|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Мед - сладок лек

www.doktori.mk, 11.9.2013
Отпорноста кон лекови, во прв ред кон антибиотиците, во последните години е се почеста, а тоа наведува се поголем број луѓе да побараат помош во традиционалните начини на лечење од природата

image
/11


 

 

Еден од најомилените природни лекови, а воедно и вкусна намирница, е медот. Освен што е природен извор на енергија, медот е и биолошки вредна храна за сите возрасти.

 

 

Медот - лек против стомачни тегоби и анемија

Во текот на едно мексиканско истражување врз пациенти кај кои е потврдено присуство на бактеријата Helicobacter pylori, гастроентеритис или анемија, испитаниците земале по 30 ml мед, три пати дневно.

 

На 66% од испитаниците со гастроентеритис значајно им се намалиле симптомите, а кај 50% од испитаниците кои боледувале од анемија состојбата се подобрила.

Докажано е дека медот го намалува лачењето на желудочната киселина.

 

 

Антибактериско дејство на медот

Медот делува антибактериски благодарејќи на високиот процент на глукоза, која по пат на осмоза ја вшмукува водата од бактериските клетки и на тој начин ги дехидрира и уништува.

Со оксигенација на гликозата се создава водороден пероксид кој е силен инхибитор на бактерискиот раст.

 

 

Медот при лечење на рани

Со нанесување на медот на рана, во тек на 7 - 10 дена, се постигнува стерилност на раната, а со тоа и побрзо зараснување. Но, за да се постигне тоа, потребно е облогот со мед редовно да се менува зависно од секретот на раната (ако има повеќе секрет, тогаш е потребно почесто менување на облозите).

Најпрво се подготвува раствор од мед во однос 1:20 (1 дел вода, 20 дела мед) па се нанесува растворот на стерилна газа која ќе се поставува на раната.

 

 

Лажица мед за добар сон

Истражувањата на Државниот универзитет од Пенсилванија покажале дека една лажица мед пред легнување овозможува квалитетен сон, а во случај на настинка и кашлица успешно ги ублажува тегобите.

 

 

Својствата на медот слабеат на високи температури

Важно е да се напомене дека лековитите својства на медот слабеат па дури и потполно се губат со изложување на медот на светлина и топлина.

Затоа медот на смее да се вари ниту да се додава во врели чаеви, млеко или кафе.

 

 

д-р Љубица Миќуновиќ

доктор на медицина

 

doktori.mk.logo

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Фото: Мајката на првороденото бебе!
Фотографија од Јасмина Смилевска и нејзиниот син, првородено дете во 2013 година
5
Видео: Доење со термална камера
Еден татко направил единствено видео кое ја прикажува топлината која настанува во градите на неговата сопруга додека го ...
4
Непредвидени грижи и проблеми со родителст...
Добивте бебе и станавте родители? Но, со тоа дојдоа и еден куп непредвидени грижи и проблеми и имате толку многу прашања...
3
Нежно лекување и хигиена на носот
Благодарение на солите кои се содржат во Нисита, во носот се создава и одржува влажна средина што доведува до брза реген...
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?