|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Од партнерство до родителство. Како да останете на иста страна?

Редакција Рингераја, 23.11.2025
Кога во домот пристигнува новиот член, вашето бебе, доаѓаат љубов, хаос, но и промени што го тестираат и најстабилниот партнерски однос. Она што некогаш било „ние двајца“, станува „ние тројца (или повеќе)“, а балансот мора повторно да се научи.

image
Фото:Canva/Ниту вие, ниту вашиот партнер не сте биле родители до вчера. Нормално е да грешите, да се учите, да се нервирате и да растете заедно.
/11


Одеднаш, вниманието, времето и енергијата се преполовуваат, а одговорностите се удвојуваат. Лесно е партнерите да „се изгубат“ еден со друг во хаосот на пелени, неспиени ноќи и секојдневни грижи. Но, вистината е дека силното партнерство не се случува само од себе туку се гради свесно и со посветеност.

Еве 5 работи што можете да ги направите денес, без одложување, за да останете тим и по доаѓањето на децата.

 

1. Направете 10 минутен брз разговор за денот без телефони

Партнерството пропаѓа во тишината, а не во кавгите. Договорете 10 минути навечер за да си кажете:

  • што ви беше најтешко денес
  • што ви беше најубаво
  • што ви е потребно утре од другиот.

Овие кратки, но искрени моменти го држат тимот функционален и ја создаваат потребната блискост.

 

2. Договорете една мини задача што ќе ја преземе секој од вас

Кога доаѓаат децата, улогите стануваат нејасни. Секој мисли дека прави „повеќе“, а другиот „помалку“. За да го избегнете ова, денес направете едноставна поделба:

  • едниот се грижи за капење
  • другиот за спремање на облеката
  • едниот подготвува вечера
  • другиот средува по вечерата

Малата јасност кој што треба да прави носи голем мир.

 

3. Договорете „мини состаноци“ како пар барем 15 минути неделно

Ова е важен тимска активност. За 15 минути можете да:

  • прегледате што ве мачи
  • испланирате што претстои
  • си кажете што ви недостасува како пар.

Доволно е кратко за да биде остварливо, а доволно моќно за да го зајакне партнерството.

 

4. Направете мал гест на благодарност денес

Во хаосот со децата, најчесто партнерите го забораваат наједноставното да се ценат и почитуваат.
Направете нешто мало, но конкретно:

  • оставете кратка порака: „Фала што синоќа го легна малото.“
  • направете му/? кафе без да праша
  • прегрнете го/ја 5 секунди подолго

Овие ситни гестови ја потсетуваат врската дека сè започнало од љубов, а не од обврски.

 

5. Договорете и двајцата 20 минути „само за себе“

Партнерските конфликти често не се резултат на непријателство, туку на исцрпеност.
Договорете се денес:

  • едниот има 20 минути за одење надвор или бања
  • другиот има свои 20 минути подоцна

Кога двајцата ќе имате простор да дишете, станувате подобар тим и за детето, но и едни за други.

 

Децата доаѓаат со љубов и хаос, но токму тој хаос може да ве зближи доколку свесно одлучите да останете тим. Не се потребни големи романтични гестови доволни се мали, конзистентни чекори што секој ден ја потсетуваат врската дека сте заедно во ова родителство.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

3 видови на пластика кои треба да ги избег...
Најверојатно сте забележале дека на повеќето пластични амбалажи се наведни кодови за рециклирање. Овие кодови може да ви...
4
Раст на заби
Што се млечни заби и кога се појавуваат?
3
Како најлесно да го заспиете бебето?
Голем проблем за многу млади родители е успивањето на детето. Ви нудиме неколку совети како да го смирите и лесно успиет...
3
Косата Ви паѓа откако се породивте?
Дали Вашите сјајни прамени коса почнаа да опаѓаат сега откако бебето е тука? Дознајте зошто тоа се случува и кога треба ...
3




Анкета

Одвикнување од пелени.
пеперутка16

Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?

Мокрење. (0%)

Какање. (0%)


Број на сите гласови: 0

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!