|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Најчести симптоми на инфекција со ХПВ

Редакција Рингераја, 25.9.2019
ХПВ инфекцијата е полово пренослива болест предизвикана од ХПВ (човечки папиломен вирус)
Клучни зборови:

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Името се однесува на над 100 типови вируси, од кои 30-тина се полово преносливи. Ова е можеби најчестата сексуално пренослива болест и сигурно знаете барем една личност што ја има.

Всушност, според некои гинеколози, вирусот е толку чест, што единствениот начин да го избегнете е да немате никаков сексуален контакт.

Но и покрај оваа зачестеност, за оваа инфекција се знае многу малку.

Во продолжение дознајте нешто повеќе за ХПВ вирусот, како се пренесува и како можете да се заштитите:

Многу често нема симптоми

Многу често вирусот не предизвикува никакви симптоми. Поради тоа, важно е редовно да правите ПАП тест со кој ќе се исклучи можноста од зараза.

Гинеколошкиот преглед со ПАП тест овозможува откривање на ракот на грлото на матката во рана фаза.

Во Македонија е воведен бесплатен гинеколошки преглед со ПАП тест.

Не сите ХПВ видови предизвикуваат рак на грлото на матката

Поголемиот дел од достапните информации за ХПВ, го поврзуваат вирусот со рак на грлото на матката.

Сепак, важно е да знаете дека од 100-тина разни видови на ХПВ, само 14 се високоризични и поврзани со болеста.

Покрај тоа, потребно е долго време пред вирусот да се развие во нешто покомплицирано. Според некои гинеколози, за ова се потребни 10 до 15 години.

ХПВ може да предизвика и други проблеми

Инфекцијата со ХПВ може да предизвика други видови рак доколку не се забележи навреме. Овде спаѓаат рак на грлото и анален рак.

Некои видови ХПВ можеби го зголемуваат ризикот од вагинален рак, но за ова се потребни дополнителни истражувања.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Вагинални инфекции
Вагиналните инфекции се многу почести отколку што се зборува за нив. Иако понекогаш се сметаат за табу тема, тие се дел ...
4
Се породила дома, опкружена со петте ќерки
Нејзините ќерки сведочеле на доаѓањето на свет на сестричката, а токму тоа била желба на оваа мајка
4
Брзо препознавање на првите знаци на бреме...
Првите денови од бременоста често минуваат незабележано, бидејќи симптомите можат да бидат благи и лесно да се помешаат ...
3
Што доведува до имплантациско крвавење?
Имплантациското крвавење е лесно крвавење или кафеав исцедок што може да се појави во раната бременост, кога оплодената ...
3




Анкета

Двоумење :)
RedRain

За кое име сте вие?

Sofia (87%)

Sirma (13%)


Број на сите гласови: 133

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!