vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Не е добро да го оставите детето да се справи само со својата тага. Тоа ќе се справи со тагата, но со многу напор, а може и да стигне дотаму да се затвори во себеси и да се изолира од врсниците и од родителите.
Не го оставајте детето долго да тагува. Ако Ви е нејасна причината, не се двоумете долго време и преземете мерки, за да ја вратите насмевката на лицето на детето.
Понекогаш родителите сметаат дека премногу ќе го разгалат детето ако му обрнуваат преногу внимане. Се разбира, треба да се прави разлика меѓу каприц и сериозен проблем кој длабоко ја потресува душата на детето.
Времето во кое детето смета на Вас и во Вас гледа личност која може да му ги реши сите проблеми, поминува многу брзо. Не е неопходно да пројавувате излишна строгост за незначајни работи. Ако детето плаче бидејќи сте му забраниле да игра со омилената играчка, не го лишувајте од тоа задоволство. Не го понижувајте пред пријателите и врсниците бидејќи тоа ќе му создаде сериозни комплекси, кои можат да се продлабочат.
Многу е лесно да се развесели едно тажно дете:
- Прво што треба да направите е да клекнете до детето. На тој начин ќе ја израмните возраста, бидејќи кога детето гледа нагоре се чувствува нелагодно.
- Прашајте го што го натажило, прегрнете го и кажете му дека се ќе биде во ред. Не заборавајте дека за детето сте возрасна личност, која може апсолутно се.
- Дури и ако нештата изгледаат лошо, тоа ќе Ви поверува и тоа веднаш ќе се одрази на неговото расположение. Не смеете да го лажете детето, туку да го убедите дека ќе направите се за да ставите крај на ситуацијата.
- Друг начин да го расположите е да му го свртите вниманието кон нешто друго. Расположете го на некаков начин. Кај помалите деца тоа е полесно. Доволно е само да покажете нешто интересно и повремено да заборави на проблемот.
- Кај поголемите деца работите се малку потешки. За детето кое веќе чувствува дека пораснало, важно е да почувствува дека може да смета на Вас. Затоа постапете како да сте му најдобар пријател, а не родител. Дури и на направило белја, застанете на негова страна. Поддржете го и во најлудите идеи, но посочете му ги грешките. И она кое што е најважно, поминувајте повеќе време со него.
4
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како да изберете соодветен метод за контрацепција?
Не постои еден метод за контрацепција кој е најдобар за сите жени. Она...
Гестацискиот дијабетес е состојба во која нивото на шеќерот во крвта с...
Најчести причини за потешкотии со зачнување
Кога бременоста не се случува веднаш, сосема е природно да се појават ...
Недостаток на витамини во бременоста
Бременоста е период во кој потребите на организмот за одредени витамин...
Зголемување на телесната тежина во бременост
Зголемувањето на телесната тежина е природен дел од бременоста. Телото...