Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Лекарите немале објаснување за спонтаните абортуси што за Стефани било уште поголем шок. Отишла каде ли не, при какви ли не специјалисти. Во еден момент лекарите се откажале и и соопштиле дека нема да може да има деца, без да дефинираат јасната причина.
Стефани има 18-годишен син од претходниот брак. Првиот спонтан абортус се случува кога била со својот прв сопруг, а потоа - со вториот, преживеала уште 7 абортусот по ред. "Се помиривме. Нема да имаме наше дете и се обидувавме да продолжиме животот ", вели Стефани.
Таа се откажала од идејата да има деца, но токму тогаш сфатила дека повторно е бремена и си рекла дека ова е последна шанса, која ја има. Зачнување било чиста случајност. Целата бременост и поминала во страв да не загуби и ова бебе. Единствено што можела е да верува и да се надева дека се ќе биде во ред. "Никој не можеше да се израдува за нас, бидејќи ние не можевме да се израдуваме за самите себе. Во секој момент го чекавме неизбежното ", вели Стефани.
Девет месеци подоцна таа ја родила малата Офелија Хоуп. "Хоуп значи надеж. Се уште е тешко да поверувам дека станав повторно мајка. Офелија ме држи будна цела ноќ, но сум среќна, бидејќи таа е тука. Сакам да кажам на сите жени како мене дека по силната темнина доаѓа изгрејсонце! Верувајте! "
забава Бремените
Автор: bobik
Да си добар родител: очекување или вистинска приказна?
Денес, родителите живеат под лупа со присуството на социјалните мрежи,...
Превентивни прегледи за жени – што, кога и зошто?
Во свет каде што темпото на живот е брзо, жените често се тие се грижа...
Помогнете му на вашето дете да порасне
Растењето на децата не е само прашање на висина. Тие не растат само со...
Летото е време кога косата добива нова улога, да изгледа природно, раз...
Што значи вистинска љубов во реалниот живот?
Во филмовите љубовта често изгледа како магија, толку интензивна, стра...
Мобилен телефон.
пеперутка16
Дали сте застапник на купување мобилни телефони за деца на возраст од 2, 3, 4 години...?