|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Избираме најубава творба: Дијана Стојковиќ

Редакција Рингераја, 12.10.2013
Литературна творба по повод одбележувањето на Детската недела ни испрати наставничката на Дијана Стојковиќ

image
/11


 

 

Литературни творби ни испрати наставничката од ученикот Стефан Петровски од  Оу ,,Св. Климент Охридски”-Драчево, Валентина Трајкоска.

 

 

Насекаде okoлу мене[1]

 

Облаците додека растураат по

Небото, јас твојот лик во небото

го гледам.

 

Додека сонцето изгрева ти во

моиве зелени очи зрачиш.

 

Додека капките од дождот

 капат на мојот прозорец

 ти во нив блескаш.

 

Кога снегот ќе навее твојот

лик со снегулките се топи

 

Иако срцево бара да те oтфрлa,

ти во него остануваш.

 

 

 

Остани

 

Остани во моиве мисли затоа

што те сакам.

 

Остани во моиве убави очи

за да те гледам.

 

Нека остане твојот убав

глас во моиве уши за да го

слушам кога ќе се разделиме.

 

Остани во мене за да не те мислам

остани засекогаш.......

 

 

 

Ќе дојдеш, но повторно ќе си отидеш

 

Јунското сонце ќе те донесе, но лошите

облаци ќе те однесат.

 

Лисјата ќе те постелат,

но лошото ветре некаде ќе те оддува.

 

Снегулките ќе те навеат ,

но повторно

сонцето сокриено ќе те

однесе.

 

Знам, ќе дојдеш

но повторно

ќе си отидеш.

 

 

 

Патот до себе[2]

 

Се спушта темната завеса.

Ноќта демне од сите страни,

на таванот една свеќа гори за мене.

Збирката твоја стара ја земам

драг поету

и лист по лист вртам

патувам по ѕвездената патека.

Во стихот твој утеха пронаоѓам:

Та не сме саде тука,

Ние сне по цел свет, безбројни, милиони!

 

Епитетите - цела галаксија во мојата душа.

Метафорите - мориња со копнеж длабоки, сини.

Ономатопејата - крик на беден народ.

Хиперболите –космосот во тебе драг Рацине!

Ти го љубиш сиот свет

Јас ја љубам твојата поезија, го љубам твојот стих!

 

Глуво доба во ноќта,

а,  јас чекорам по вистинскиот пат

не грешам, пред целта сум

затоа што знам

ти патот вистински ми го покажа,

патот кон уката, патот до себе!

 

Животот без тебе

 

Животот без тебе е како

ранета птица.

 

Животот без тебе е како

дрво без плод .

 

Животот без тебе е како

риба на суво.

 

Затоа не дозволувај да

живеам живот без тебе.

 

 

 

Волшебство

 

Волшебство од капки

на мојот прозорец ме тераат

да милслам на тебе.

 

Волшебство од облаци

по небото ми раскажуваат

за тебе.

 

Волшебството од твоите милни

зборови ме восхува и гали,

го чуствувам допирот од него

 по моето лице.

 

Зарем не сфати дека оваа

љубов е волшебство..?

 

 

 

Кога ќе останеш сам

 

Кога ќе останеш сам

Јави се речи дојди.

 

Кога ќе останеш сам

легни и гледај во

нашата фотографија

и сети се на мене.

 

Кога ќе останеш сам

речи ми те сакам и јас

каде и да сум ќе дојдам.

 

Кога ќе останеш сам,

ако си тажен,

ти требам јас, само јас.

 

 

 

На зајдисонце

 

На зајдисонце сети се

на мојот лик.

 

На зајдисонце почувствувај

ги отчукувањата на моето

срце.

 

На зајдисонце сети се на

мојот убав мирис и глас.

 

На зајдисонце никој не

прегрнувај освен мене.

 

 

Заборави на мене

 

Заборави на моето име

заборави на моето презиме.

 

Заборави на моиве

две зелени очи.

 

Заборави на мојот силен

глас, кој те следи.

 

Заборави на моите

румени усни.

 

Едноставно, просто

заборави на мене.

 

 
 

Биди вечно покрај мене

 

Кога сум со тебе моево

срце вечно чука по тебе.

 

Кога не си до мене

моево срце тагува по тебе

 

Затоа биди вечно покрај мене

за моево срце да не венее по тебе.

 

 

Песна за тутунарот


Дење и ноќе, 
на јаве и во сон 
и во глуво доба 
тутунарот работи и бдее
над тутунот во својата соба.

Го сади, го копа, 
го бере, потоа го калапи
го реди токму онака како што требе.

Лист по лист кине, 
а потта низ челото му тече, 
по лицето му мине.

Потоа на кантар го носи 
својот товар скап
за наплата чесно во редот стои,
а редарот место прва класа, 
втора класа брои.

Со испотено чело и горчина во душата 
заминува тивко кон домот свој
маката наплатена чесно не е
-си шепоти тивко тој. 

 

 

Како птица в лет

 

Кога се споменува твоето

име јас сум како птица

в лет.

 

Кога ќе поминеш покрај мене

мојот ум лета

како птица на цвет.

 

Кога ќе ме викнеш моето

срце е чука динг, динг, донг

bicouse you are fry, a I'm alone.

 

 

 

Јас и ти

 

Јас и ти сме сонцето

кое силно зрачи.

 

Јас и ти сме ѕвезденото небо

кое од звукот на љубовта јачи!

 

Јас и ти сме Земјата

по која и двајцата чекориме.

 

Јас и ти сме се?

најубаво и најволшебно!

 

Јас и ти со јазикот на вљубените говориме!

 

 

 

 

Во моите мисли

 

Во моите мисли ти си

ангел со ангелска душа.

 

Во моите мисли ти си

ѕвездите на небо во ноќта глува.

 

Во моите мисли ти

значиш едно цело

богатство и волшебство.

 

Во моите мисли постоиш

Ти и никој друг.

 

 

 
 

Само ти и никој друг

 

Некое врапче нека

ти дошепне дека

многу те сакам.

 

Ѕвездите нека ти

раскажат колку

ми недостасуваш.

 

Ветрот нека ти ја

одвее и донесе

мојат тага до тебе.

 

А, јас пак ќе ти кажам:

постоиш само ти.

 

 

 

Ангелска душа

 

Едно врапче ми шепна,

тогаш кога лисјата  паѓаа

кога од гранките  ми

раскажуваа.

Кога снегулките танцуваа.....

Едно врапче ми шепна

за тебе  ангелу мој.

многу те љуби, сонува за тебе.

 

 

 

Соба 2 и 3

 

Отвори соба 2 и до неа 3

Побарај не таму негде јас и ти.

 

Двете чаши

од кои пиевме и

љубовта што ја откривме

додека се криевме!

 

А, покрај чашите еден лист

на кој и двајцата

напишавме еден збор,

толку искрен, толку чист!

 

Отвори соба 2 и до неа 3

Побарај не таму негде јас и ти

и  присети се  на

нашата голема љубов.

 

 

 

 

 

Дај ми знак

 

Дај ми знак дека

ме љубиш не ме растажувај!

Срцево може да препукне!

Не молчи!

Дај ми знак!

 

Љубовта е тивка секогаш

и при најсреќен почеток

и при  тажен крај.

 

Кога зората зори

моево срце единстено за

тебе гори.

 

Те сакм едноставно

Биди ми верен,

Не молчи!

Дај ми знак!

 

 

 

 

 

Снежна бура

 

Снегулките со тебе паѓаат,

а твојот лик во душава се топи.

 

Снегулкиве танец водат, 

а ти само стоиш и милно гледаш.

 

Снежната бура насекаде вее!

Си застанал  и милно ме гледаш.

 

Нема бура која ќе ме раздели од тебе.

 

 

Ако Ви се допаѓаат творбите на Дијана , ставете Like на статијата.

Сакате и вие да испратите творба од Вашето дете и да дадете свој придонес во детската недела? ИНФОРМИРАЈТЕ СЕ КАКО да го направите тоа.

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Крвна слика кај децата и нејзино значење
Од наодите на крвната слика можеме да видиме присуство на анемија, инфекција (бактериска или вирусна), алергија, паразит...
4
Направете сами: Креативни бебешки креветчиња
Во целата еуфорија околу исчекувањето на новиот член, важно е трезвено и совесно да пристапите кон уредување на неговото...
4
Необични, светлечки Велигденски јајца
Ефектот се постигнува со перфорирани провидни лепенки за јајца и силиконски бои.
4
Великодушност
Великодушните луѓе ќе ја запомнат добрината која сте ја направиле за нив, а ќе ја заборават онаа која тие ја направиле з...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?