|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Интервју со Драгана Младеновска @dragana_fitlife

Марина Кљајиќ Петковски, 25.1.2021
На нејзиноот Инстаграм профил споделува дел од нејзиното секојдневие како фитнес тренер преку вежби, здрави рецепти, нутритивни факти и совети за исхрана, како и улогата на мајка и секојдневието со ќеркичката Ана. Разговараме со @dragana_fitlife

image
/11


Рингераја: На вашиот инста профил секојдневно споделувате дел од вашето секојдневие пред се како фитнес тренер преку вежби, здрави рецепти, нутритивни факти и совети за исхрана, како и за вас во улога на мајка и секојдневието со ќеркичката Ана. Покрај она кое е достапно за публиката, која е Драгана приватно?

Драгана: Па многу голем дел од тоа што го гледа публиката тоа сум јас и моето секојдневие. Иако по матична професија сум фармацевт моментално сум целосно посветена на мојот приватен бизнис и на семејството.

 

Рингераја: Сопственик сте и фитнес тренер во студиото FITLIFE. Како настана таа идеја и како дојде до реализација на истата ?

Драгана: FITLIFE приказната започна во септември 2017-та година и најголем виновник за тоа е мојот сопруг кој ми ја даде најголемата поддршка и некако ми даде почетна сила и мотивација да го дадам максимумот од себе и да можам да успеам.

Пред да го отворам студиото имав долгогодишно искуство како фитнес тренер на групни активности и целиот тој период за мене беше едно огромно искуство во кое сфатив дека луѓето го препознаваат квалитетот, трудот и љубовта која ја давав на секој еден тренинг. Тоа беше најголемата причина што започнав свој бизнис.

Бидејќи тогаш паралелно со вежбањето работев и друга работа имав период во кој ми се преклопуваше сето тоа и беше малку напорно, па тоа беше една од главните причини што ме натера да ја напуштам работата и целосно да се посветам на бизнисот.

Да бидам искрена не наидов на некои препреки низ годините, едноставно кога нешто работиш со љубов и срце луѓето тоа го гледаат. FITLIFE семејството секој ден се повеќе и повеќе ни расте.

Јас имам многу планови за иднина и се надевам дека полека ќе успеам да реализирам се што ми е замислено.

 

Рингераја: Колку се македонците запознаени и заинтересирани за овој спорт?

Драгана: Бидејќи живееме во еден дигитален свет на информации каде се е достапно до секој, мислам дека свесноста на народот за вежбање и физичката активност постојано се зголемува. Интересот расте секоја година се повеќе и повеќе.

 

dragana1

 

Рингераја: Како пандемијата влијае врз вашата работа?

Драгана: Па на самиот почеток кога моравме преку ноќ да ги затвориме салите не беше воопшто лесно, но многу брзо се адаптиравме и часовите ги префрливме онлајн. Иако онлајн часови споредно со физички часови во сала не можат да се споредат, сепак тоа беше единствената опција која ја имавме. Ние најдовме начин и во текот на сите овие месеци успеавме да го извадиме најдоброто од нашите вежбачи, макар и виртуелно. Од месец септември почнавме и со часови во сала, но со редуциран број на членови. Онлајн опцијата ни постои и планираме да ни постои засекогаш. Покрај редовните членови имам и членови од цела Македонија, дополнително и некои кои живеат во странство, сега имаат опција и можност да вежбаат со нас.

Иако на самиот почеток онлајн групата ми беше замислена само за редовните вежбачи со текот на месеците добивме голем број на нови, редовни и виртуелни членови кои досега никогаш не вежбале со нас во сала.

Искрено пандемијата ни отвори една нова димензија и иако ни затвори некои можности сепак за мене оваа 2020-та е едно одлично искуство.  

 

Рингераја: Аеробик или пилатес - како да се, направи вистинскиот избор?

Дали вежбите се индивидуални или се, работи во групи и дали имаат ефект сами по себе или мора да се практикува и посебен начин на исхрана?

 

Драгана: Аеробикот и пилатесот се два различни тренинзи и што да се избере ќе зависи од тоа која е крајната цел.

Аеробикот троши многу калории, дури до 600 калории за време од 60 минути. На забавен начин преку ритмички движења изведени на мотивирачка музика тренингот поминува за миг. Од друга страна пак пилатесот има многу посилен ефект врз мускулите. Тој ги обликува мускулите на елегантен начин и формира мускулни влакна кои траат за цел живот.

Некако мене овие две активности ми се како брат и сестра, не можам ни без едното ни без другото, а и за најдобри резултати е најубаво да се комбинираат. Инаку нашите тренинзи се групни, но мотивацијата во група е секогаш поголема, а со тоа и резултатите. За најдобри резултати мој совет е секогаш да се внимава и на исхраната, не мора да се оди до некои крајности, но сепак ако сакаме да си ја подобриме физичката форма мораме да внимаваме на тоа што го внесуваме во телото.  

 

dragana2

 

Рингераја: Со денешното темпо на живот, квалитет на храна генерално и постојана изложеност на стрес, вишокот килограми и појава на хронични болести е с? позачестена и кај помладата популација.

Која е ваша генерална препорака за здрав живот и одржување на нормална телесна тежина?

 

Драгана:  Факт е дека не можеме да живееме 100 % опседнати за секое едно залче кое го внесуваме, но всушност тоа не е ни убаво. Треба да научиме да уживаме во животот и да ги балансираме нештата.

Според мене умереноста, посветеноста и упорноста се клучот за совршен баланс во животот и одржување на здрава телесна тежина.

Физичката активност е дефинитивно нешто што најмногу помага да го постигнете тоа, затоа што таа не учи пред се на упорност, а индиректно ги чувствуваме и сите други бенефити кои ги нуди. Хормонот на среќа кој се лачи после вежбање не прави поисполнети, поорганизирани и помотивирани, го намалува стресот, го подобрува сонот, па сето тоа придонесува за подобрување на квалитетот на живот.

Благосостојбата во телото и доброто здравје потекнуваат од повеќе фактори, во прв план според мене се здравата и балансирана исхрана, физичка активност и квалитетниот сон.

 

Рингераја: Суплементи и додатоци во исхраната - да или не? Се почесто сме бомбардирани со магични чаеви и таблети за слабеење и инстант прашоци кои заменуваат оброк. Кое е вашиот професионален став за истите?

Драгана: Иако сум фармацевт сепак стојам до ставот дека ако знаеме и умееме, можеме најдоброто да го извлечеме од исхрана. Навистина нема потреба од постојано и континуирано консумирање на суплементи, витамини и разни додатоци. Не сум против супелемнтација, но сум против не разумно и нерационално користење на истата.

 

Рингераја: На вашиот инстаграм профил гледам дека има вежби за трудници, па претпоставувам дека препорачувате вежбање кај секоја трудница, или има некои критериуми кои мора да се исполнуваат, односно некои состојби при кои вежбање не се препорачува?

Драгана: Вежбањето во бременоста треба да биде одобрено од матичниот гинеколог и најчесто доколку се работи за нормална бременост без некои компликации на жените им е дозволено да вежбаат.

Сепак не секогаш е безбедно да се вежба, вежбањето во бременоста е контраиндицирано кај жени кои имаат висок крвен притисок и кардиоваскуларни проблеми, кај жени кои имале историја на спонтан абортус или предвремено породување породување, кај жени кај кои е скратено грлото на матката, кај placenta previa (палцента поставена ниско на грлото на матката)…

Од друга страна кај нас вежбањето за време на бременост е се уште табу тема и многу често докторите без никаква индикација не дозволуваат и кај оние кои можат и смеат да практикуваат активност што создава несигурност кај трудницата и страв да биде активна.

Придобивките од активна бременост се огромни како физички така и ментално. Од септември 2019-та во редовните тренинзи на FITLIFE воведовме и програма Пилатес за трудници со вежби адаптирани и прилагодени за состојбата. Листата на мајки кои избраа да вежбаат Пилатес за трудници кај нас секој месец е се поголема, а веќе имаме и многу фит пилатес бебиња. Искуството на неколку од нив доколку сакаат вашите читатели можат д аго прочитаат тука.

 

Рингераја: Кога после породување да се почне со вежбање?

Кога е во прашање вежбање после породувањето пристапот е навистина многу индивидуален и пред се зависи од тоа дали мајката вежбала пред бременоста, за време на бременоста и какво било породување, дали природно или со царски рез.

Драгана: 6-7 недели после природно породување жената може да започне со активност, ако е царски рез во прашање најоптимално е после 12-16 недели.

Сепак, најбитно е жената да си го слуша телото и да започне тогаш кога ќе се почувствува спремна затоа што сите ние сме индивидуално различни. Секако, консултацијата со својот матичен гинеколог е неизбежна и тоа особено ако породувањето било со царски рез.

Пример јас се породив со царски рез, а со лесни вежби започнав после 2 недели од породувањето, веќе после 6-7 недели се вратив во сала со полна пареа и редовни тренинзи, што вообичаено не е случај кај жени што се породени со царски рез, но јас активно вежбам долги години и активно вежбав и во текот на бременоста, што беше предуслов за брзото враќање во редовната рутина.

 

Рингераја: Во кратки црти, какво е Вашето искуство во однос на бременост, породување, доење?

Драгана: Мислам дека тоа е многу индивидуално искуство, но во голема мера зависи од самите нас. Јас имав едно одлично искуство, преубава и прелесна активна бременост, со само 5-6 kg плус кои си ги “оставив” во болница и дома се вратив дури и за 2 kg полесна од претходно. Најверојатно во сето тоа голем удел игра и генетика, но и мојот однос кон храната, а и континуираната физичка активност која ја практикувам веќе 15 години.

Породувањето за жал мораше да биде со царски рез затоа што Ана беше карлично поставена, но сепак тоа што бев активна ме крена на нозе и после 12 дена од породувањето/операцијата јас веќе почнав со лесни вежби во домашни услови кои полека секој ден ги зголемува. Кога Ана имаше 4 месеци истрчав полумаратон за кој сум особено горда.

Доењето ми беше исто така едно убаво и многу позитивно искуство. Наидов на негодувања од околината во однос на тоа дека толку активно вежбање ќе влијае на лачењето на млеко и на вкусот на самото млеко, но еве сега искуствено ќе кажам дека вежбањето само ми помогна и ми даде сила да имам успешна доенечка приказна. Ана цицаше 6 месеци ексклузивно, а потоа продолжив да ја дојам до 16 месеци кога сама реши дека и е доволно.

Секоја жена во периодот на бременоста, а и потоа по доаѓањето на бебето дома мора да си најде некој свој издувен вентил кој ќе ја држи и физички и психички стабилна и мотивирана.

 

Рингераја: Вашето искуство со воведување храна кај Ана - кога, што, што избегнувате да јаде...?

Драгана: Да бидам искрена со вовeдувањто на храна кај Ана бев многу внимателна, дури можеби претерано, за второ дете ќе бидам дефинитивно поопуштена. Она на што треба да се внимава во првата година се високо алерегните намирници, а исто така да не се дава сол, шеќер и мед.

Ана многу брзо се вклопи во нашите редовни оброци, јас не готвев посебно за неа, можеби само првите 2 месеци. Се трудам да и ги пренесам здравите навики и сега за сега добро ми оди иако дете како дете се радува и понекогаш сака да добие и чоколадо, но и за тоа не сум против се додека е умерено.

 

dragana

 

Рингераја: Често Ана е вклучена во подготовките на исхрана и уживаме во тие ваши заеднички видеа.

Драгана: Денешните деца се с? помалку физички активни и за жал хроничните болести и вишокот килограми не ги одминуваат и нив, а воедно и лошите навики во исхраната. Кои се вашите препораки за исхрана на децата до мајките читателки на Рингераја?

За жал овој дигитален свет ги направи децата роботи врзани за дигиталните уреди. Баш пред некој ден шетајќи со Ана, во парк на клупа седеа 4 момчиња кои беа на возраст од 12-13 години, никој со никој не разговараше, седеа на клупата и сите гледаа во телефоните. Сликата ми беше премногу тажна искрено.

Исхраната во рано детство и во адолесценција е од круцијално значење затоа што одредени нутритивни недостатоци можат не само да го попречат правилниот раст и развој туку можат да бидат и директна причина за многу хронични заболувања.

Мојот совет до родителите е да ја го ограничат внесот на брза храна, грицки, чоколади, купени и пакувани грисини, кекси, сладоледи и се она што е полно со рафинирани шеќери  и транс масти. Да се трудат од најмали нозе да им пренесат здрави навики на децата, но и да не забораваат дека децата се огледало на нас родителите. Ако ние како родител не се храниме здраво и немаме во нашата рутина редовна физичка активност не би требало да очекуваме дека нашите деца ќе бидат поразлични од нас.

 

Следете ја Драгана на Инстаграм 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Украсување на Велигденската кошничка
Неизбежен дел од декорирањето се и кошничките со јајца. Независно дали ќе ги направите самите или ќе ги купите, украсете...
6
Поддршката родител - дете е во взаемна корист
Секоја работа со својата тежина без разлика дали си во работен однос или си домаќинка обврските се тие - понекогаш погол...
5
Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу напорна работа бидејќи тие се премногу мали за да ...
5
Пролетно чистење на домот
Доаѓањето на пролетта е вистинска инспирација за освежување на домот, но ова не треба веднаш да Ве асоцира на макотрпна ...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?