Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Родителите често ги потценуваат способностите на децата и ја преценуваат нивната интелегенција. Мислат дека нивното дете е препаметно за ова или она, а не сфаќаат колку е силно.
Кабли
Ако се останат на видно место каблите кои водат од вашите телевизори, музички системи, куќни апарати, компјутери, ламби и слично, можат да предизвикаат гушење. Во повеќето случаи можете да ги заштитите со пластични канали кои се ставаат покрај ѕид или на под.
Када
Стручњаците предупредуваат дека детето може да се удави во 2,5 сантиметри вода. Не ги оставајте децата без надзор кога се во купатилото ниту секунда! Заборавете на телефонот, ѕвончето или ручекот кој дивее на шпоретот.
Играчки
Многу е лесно малечките да добијат гушење од деловите на играчките кои ќе отпаднат. На деца помали од три години не им давајте играчки кои се помали од Вашата дланка, а тоа вклучува топчиња, парички, па дури и колачи, грав, пуканки, грозје и слично. Внимавајте со што играат бидејќи од невнимателност или забава можат да пикнат некоја играчка во нос.
Намештај
Комодите, шкафчињата и столиците се исклучително опасни, бидејќи за децата не претставуваат намештај, туку планина на која треба да се искачат или непријателска територија која треба да се освои.
Освен што децата можат да паднат качувајќи се, исто така и намештајот може да падне на нив. Не оставајте играчки, колачи или далечински управувач на повисоко место на регалот, бидејќи децата ќе бидат во искушение за де искачат за да го земат.
Прозори
Никогаш не оставајте столици во близина на прозорец, посебно не делови од намештајот кои лесно можат да се преместат.
Шпорет
Овој неизбежен елемент на кујната е еден од најопасните во Вашиот дом. Кожата на децата е потанка и поосетлива од кожата на возрасните и тие можат да добијат изгореници од трет степен од врелата шоља кафе за пет секунди. Никогаш не ги оставајте децата сами во кујната.
Лекови
Држете ги лековите на места недостапни за децата. Не оставајте лекови на видливо и за нив достапно место.
забава Бремените
Автор: bobik
Првата играчка не е само обичен предмет. Таа е првиот мост кон светот ...
Како да ги заштитите коските за време на бременост?
За време на бременоста, телото на жената прави неверојатни прилагодува...
Митови и вистини спиење со бебето во ист кревет
Што треба да знаете пред да ја донесете оваа одлука, со срце, но и со ...
Фризерскиот салон како оаза за бремени жени – еве зошто
Мирисот на шампон, звукот на фенот и тишината на мислите. Понекогаш, т...
Нега на кожата кај новороденчиња
Кожата на новороденчињата е неверојатно нежна, чувствителна и подложна...
Млеко.
Admin
По една година, кое млеко е поздраво да му се дава на дете: