vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Кога ќе решите да почнете со дохрана на своето дете, правило е нова храна да му дадете кога ќе биде малку нахрането, бидејќи доколку е гладно може да нема желба да проба нов вкус. Не употребувајте метална лажичка, туку тенка, пластична, бидејќи е потопла и повеќе ќе ја прифати вашето дете. Доколку се случи на почетокот да одбие некој вкус, немојте потоа да да му нудите само нови вкусови. По некое време обидете се со истата кашичка. Секогаш кога ќе лапне пофалете го, зошто по интонацијата на гласот децата чувствуваат задоволство кај родителите и тоа им годи, иако се бебиња. Дури и оние родители кои имаат деца со алергија, нема потреба да се грижат, бидејќи на пазарот во денешно време постои храна со помалку алергени и наменета токму за деца како нивните.
Мора да знаете дека децата за да прифатат одредена намирница треба да ја пробаат минимум 10 – 15 пати. Секогаш храната сервирајте им ја во невообичаена чинија или пак декорирајќи им ја на интересен начин. На пазарот има најразлични прибори за хранење на децата. Било кое јадење може да не му се допадне и да го плука, како на пример: брокула или блитва, но сепак не исфрлајте го од исхраната. Бидете упорни и не отстапувајте од нудењето на таа храна, но направете пауза од неколку дена.
Доколку сакате вашето дете да го научите да јаде здрава храна, мора и вие да се храните здраво, односно да му бидете пример. Доколку на детето само му зборувате за здрава храна, а самите не ја јадете, тогаш тоа ќе изгуби желба да јаде таква храна. Бидејќи децата сакаат да ги имитираат возрасните и ги следат нивните примери, треба вие да се храните здраво и преку пример да им ја наметнете навиката за здрава исхрана. Ако вие јадете многу овошје, зеленчук, подготвувате и конзумирате супи, тогаш и вашето дете ќе ги јаде.
4
4
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Прв преглед по позитивен тест за бременост
Двете цртички на тестот носат огромна радост, но и многу прашања. Кога...
Ултразвук во бременоста, што треба да знае трудницата?
Од првата мала слика на екранот до деталниот преглед на развојот на бе...
Најдобри вежби за болки во грбот во бременоста
Болката во грбот е една од честите непријатности во бременоста. Како ш...
Затнат нос и тешко дишење навечер во бременоста
Кога легнувате, наместо да се опуштите, чувствувате дека носот ви се з...
Најтешки симптоми во првиот триместар
Првите недели од бременоста можат да бидат исполнети со возбуда, но и ...