|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Јануш Корчак: Сакајте ги децата какви што се!

Редакција Рингераја, 1.8.2019
Децата се најскапоцениот дар кој животот го подарува. Вам некој ви дарил живот, а вие сте ги создале со љубов и желба да имате наследници. Ги сакате безусловно иако некогаш знаат да ве изнервираат, но лутината многу брзо ви поминува…
Клучни зборови:

image
/11


Јануш Корчак е познат полски педагог, педијатар, лекар, социјален работник и писател, кој 3 пати одбил себеси да си го спаси животот. Бил посветен на грижата за деца и ги сакал неизмерно, а за тоа говори и фактот дека пишувал книги за деца. Педагогот многу добро знаел како да постапува со деца, а неговата пожртвуваност за нив е еден вид херојски акт.

Првпат одбил да биде спасен кога одлучил да не емигрира во Палестина пред окупацијата на Полска, за да не го препушти на волјата на судбината домот за сирачиња каде што бил директор поради страшните случувања.

Вториот пат одбил да избега од варшавското гето.

Третиот пат кога избегнал да се спаси изгледало вака… кога сите штитеници на домот за сирачиња веќе биле во возот за да тргнат кон логорот, на Корчак му пристапил еден офицер и го прашал:

„Вие ја напишавте ‘Кралот Матиуш’? Ја читав таа книга во детството. Не е лоша книгата. Слободен сте.“

„А, децата?“, прашал тој.

„Децата остануваат, а вие можете да го напуштите вагонот“, потврдил офицерот.

„Грешите. Не можам. Не се сите луѓе бесчувствителни.“

Не е потребно ништо повеќе да се каже после овие зборови на Јануш Корчак. Ни останува само да ви ги пренесеме неговите 10 принципи на воспитување:

1. Не очекувајте од детето да биде како вас или како што вие би сакале да биде. Помогнете му да не стане како вас, туку како него.

2. Не барајте од децата да ви надоместат за сè што им овозможувате. Сте им дале живот, како би можело тоа да се врати? Тие ќе дадат живот на некој друг, тој некој друг ќе даде на трет – тоа е неповратен закон за заблагодарување.

3. Не ја истурајте лутината на децата, за во староста да не ви биде горко парчето леб. Бидејќи тоа што ќе се посее, тоа и никнува.

4. Не гледајте на нивните проблеми како да се занемарливи. Животот секому е даден според неговата сила и затоа верувајте дека ним им е полесно отколку вам, а можеби им е потешко бидејќи немаат искуство.

5. Не ги понижувајте!

6. Не заборавајте дека најважните средби на еден човек се средбите со децата. Посветете повеќе внимание на нив – никогаш не знаете кого ќе сретнете во вашите деца.

7. Не се измачувајте себеси ако не можете да направите нешто за нив, само сетете се дека за децата не е направено доволно ако не е направено сè што може да се направи.

8. Децата не се тирани кои владеат со вашиот живот, не се само плод од крв и тело туку скапоцен пехар кој животот ви го доверил да го чувате и во него да го одржувате творечкиот пламен. Тие се ослободувачка љубов на мајката и таткото чијашто задача е да израснат душа која им е дадена за чување.

9. Научете да ги сакате туѓите деца. Никогаш не правете им го она на туѓите деца што не би сакале други да им го прават на вашите.

10. Сакајте ги вашите деца какви што се – неталентирани, несреќни и кога ќе пораснат. Радувајте ? се комуникацијата со нив бидејќи децата се празник додека се со вас.

Третата година на детето е полоша од втората?
Пред да помислите дека станува збор за некакво сериозно научно истражување, веднаш да ви напоменеме дека не е така. Напр...
102
Кога треба на детето да му кажете НЕ?
Според психологот Лаура Маркам, авторот на книгата “Peaceful Parent, Happy Kids” (“Мирољубив родител, среќни деца”) и ос...
14
Секој родител има „омилено“ дете?
Цел живот зборувате дека сите деца ги сакате подеднакво, но тоа всушнот е голема лага…Науката потврди дека родителите се...
14
Знаци на пубертет кај девојчињата и момчињата
Промените во пубертетот почнуваат кога мозокот предизвикува производство на полови хормони. Потоа следат физичките проме...
10


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

Koe prezime go odbirate.
ance



svoeto go zadrzuvam (14%)

negovoto (54%)

i dvete (26%)

so "prisila" negovoto (6%)


Број на сите гласови: 123

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!