Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Без разлика дали дури сега почнувате да оформувате семејство, или веќе некое време се обидувате да станете мајка, одредени видови храна можат да ви го олеснат тој процес.
Со едноставни и мали промени во секојдневното мени можете многу да ги зголемите шансите за бременост. Режимот на исхрана има една од клучните улоги во способноста на репродуктивните органи. Покрај тоа, намирниците кои ќе ви помогнат да забремените, експертите ги препорачуваат како важен дел од менито и за време на бременоста, поради што, откако ќе забремените ќе треба да внесете драстични промени во вашиот начин на живот. Па така, откако ќе се откажете од сите можни пороци - цигари, алкохол и кофеин, време е секојдневното мени да го збогатите со овие намирници:
Мешункасти плодови
Научниците од Харвард направиле истражување во кое учествувале 19 000 медицински сестри кои во тој момент се обидувале да забременат. Со истражувањето е потврдено дека кон стерилитет се посклони жените кои протеините ги внесуваат воглавно преко консумирање намирници од животинско потекло, додека жените кои консумираат растителни протеини полесно стануваат мајки.
Сладолед
Медицинските истражувања покажеле дека полномасното млеко и производите направени од него (како сладоледот) се одличен борец за здравјето на јајниците. Од друга страна, обраното млеко има спротивен ефект. Експертите уште не можат да ја откријат точната причина за ваквото делување на млекото, но некои тврдат дека консумирањето млеко со намалена масленост прави промена во рамнотежата на половите хормони.
Зелен зеленчук
Спанаќот, марулата, руколата, брокулите и другиот зелен зеленчук содржат голема концентрација фолна киселина, за која во бројни истражувања е докажано дека поволно влијае на овулацијата. Овие намирници ја намалуваат веројатноста за спонтан абортус и појава на можни генетски проблеми кај плодот. Покрај тоа, зелениот зеленчук им се препорачува и на мажите, затоа што фолната киселина го подобрува и здравјето на сперматозоидите.
Семки од тиква
Тие се богати со железо, а научно е докажано дека кај жените кои консумираат железо шансите за забременување се зголемуваат за околу 40%.
Леб од цело зрно
Свежите јаглехидрати се варат многу подолго од преработените, со што се одржува рамнотежа на нивото на инсулин во крвта. Зголемениот инсулин ја отежнува работата на хормоните задолжени за репродукција, што го отежнува зачнувањето.
Затоа ако сакате да станете мајка, избегнувајте бел леб и ориз.
Маслиново масло
Ова масло ги смирува воспалителните процеси во организмот, за кои е докажано дека негативно влијаат на овулацијата, зачетокот и раната фаза на ембрионот.
забава Бремените
Автор: bobik
Придобивки од млекото и млечните производи за здравјето
Млекото и млечните производи се дел од традиционалната исхрана во мног...
Кога детето го поминува својот прв роденден, неговите потреби за храна...
Што се матични клетки и зошто се толку важни?
Во светот на медицината постојат многу зборови што звучат како научна ...
Гастритис – што е и како се лекува?
Гастритисот е воспаление на слузницата на желудникот, состојба која мо...
Кога сте родител на бебе, секојдневните обврски стануваат вистинска ми...
Миење на долниот дел.
пеперутка16
Дали твојот сопруг ја менува облеката на детето, мислам миење на долниот дел и менување на пелената?