Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Здраво, јас сум Маја Ристовска од Скопје, сопруга и мајка на 10 месечна принцеза Илина, би сакала со сите вас да ја споделам мојата приказна.
Како и секоја трудница, особено кога го носи своето прво бебе во утробата, сака да биде се како што треба и бебето да е пред се здраво и живо.
После една година обиди за да останам бремена мојот сон се исполни, двете црти на тестот ми беа нешто најубаво што сум видела.
Сите блиски одвај го чекаа доаѓањето на новиот член а најмногу сопругот.
Бременоста цели 9 месеци ми помина супер без никакви компликации освен што последниот месец морав повеќе да мирувам, но фала му на Бога се заврши во најдобар ред..
4 март обичен ден, се упативме со сопругот на рутинска контрола кај гинекологот. Иако чувствував слаби болки, гинекологот ме врати дома. Вечерта околу 23:00 часот моите болки се зачестија но не кревав паника сопругот беше до мене и знаев дека нема од што да се плашам...
Во 03:00 часот после полноќ болките ми станаа појаки и веќе знаев дека е време да тргнеме во болница. Јас испаничена ама и пресреќна дека се поблиску е моментот кога ќе си го видам моето малечко.
Ме примија во болница, ме сместија во соба и веќе почнав многу повеќе да паничам, притисок покачен, тахикардија, не можев да дишам. За среќа успеав да се смирам со помош на медицинската сестра која цело време беше до мене..
На 5 март во 15:47 си ја родив мојата прва среќа,девојченце ,тешка само 3.520гр и 50цм долга,од тој ден нашиот живот е сосема поинаков,уште по исполнет со прекрасни моменти..
Среќата е во тие мали очиња што не гледаат секој ден.
Ви благодарам
Следете ја @majaristovska_ на Инстаграм
View this post on Instagram
забава Бремените
Автор: bobik
Огледалото – важна играчка за бебињата
Малото огледало е повеќе од обична играчка за бебињата. Тоа е еден од ...
Калциум и витаминот D за бремени жени
Бременоста е период кога телото на жената не само што создава нов живо...
Кожата е најголемиот орган на телото и првата линија на одбрана против...
Кардио vs. тежински тренинг за слабеење
Кога станува збор за слабеење, една од најчестите дилеми е: дали е по...
Кога ќе ми се познае бременоста?
Едно од првите прашања што многу жени си го поставуваат веднаш по пози...