|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Опис на одењето од плажа – дома

Редакција Рингераја, 27.6.2019
Одењето од плажа почнува околу два часа пред доаѓањето на плажа. Тогаш всушност сакаше да тргнеш, но некој во тој момент огладне, ја наполни пелената, истури шише вода на креветот, ги загуби клучевите од куќата/колата
Клучни зборови:

image
/11


И тогаш всушност првпат ја изговори првата од низа подготвени реченици: “Кога ќе кажам да излезете од морето, има да ве видам како трчате накај дома!”

Наместо во 16, дојдовте на плажа во 18 часот наоружани со сите плажни реквизити, храна и друга опрема, како да освојувате нова планета. Тогаш по втор пат изговоривте нешто како: “Жими се, ако треба да ве молкнам надвор од морето, ќе ве откажам преку весник!”

Помеѓу паштетите и портокалите, палачинките со нутела и праските, уште два -три пати ќе им се заканиш да се пакуваат точно во 8 и ни минута подоцна, но бидејќи се затрчаа и зануркаа во морето, ве слушна само нивната задница. И бидејќи задницата слабо слуша, немаше фајде од тоа.

Во 7:30 ги интензивирап предупредувањата и полека ги собираш реквизитите по плажа, се натегаш со другите родители за кофичињата и лопатчињата, бидејќи реално ниту знает кое е од вашето дете, ниту пак ве интересира. Го собираш остатокот од храната и останатото ѓубре и се проколнуваш сама себе што толку многу работи спакува за на плажа. И додека ги фрлаш отпадоците, децата ги размолкнаа сите реквизити на плажа. Им псуеш, но тие те уверуваат дека само ја бараа направата за пумпање.

Одново ги собираш реквизитите, им го спомнуваш татко им и сиот негов род четири колена наназад, бидејќи некој мора да биде крив, нема сигурно ти да бидеш.

Ги викаш по име да излезат надвор од вода, го спомнуваш името на кучето, мачето и папагалот по навика, се црвенееш во лицето, им се закануваш со однемање на мобилниот, телевизија, вечера, им кажуваш дека ќе останат без кров над глава и без родители. Се е залудно кога повторно му зборуваш на нивниот задник. Тие нуркаат и не те слушаат, ниту пак ги интересира. Со останатите родители заклучувате колку ви е тешко и како ги слушавте своите старци, а не како денешниве деца.

Во 20:30 се откажуваш. Се капиш во сопствената пот, па се одлучуваш да се искапиш конечно в море, да нарачаш пиво во кафулето на плажа и да го гледаш заоѓањето на сонцето, а дечиштата нека нуркаат ако им се нурка.

Во оној момент кога се искапа и нарача пиво, сите колективно се створија пред тебе бидејќи се уморни, гладни, им се кака и сакаат дома.

Псуеш се по список ко најлош кочијаш. Во 21 часот доаѓате дома и им кажуваш дека за ова што ти го приредија ќе ти разбудиш во 6 часот со лупање во тенџериња.

Во 6 часот тие те будат тебе.

Ма се у...

Ајде пак од почеток.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што кога детето ќе голтне предмет?
Семки од лубеница, лего коцки, пластични топчиња, грав. Списокот на работи кои детето може да ги голтне, или да ги стави...
5
Најнеобичните детски соби
Бидејќи децата никогаш не престануваат да сонуваат за свои светови кои се полни со замоци, принцези , автомобили, колиби...
5
Совети: Што кога ќе ви се закачи крлеж?
Крлежите станаа голема опасност во последните години, бидејќи пренесуваат лајмска болест. Сепак тоа не значи дека треба ...
4
Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
3




Анкета

Имиња
Максо

Најпопуларните имиња за 2016

Максимилијан (17%)

Лукијан (9%)

Симон (12%)

Калин (16%)

Филип (34%)

Кристијан (12%)


Број на сите гласови: 179

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!