Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Кога станува збор за здравјето на децата, секој родител има да каже нешто различно. Она што е скоро за сите исто се тие фамозни респираторни инфекции. На прашањето кои се најголемите проблеми на децата, доктор Несторовиќ без двоумење кажува – настинките. Вкупно 70% од проблемите кај децата се разноразните инфекции. Децата со четвртата година градат имунитет, во петтата не знаат да го искашлаат секретот и тоа им прави проблеми и го продолжува процесот на оздравување. Инаку самата кашлица кај децата во 90% од случаите е безопасна.
Она од што се плашат најголем број од родителите чии деца често се разболуваат е астмата. Сепак, донекаде можат да бидат мирни. Честите бронхитиси не се сигурен пат до астма. Тоа е генетска болест и овој кој треба да ја добие – секако ќе ја добие.
Дали ладниот воздух му штети на детето?
Јас како млад се смеев кога ќе видев завиткано дете, со покриена уста. Но не сум бил во право. Неодамна е објавено едно истражување во кое е докажано дека ако дишете ладен воздух и ги разладите дишните патишта испод 32 степени, ризикот од респираторни инфекции е 4 пати поголем, кажува Др. Несторовиќ.
Што им смета на детските бели дробови?
Станавме претерано чисти. Се бањаме повеќе пати на ден, антибиотиците не делуваат, храната е полна со хормони, а амбалажата полна со естроген.
Говорејќи за тоа што им пречи на децата, докторот додава дека нашите деца немаат стимуланси за имунитетот. На тој начин имуниот систем реагира на бесмислени вируси и бактерии. “Колку повеќе деца имате дома, секое следно има помала шанса да заболи од астма. Едноставно, не можете да одржувате беспрекорна хигиена со секое следно дете. Претераната хигиена е наш непријател.”
Што им се препорачува на родителите чии деца често се разболуваат?
Употреба на етерични масла. Тие се исклучителни. Маслото од оригано, да речеме, ја убива една од најупорните бактерии која е отпорна на сите антибиотици, потоа одлично е маслото од еукалиптус и босилек. За сува кашлица маслото од нане е еден од најсилните лекови кои постојат. Цело време зборувам за маслата за инхалација. Терапијата со билки не е без врска. Ги исклучувам камилицата и амброзијата како алергени. Редовните инхалации со другите етерични масла премногу помагаат, завршува Др. Несторовиќ.
4
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Хипертиреозата, односно зголемената активност на штитната жлезда, е со...
Цел ден за себе, одмор за умот и телото
Цел ден само за себе е ретка можност да се поврземе со нашите мисли, ж...
10 совети за нега по појава на првото запче кај бебето
Појавата на првото запче е важен момент во развојот на бебето. Иако е ...
Женското здравје претставува комплексен и важен дел од целокупното здр...
Како хормоните го контролираат процесот на зачнување?
Хормоните го регулираат менструалниот циклус, овулацијата и создаваат ...
Кофеин за време на бременост.
пеперутка16
Дали е здраво да се пие многу кофеин за време на бременост, дали влијае на здравјето на бебето? Колку кафе мислите дека е „дозволено“ да се пие дневно за време на бременост?