен на влажност во просторијата каде престојува бебето.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Календар на исхрана од 4-12 месеци
Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...
4
Телесна тежина на новороденото бебе
Телесната тежина на бебето делумно зависи од тоа колкав е вашиот прираст на тежина во бременоста, а нормалната телесна т...
4
Нормален ли е долгиот сон кај новороденчињ...
Новороденчињата поминуваат поголем дел од денот спиејќи, односно во просек меѓу 14 и 18 часа дневно. Во првите недели, н...
4
Домашна аптека за бебе
Кога ќе пристигне новиот член во семејството, подготвеноста е клучна. Освен љубовта, трпението и топлината, секој родите...
3




Анкета

ime
ivanas

koja ime zensko najveke vi se dopaga

mihaela (31%)

mia (11%)

mila (22%)

eva (15%)

ema (8%)

ina (13%)


Број на сите гласови: 255

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!