vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
На овој начин, Лино ја продолжува 31-годишната традиција на подарување, уште од 1979 година кога беше подготвен првиот Лино календар, кој веќе стана врска меѓу генерации и генерации на деца и Лино мечиња. Всушност, Лино календарот во последните три децении стана вистински феномен, кој се прошири од Хрватска во соседните земји. Од 2004 година Подравка, започна со изработка на Лино календари и на другите јазици во Југоисточна Европа, и во годините кои следеа на авантурите на мечето Лино уживаа повеќе од 100.000 деца.
Со текот на годините, темите и приказните се менуваа, Лино патуваше низ светот, се занимаваше со различни спортови, свиреше на многу инструменти, работеше разни земјоделски работи, другаруваше со необични пријатели, раскажуваше приказни, ги учеше децата на добро однесување и споделување на нивните чувства. Лино многу години беше верен пријател во играта, учењето, растењето, во градење меѓусебна доверба и љубов кои ќе продолжи да ги гради и одржува и во иднина. Триесет и две годишниот Лино календар на децата им носи многу радост, а и на нивните родители кои преку игра и забава ќе поминат убави моменти од слободното време со своите деца. Лино календарот влијае на поттикнување на детскиот развој на имагинација и креативност.
Како да учествувате и да добиете свој Лино Календар за 2012 година?
Лино календарот може да го добиете многу едноставно. Уживајте во здравите и убави Лино производи, собирајте Лино мечиња, кои се наоѓаат на задната страна на амбалажата на секој производ. Лино мечињата со вкупна вредност од 1 кг, заедно со исполнет Лино купон испратете ги на адресата наведена на купонот.
Условите за добивање на Лино календар 2012 и купоните за сите земји во кои Лино наградува може да ги најдете на Лино веб страната (www.lino.eu )
Потоа некој убав ден, поштарот ќе чукне на Вашата врата и ќе ги развесели Вашите деца со нов Лино календар.
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Колку често треба да се капе новороденчето?
Новороденчето не мора да се капе секој ден. ...
Вашето тело закрепнува по породувањето
По породувањето, телото на мајката започнува период на закрепнување. ...
Како возраста влијае на машката плодност?
Машката плодност не престанува нагло со одредена возраст, како што чес...
Кога се препорачува амниоцентеза?
Амниоцентезата е пренатално дијагностичко испитување што овозможува да...
Колку долго живее јајце клетката по овулацијата?
Јајце клетката има многу краток период во кој може да биде оплодена по...