Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Во Собранието на Македонија вчера во комисиите интересна иницијатива на дневен ред. Породилното боледување, наместо девет месеци да трае година дена. Се работи за граѓанската иницијатива со предлог за донесување на закон за изменување на законот за работните односи.
Членовите на собраниската Законодавно- правна комисија се согласија Собранието да расправа за промена на Законот за работни односи во делот кој го уредува времетраењето на породилното отсуство, поднесена од група граѓани. Граѓанската иницијатива бара продолжување на породилното отсуство за цели три месеци.
Расправата започна со забелешка на претседателот на Комисијата Александар Кирацовски кој рече дека има пропуст во иницијативата во која наместо да се бара промена на член се бара промена на закон за породилно отсуство каков што нема во земјава.
-Проблемот не е во содржината на иницијативата, јасно ни е за што станува збор и даваме целосна подршка. Единствен пропуст е што ние не менуваме закон за породилно отсуство затоа што таков закон не постои- рече Кирацовски.
Во името на 270 граѓани кои се потпишале за доставување на овој предлог зборуваше овластениот предлагач Снежана Кузмановска, која рече дека дека овој пропуст е ненамерна грешка.Подршка за иницијативата даде и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
-За нас иницијативата е уредна и ние ќе ја прифатиме. Јасно е дека се работи за член од закон, што потоа може со амандман додавка да биде посеопфатен - рече Антонио Милошоски.По паузата пратениците треба да гласаат за инцијативата.
За иницијативата вчера расправаше и собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.Се уште е нејасно дали доколку се направат овие законски измени, продолжениот породилен рок ќе важи само за оние кои ќе одат на породилно од денот на стапување во сила на законската измена или и за оние кои веќе се на породилно.
забава Бремените
Автор: bobik
Грлото ме боли! Бактериска инфекција или вирус?
Болката во грлото е една од најчестите здравствени тегоби. Понекогаш е...
Среќата живее во она што го имаш
Во секојдневието често трчаме по она што ни недостига, по следниот усп...
Што е страв од непознати лица кај бебињата?
Одеднаш твоето насмеано бебе почнува да плаче кога ќе му се доближи не...
Што се смета за нормален срцев ритам на фетусот?
Срцето на вашето бебе започнува да чука рано во бременоста и неговиот ...
Промени на телото во првиот триместар на бременоста
Првиот триместар од бременоста (недела 1-12) е период на големи видлив...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?