Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Стела е родена во 22 недела и 5 ден – само 1 недела постара од најмалото родено и преживеано бебе во светот. Докторите велат дека Стела преживеала бидејќи е едно од најхрабрите бебиња кои ги имаат видено и благодарение на дарежливите донатори на крв кои дарувале за 8 трансфузии на девојчето.
Кога Стела се роди на 19.март во King Edward Memorial Hospital во Австралија, тежеше само 440 грама. Докторите им кажаа на родителите Роберт и Тереза да се подготвуваат за најлошото, бидејќи бебињата родени толку мали имаат многу мали шанси да преживеат.
Но по 18 недели интензивна нега и специјален третман од најстручниот тим за предвреме родени деца, Стела имаше неверојатно оправување.

“Таа е силно девојче. Мора да биде таква, инаку нема да биде овде.”
“Многу е необично што реанимиравме бебе родено во 23 недела. Јас не се сеќавам на бебе кое направило се' како што треба, како Стела што го направи тоа. Таа навистина е извонредно преживеано бебе.”
Професорот Симер објасни дека Стела имала само 40 мл. крв кога се родила и потребни и биле осум трансфузии, бидејќи толку малите бебиња не можат да ги надополнуваат своите резерви, особено со сета крв што се зема за извршување на медицински тестови.
“Стела ги охрабри луѓето да донираат крв за неа. Тоа е апсолутно суштински дел од грижата за предвреме родените бебиња. Тие не можат да преживеат без донација на крв. Тоа за нив е најубавиот подарок.”


По поминати четири месеци во болницата, Стела ја достигна тежината на нормално родените бебиња и беше подготвена да си оди дома.

“Многу сум благодарна на неонаталниот тим во болницата King Edward Memorial Hospital што и дадоа на Стела шанса за живот”, рече госпоѓа Милошески. “Таа не би била овде без нивните интервенции и се разбира без великодушноста на крводарителите, бидејќи Стела имаше многу трансфузии на крв.”

Роберт и Тереза Милошески се македонци кои живеат во West Leederville Австралија, повеќе години.

5
3
3
3
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Нега на осетливата бебешка кожа по појава на осип
Кожата на бебињата е тенка, чувствителна и далеку помалку отпорна од к...
Влијание на тироидната жлезда врз породувањето
Тироидната жлезда е мала, но има огромно влијание врз целото тело, осо...
Трудна сум. Како да се соочам со таа нова реалност?
Постојат моменти во животот што го менуваат целиот наш свет за една се...
Како да се подготвите за родителство?
Подготовката за родителство не е листа која треба да ја „чекираме“, ни...
Дали царскиот рез може да ја промени ДНК-та на бебето?
Во последните години се појави мит дека породувањето со царски рез мож...