|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Како Кејт и Вилијам ги воспитуваат своите деца?

Редакција Рингераја, 17.12.2017
Веројатно мислите дека кралските наследници Џорџ и Шарлот спијат врз свила, јадат со златен прибор и по цел ден се забавуваат. Вистината сепак е сосема поинаква. Еве како Кејт и Вилијам ги одгледуваат своите деца

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

Кралското семејство ги користи услугите само на една дадилка, а хранењето, капењето, одењето на децата на училиште, влегуваат во должностите на родителите.

Децата на Кејт и Вилијам исто така знаат дека треба да го почитуваат трудот на другите - на нивниот татко кој пилотира хеликоптер, на слугинките, на готвачите. Кралските деца се навикнати да не пребираат храна, да ја наредат облеката и играчките.

Џорџ и Шарлот се учат да го ценат семејството и да го стават во прв план. Како голем брат, Џорџ многу се грижи за својата помлада сестра. Тие трошат многу време со своите родители, дури и јадење со старешините на маса, иако тоа е спротивно на постоечките традиции.

Кејт и Вилијам сакаат да бидат што е можно подолго со своите деца. Шарлот сака да готви со својата мајка, а Џорџ поминува многу време да разговара со својот татко. Децата, исто така, редовно го посетуваат гробот на нивната баба, принцезата Дијана.

Кејт и Вилијам вложуваат многу напор во тоа да одгледуваат емоционално интелигентни деца, како и деца кои слободно ги искажуваат своите ставови, ги споделуваат своите грижи и зборуваат за сè со своите родители.

Принцот Џорџ и принцезата Шарлот редовно го посетуваат  Природонаучниот музеј, сакаат да им се читаат книги и генерално се воспитуваат дека образованието е една од најважните работи во животот.

Исто така знаат дека ако се лигави и каприциозни, нема да присуствуваат на јавни настани заедно со своите родители. Од друга страна, пак, дома им е дозволено да бидат палави и да се однесуваат сосема детски. Принцот Џорџ не престанува да работи дома, туркајќи и кршејќи секакви нешта.

Принцот Џорџ и принцезата Шарлот, како и сите други деца, се вешти во своите тантруми. Во такви случаи можеби ќе ги видите да се тркалаат и врескаат на подот исто како и вашите деца. Но, никогаш Кејт и Вилијам не вршат физичко казнување на нивните деца.

Кејт и Вилијам се родители кои го сакаат спортот. Кејт сака хокеј на трева, а Вилијам - фудбал. Нивните деца се уште не се спортисти, но тие поминуваат многу време во игра со топки, јаже скокање, и генерално активности на отворено.

Електронските уреди како што се таблетите се многу ограничени. Кејт и Вилијам веруваат дека на децата не им се потребни такви играчки на толку рана возраст. Но, во одредени периоди им е дозволено да гледаат телевизија. Шарлот ја сака "Пепа прасе" и Џорџ - "Пожарникарот Сем".

Што се однесува до облеката, децата на Кејт и Вилијам не носат брендирана облека, дури и носат детска облека на нивните родители или на вујко Хари. Кејт и Вилијам се обидуваат да ги научат своите деца дека скапото и модерно не е најважното нешто.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Тргнете ги децата од компјутерот
Физичката активност е битен сегмент во развојот на детето. Уште од рана возраст најмладите треба да вежбаат. Доколку ваш...
4
Родителски битки од кои треба да се откажете
За кои "битки" треба да го преиспита својот став и да се помирите дека децата секогаш ќе ги извојуваат?
4
Навикнување на нокшир
Кои се чекорите за навикнување на нокшир? (англиско видео)
3
Нова епизода на „Кој кого расте“: Тешки вр...
Телевизиска емисија наменета за родители „Кој кого расте“ чии водителе Зорица Црношија во недела на 31.03.2013 во 10.20 ...
3




Анкета

Kozmetika
AnMari

Dali mlekoto za telo sozdava otrovi koi vleguvaat vo majchinoto mleko?

Da (0%)

Ne (100%)


Број на сите гласови: 1

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!