|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Постпородилна депресија

Редакција Рингераја, 13.8.2010
Раѓањето на детето и мајчинството претставуваат значаен момент од животот на жената и често се проследени со силен биолошки, психолошки и социјален стрес, што може да предизвика или да ги потенцира егзистирачките емоционални пречки кај мајката.

image
/11


Набргу по раѓањето на детето, кога сите проблеми се зад вас, неочекувано ве заплискува бран на необјаснета загриженост и чувство на осаменост. Станувате плачлива, лесно го менувате расположението и сте агресивна. Се што правите ви се чини еднообразно и досадно. Ве прогонува мислата дека целиот живот се состои од циклуси на хранење, успивање, преслекување...хранење, успивање, преслекување...

Во текот на целата бременост мајката и детето претставуваат една целина. Природата направила се’ за максимално да го намали влијанието на надворешните фактори врз детето и ја вдахнала жената со способност да го брани малото суштество. Во текот на деветте месеци мајката се навикнува на улогата на закрилничка, која ќе ја носи одговорноста за заштита на животот, здравјето и среќата на своето дете. Ќе ги препознава потребите на детето како свои, ќе го чувствува неговиот глад, болка, радост, блаженство и страв. Иако сето тоа ја гарантира безбедноста на бебето, во првите недели по раѓањето кај мајката сета оваа тежина може да предизвика постпородилна депресија.

Постпородилната депресија обично се појавува во првите денови по раѓањето, заради физичката исцрпеност и хормоналните промени во организмот. Состојбата на плачливост, зголемена чувствителност, силна вознемиреност или раздразливост продолжува уште неколку дена, за постепено да избледи. Но понекогаш оваа состојба трае премногу долго и се одразува на односите меѓу мајката и околината.

Некое време по породувањето може да бидете целосно опседнати од грижа за бебето, целото ваше време да му припаѓа нему, да немате никакви права на приватност, заради потребите на бебето и неговата беспомошност. Тоа ви го пополнува целиот ден и сите ваши мисли. Желбите да гледате телевизија, да поразговарате на телефон, да излезете надвор се потиснати со прашањето:”Што ако се случи нешто?”

Во таквата состојба станувате непријатна за самата себе, а тоа се одразува лошо и на бебето. Кога бебето комуницира со несреќна мајка, која има загрижувачки израз на лицето и разговара со него со тажен глас, а по некоја солза капе и на неговото лице, тоа, исто така, се чувствува загрижено. Депресијата се испречува меѓу вас и бебето и ви ја нарушува хармонијата. Оваа состојба ја продлабочува беспомошноста на бебето, кое постојано плаче, а вие не можете да ја пронајдете причината. Но ќе поминат само неколку седмици и тоа ќе почне да ви се насмевнува и да комуницира со вас на уникатен начин. Нели и вашата мајка успеала да воспостави близок и нежен однос со вас? Ќе успеете и вие!

Блискоста на сопругот

Состојбата со постпородилната депресија е особено непријатна поради тоа што жената не може самата да го промени своето лошо расположение, не може да ја трансформира загриженоста и лошото расположение во смиреност и разумно однесување. Депресивната жена се оддалечува од блиските и не е способна самата да ја процени својата реална состојба. Се чини дека таа не чувствува радост и олеснување, по појавувањето на бебето, како нејзините блиски. Во неа се развива чувството на осаменост, изолираност и се чини дека никој не и обрнува внимание и не го цени тоа што таа го прави, не наидува на разбирање за сето неспокојство поврзано со бебето. Чувствува дека нејзината состојба, особено, не ја разбира нејзиниот маж.

Навистина, вашата депресија не е секогаш јасно изразена и сопругот може да ја толкува како недостаток на интерес кон него, што претставува навреда за него, или уште полошо, го сфаќа како каприц на младата мајка. Несомнено, поддршката од мажот е потребна и добредојдена. Неговата подготвеност да помогне, да ја сподели грижата околу бебето, да ја разбере вашата загриженост, ќе ве повлече од бездната на депресијата и ќе ги направи вашите односи поблиски и потопли.

Што треба да знаат членовите на вашето семејство, за да одговорат соодветно на вашата состојба на вознемиреност и нетрпеливост?  Прво треба да знаат дека оваа состојба не е избор на самата мајка и не може да биде променета без поддршка. Мајката не смее да се навредува, или од неа да се очекува разумност во сите ситуации, бидејќи тоа ќе и го зголеми чувството на вина и незадоволство од самата себе. Не треба да се очекува ниту голема благодарност од нејзина страна. Најголема помош за младата мајка е најблиските исто така да ја споделат својата загриженост за малото бебе.

И детето може да помогне

Раѓањето го прекинува деветмесечното статус кво во односот мајка-дете, но невидливата, а здрава врска помеѓу нив, останува. Детето ја доживува својата прва криза – раѓањето. Првично тоа доживува шок кој се пренесува и на мајката. Детето не може ниту да ги види, ниту да ги искаже своите стравувања од животот и светот со кои се соочува, силната светлина, силните и јасни звуци, топло или ладно, болка во стомачето од глад или колики. Колку посилна е врската мајка-бебе, толку повеќе таа ќе ги почувствува неговите потреби и ќе му помогне да ја надмине оваа состојба.

Научете се да бидете со бебето и да го чувствувате како посебен, самостоен човек. Да се научите да го сакате безмерно, но и да се научите да го живеете вашиот личен живот. Да можете да се грижите за детето, да му ја дадете сета ваша нежност и внимание, но без да постане ваша лична сопственост.

Детето и кариерата

Покрај се друго, по раѓањето на бебето жената е исклучена од својот социјален живот  и лишена е од задоволството кое го добивала преку работата. За да го компензираат отсуството на професионална дејност, некои мајки се стремат да го достигнат максимумот во воспитувањето на децата. Но бебето не е средство за самодокажување и достигнување на високи цели и ако го сфаќате на овој начин , тоа ќе ги влоши вашите односи. Во прво време за малото бебе е важно грижливото присуство на мајката, а не нејзините квалитети како воспитувачка.

Гледајте на ситуацијата од друг аспект. Појавувањето на нов член во вашето семејство, кој активно расте и се развива дава можност односите со сите во семејството да се подобрат.  Ако ова ви е прво дете, не можете да замислите колку интересни и неверојатни моменти ви претстојат. Уште повеќе ќе го цените животот, заради тоа мало суштество и во меѓувреме ќе успеете да се занимавате со омиленото хоби и да се одржувате во форма.

Не откажувајте ја помошта на блиските околу грижата за детето. Тоа ќе ви помогне да го надминете чувството на бесполезност и изолација, ќе почнете да го цените времето поминато со вашето дете, а тоа ќе биде среќно со задоволната и весела мајка.

Како да си помогнете?

Започнете со пауза. Застанете и погледнете околу себе. Околу вас се вашите најблиски кои сакаат да ви помогнат и на кои им е потребно вашето присуство. Престанете да ја одбивате нивната помош и дозволете им да направат нешто за вас. Погледнете го детето. Тоа не е толку беспомошно и слабо како пред неколку денови, пред неколку седмици. Времето е на ваша страна и многу брзо бебето ќе порасне и ќе стане уште посамостојно. Помогнете му во тоа! Разберете дека и за него овој период е многу тежок, но како и другите деца, така и вашето дете ќе го надрасне успешно.

Погледнете се во огледало, кажете си нешто прекрасно на себеси, потсетете се колку пати во животот сте се соочувале со комплексни животни ситуации. Поставете си привлечни цели за иднината.

Поразговарајте со некој за своето расположение, соговорник нека ви стане вашата мајка, најдобрата пријателка, или ако депресијата не поминува, консултирајте се со специјалист – психотерапевт.

Гледате ли колку различни работи можат да станат причина за лошо расположение и ниска самодоверба, па дури и најрадосниот настан во животот – раѓањето на бебе.

Се надеваме дека овој напис ќе ви помогне да ја надминете вашата состојба и да го најдете вистинскиот пат до вашата среќа!

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Колку сон им треба на бебињата? Табела за ...
На бебињата им треба многу сон, но колку точно на секоја возраст? Овој пост ќе ве научи колку спиење му е потребно на ва...
7
Раст на заби
Што се млечни заби и кога се појавуваат?
4
Што е неопходно да имате по породувањето?
Олеснителни околности за мајките после породувањето
3
Чистење на папочето на бебето
По породувањето, папочната врвца се подврзува (вообичаено се користат пластични штипки за таа намена) и се пресекува.
3




Анкета

Тежина за време на бременоста.
пеперутка16

Дали се здебеливте за време на породувањето? Колку?