|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

На кафе кај Ивана Наскова

Марина Кљајиќ Петковски, 24.11.2021
Ивана Наскова е позната во јавноста како радио и тв водителка, стенд ап комичарка и авторка на четири книги. Моментално е актуелна нејзината емисија на Радио 2, а како што ни открива Ивана, активно работи и на нова книга

image
/11


Рингераја: Во македонската јавност си позната како тв и радио водителка, стенд ап комичарка и писателка. Подеднакво си успешна во сите тие професии и пред сe препознатлива по својата уникатност во секоја од нив.

 

Како започна оваа твоја приказна?

Со кои медиум ја имаше првата средба и ја доживеа првата љубов?

Ивана: Започна како љубов која ми ја пренесе мојот татко кој се занимаваше со новинарство и од кого веројатно сум ја наследила љубовта кон медумите. Тој прв ме однесе во радио станицата каде работеше и ме седна пред микрофон велејќи ми „Ајде збори“ и така почна се. На само шест годинки јас веќе ја имав својата прва емсија на радио наменета за деца – „Шеговито катче.“ Сеуште не знаев да читам и да пишувам па учев шеги на памет и ги споделував на радио. Татко ми до мои 10 години беше мој најголем ментор и критичар. После секоја емисија на радио и телевизија ќе ме седнеше дома и ми кажуваше што било добро, а што треба да се поправи. Откако за жал го изгубивме него, мајка ми ја презеде таа улога и до ден денес после толку години таа сеуште неуморно го следи секој мој настап и секоја моја емисија.

Рингераја: Како се случи преселбата од радио на тв и како го доживеа? Радио vs тв - што е исто а што различно?

Ивана: Повторно мојот татко е заслужен и за ова. Негов добар пријател беше сопственик на телевизија па ми дадоа шанса да видам како ќе се снајдам и на тој медиум. Да бидам искрена баш не се сеќавам зошто веројатно имав 8 или 9 години, но паметам убави времиња кога сите гледаа телевизија и добивав многу писма од гледачи, излепени со слики, цртежи, графити и многу други креативни идеи. Камерата ми дојде природна и веднаш се вклопив, но некако секогаш повеќе го сакав радиото, можеби затоа што не бара шминка, облека, коса, средување и внимавање на експресии, држење на тело и слично. На радио можам да се опуштам во комфорна облека, без грам шминка и да бидам само јас и мојот глас тоа што ќе ја натера публиката да ме слуша. Телевизијата има своја магија, но носи поголем притисок, луѓето знаат да коментираат дебел си, слаб, косата ти е ваква или онаква, а јас секогаш сум сакала повеќе да се сконцентирарани на што имам да кажам отколку како изгледам.

Рингераја: Имаш бројни настапи како стенд ап комичарка, пред македонската публика како и на странски терен. Кажи ми нешто повеќе за ваквото твое искуство?

Ивана: Ова беше нешто што дојде сосема спонатано. Полека започнав да се пронаоѓам во забавниот сегмент од програмите на радио и телевизија. Започнав да креирам своја авторска емисија на радио која имаше за цел да ги насмее луѓето. Од таму сфатив дека тоа е она што сакам да го работам, да ја смеам и расположувам публиката. Приватно секогаш сум човек на кој ќе му се случат најневеројатни работи кои може да почнат и лошо но секогаш на крај ќе завршат со смеење и додека ги раскажував на луѓето блиску до мене сите се смееја, потоа само едноставно истото тоа започнав да го правам само со поголем број на луѓе. За мене Стенд Ап настапите се јас како раскажувам се што ме насмеало и што се случило околу мене како да си седам со куп пријатели и сите имаме одлично време заедно.

Рингераја: Авторка си на четири романи.

„Совршениот странец" е твое првенче, со кое ја освои читстелската публика. Како настана ова твое дело?

Ивана: Пишувам од како научив да пишувам. Во училиште редовно знаеја да ме опоменат на час да внимавам наместо да пишувам песни и раскази настрана во тетратката. Како дете повеќе пати започнував детски романи, едноставно еден ден знаев дека ќе напишам книга. Тоа ми беше желба за која само требаше да го почекам вистинското време. Така и се случи. Совршениот странец започнав да ја пишувам 2017-та и за неколку месеци дојде и предлог понудата делото да биде издадено. Мислам дека со денови скокав од радост и возбуда, таа среќа сеуште е еднакво голема за секоја книга што ќе ја напишам. Пишувањето за мене е најголемата терапија и не би можела да бидам јас, ако не пишувам.

Рингераја: „Вети ќе ме сакаш" , „Секогаш те одбирав тебе" и првиот роман обработуваат љубовна тема, додека романот „Сестра" е нешто поинакво за тебе, се работи за трилер. Што е она што наредни ни подготвуваш?

Ивана: Следно е еден смешен, релаксирачки, весело составен водич за врски и љубовни совети лично од мене, за сите ние девојки кои понекогаш ни треба некој совет, поддршка и помош околу најубавото и најкомплицираното нешто - љубовта. По него во глава одамна ми се гаи идеја за љубовен роман која полека доаѓа до точка на вриење, да сака да излезе од мене, па се надевам дека за брзо ќе седнам и ќе ја напишам и таа книга.

 

1

 

Рингераја: Од каде црпиш инспирација за книгите? Колку време ти е потребно за да напишеш една книга? Која е процедурата околу издавање на книгите, соработка со издавачка куќа и сл..?

Ивана: Инспирација се моите емоции. Времето е нешто што не постои кога пишувам, може да ја напишам за три месеци или цела година, се зависи од тоа кога ќе дојде инспирацијата за пишување, која никогаш не доаѓа кога јас сакам, туку таа си одлучува. Чудно е, и јас самата сеуште не го разбирам тоа. Како некоја сила е внатре од мене, мисли, приказни кои доаѓаат и морам да седнам и да пишувам, да дозволам да излезат од мене. За процедурите околу издавање тоа е многу долг муабет, има толку опции и се зависи од авторот што сака да добие од својата книга и што му е приоритетот. Мојот приоритет беше луѓето да ја прочитаат мојата книга, да допре приказната до нив и да можам да им ја пренесам мојата порака. Се останато беше во втор план, па дури и трет. Јас сакав само да пишувам и тоа што го пишувам да може да го прочитаат.

Рингераја: Да се праша автор која негова книга би ја издвоил како најдрага, е исто како да прашаш родител кое му е омилено дете, велат. Но, сепак би те прашала, имаш ли книга која по нешто, ете, ти значи повеќе од другите?

Ивана: Дефинитивно ќе морам да кажам дека тоа е „Вети ќе ме сакаш“. Таа книга се создаде во еден од моите најтешки периоди и по таа книга повеќе ништо не беше исто. Ниту јас не бев истата, ниту мојата писателска кариера. Таа книга ме направи посилна и со неа ја кажав најважната работа во која секогаш верував и ќе верувам – мора да се бориме за љубов и не постои изговор и оправдување за да стапиш во брак кој не е од љубов! Од таа книга понатаму јас пишувам за најсилните емоции кои ги чувствувам и во ниту еден момент не се плашам да пишувам за тоа што ме плаши, тоа што ме возбудува, растажува, развеселува.

Рингераја: Важиш за автор кој е достапен на своите читатели за дискусија ( потврдувам од искуство). Твоите дела ги читаат и коментираат и мажи и жени. Колку ти си задоволна од фидбекот кој го добиваш?

Ивана: Јас сум благословена со неизмерна поддршка и љубов од моите читатели. Тие пораки се нешто што ме крева во лоши денови и ме бутка напред. Секоја една порака што ја добивам ми е важна и ми значи, ја читам и препрочитувам и и се радувам. Тоа е мотивацијата да продолжам да го работам ова што го работам. Ги сакам и критиките затоа што ми помагаат да бидам подобра. Тоа е едиствен услов што го барам од читателите – да бидат искрени со мене за тоа дали им се допаднала мојата книга.

Рингераја: Како автор и како член на читателските групи на социјалните мрежи, каков впечаток имаш за македонците како читатели?

Ивана: Ние сме нација која сака да чита. Има толку многу луѓе кои веруваат во квалитетот на македонските писатели и тоа е најголемото подобрување што се случило во оваа сфера во изминатите години кога паметам дека еден добар период немаше млади автори кои имаа храброст да ги покажат своите дела или пак не им се даваше шанса да издадат книга. Секогаш ќе кажувам дека и ние имаме подеднаков квалитет и талент во македонските автори како и авторите чии дела се преведуваат кај нас. Мило ми е што научивме да си го цениме и нашето овде.

Рингераја: Кој е твој омилен жанр и омилен автор?

Ивана: Навистина немам омилен автор, читам буквално многу, секоја вечер заспивам со читање. Имам околу 30 книги кои не ми се прочитани, а пак скоро секој месец се враќам дома со купче нови книги. Сакам љубовни книги и трилери. Правилото на читање ми е трилер, па љубовна книга да одморам од тензијата на трилерот и потоа пак трилер. Еден ден сонувам да ја имам библиотеката од „Убавицата и Ѕверот“ или нешто слично на тоа хаххах.

Рингераја: Неодамна престојуваше во Америка. Тоа не е твој прв престој таму.

Ивана: Америка ми е мојот втор дом. Таму имам луѓе кои се како мое семејство, кога сум тука ми недостигаат, а кога сум таму ми недостигаат луѓето тука, затоа решив ќе балансирам и пола време ќе сум таму, другата половина овде. Среќна сум што работата не ме ограничува па можам да бидам подеднакво на двете места. Македонија е убава, но и Америка си ја има својата магија.

Рингераја: Во моментов си активна во радио емисија на Радио 2.

Кои се твоите планови во иднина?

Ивана: Јас сум човек кој не сака да планира, планирам само патувања, се друго е од ден за ден. Се додека сум среќна ќе го работам тоа што го работам, кога нема да бидам ќе прејдам на следната работа. Засега сум среќна да бидам со слушателите од 13 до 15 часот секој работен ден, а во вечерните часови да се посветам на мојата книга и пишувањето. Засега искрено се надевам дека ќе успеам да ја завршам книгата за да можам да ја споделам приказната со моите читатели.

И благодариме на Ивана за издвоеното време.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Новогодишни декорации
Имајте прекрасно декорирани нокти на кои сите ќе се восхитуваат
4
Секс за време на бременоста: Што е во ред,...
Дали бременоста ви го зголеми интересот за секс? Или, сексот е последното нешто што ви паѓа на памет? Во секој случај, е...
4
Највисоко ниво на хигиена за вашето семејс...
Пролетта редовно ја дочекуваме со планови, меѓу другото, за генерално чистење на домот со кое дефинитивно ќе и кажеме зб...
3
Создадете подобар живот
Својот живот го заробувате во негативни мисли и енергија ако го трошите на она лошо што може или би можело да се ...
2




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?