|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Интервју со Александар Белов

Маја Иванова, nadica, 16.2.2011
Ексклузивно за Рингераја! Нашата nadica разговараше со Александар Белов.

image
/51


 

 

Маја Иванова, за Рингераја.мк:

Што за тебе претставува семејството?

 

Александар Белов: За мене семејството претставува “СЕ”. Од една страна како поддршка, од друга страна како катче каде што секогаш ја црпам мојата позитивна енергија.


Маја Иванова, за Рингераја.мк:

Kолку ти беше важна поддршката од семејството во твоите почетоци?


Александар Белов: Поддршката од семејството и најблиските е најважна, тие се оние кои што се секогаш со мене, знаат да ме пофалат, но знаат и да ме критикуваат. Но знам дека тоа е секогаш од душа и со искрени намери.


Маја Иванова, за Рингераја.мк:

Како се снајде без најблиските во ОТ?


Александар Белов: ОТ е едно големо искуство за мене, реално шоу во кое контактот со најблиските за жал беше забранет, но со оглед на тоа што секој понеделник бев во публиката, а тие беа блиску до мене, ја гледав нивната желба и поддршка за да продолжам понатаму и да издржам. Тие беа горди на мене и на моите успеси.


Маја Иванова, за Рингераја.мк:

Дали комуницираш со сите од ОТ? Кој од нив ти остана најблизок и по завршување на шоуто?


Александар Белов: Нормално е тоа дека комуницираме сите, со некого повеќе, со некого помалку...Јас, како и во самото шоу, се дружам со сите, а би ги издвоил Нина, Ана, Соња, Никола, П.Даниел.


Маја Иванова, за Рингераја.мк:

Како мал со што најмногу сакаше да си играш? Која ти беше омилена книга, омилена приказна? Со што заспиваше?

Александар Белов: Ќе почнам со тоа што е последно, а тоа е со што заспивав. Секогаш, од мал, сум заспивал со музика, така ми било полесно... А омилени приказни ми се македонските народни приказни, живеев за тие моменти и бев среќен, а како малку помал се воодушевував на приказните на моите баби и дедовци. Пред се сакав да си играм со другарите друштвени игри...


Маја Иванова, за Рингераја.мк:

Што најмногу ти недостасува од детството?

 

Александар Белов: Ми недостасуваат деновите поминати со другарите, деновите поминати на училиште, тоа е период што за мене е еден од најубавите во мојот живот.


Маја Иванова, за Рингераја.мк:

Каков ученик беше? Дали се сеќаваш на средношколските лудории и што можеш да ни издвоиш како посебно што засекогаш ќе остане во твоето сеќавање?


Александар Белов: Бев секогаш одличен ученик, не дозволував никаков кикс, а на средношколските денови се сеќавам многу. Завршив средно музичко училиште во Битола, тоа за мене беше нова средина, но брзо се прилагодив.  Случка што ќе ја паметам е што уште првиот ден кога се вселив во интернат го направив најголемиот кикс, а тоа е дека си ги заклучив клучевите во шкафот и не можев да си отклучам

 

Маја Иванова, за Рингераја.мк:

Дали се сеќаваш на првата симпатија,првата љубов?

 

Александар Белов: Секако дека се сеќавам, тоа беше некаде многу одамна, некаде во основно училиште и се сеќавам дека бев многу возбуден и заљубен.

 

Маја Иванова, за Рингераја.мк:

Од каде талентот за музика?


Александар Белов: Па можеби ми е наследен од татко ми, тој се занимавал долго време со музика, а крушата под круша паѓа. Секој ден, од мал, пеев и знаев дека еден ден ќе дојде вистинскиот момент да го докажам својот талент...


Маја Иванова, за Рингераја.мк:

Какви беа твоите родители? Што те научија што ќе ти остане за цел живот? За што си им благодарен, а за што им замеруваш?


Александар Белов: Не им замерувам за ништо, тие секогаш биле на моја страна и ме поддржувале во секоја идеја. Она што ќе ми остане цел живот од нив е тоа да останам секогаш таков каков што сум, секогаш искрен.

 
Маја Иванова, за Рингераја.мк:

Што би им порачал на сите сегашни и идни млади родители?


Александар Белов: Би им препорачал да го уживаат секој момент заедно со нивното семејство, да имаат што повеќе деца, бидејќи децата се вистинска радост.


Маја Иванова, за Рингераја.мк:

Што да очекуваме од тебе во наредниов период на приватен а што на професионален план?

 

Александар Белов: Па веќе во месец март е планирано да излезе мојот деби албум, наскоро ќе излезе и мој нов видео запис, а на приватен план засега нема да се случи ништо спектакуларно.


Маја Иванова, за Рингераја.мк:

Што претставува за тебе успешна жена?


Александар Белов:  Успешна жена е жена која истовремено е успешна деловна жена, добра сопруга и нежна мајка.


Маја Иванова, за Рингераја.мк:

Дали размислуваш за оформување на сопствено семејство?


Александар Белов:  Да бидам искрен, не размислувам баш по многу, од причина што мислам дека сеуште ми е рано. Но сакам еден ден да имам свое семејство и две деца, по можност момче и девојче и ветувам дека ќе бидам добар родител.


Маја Иванова, за Рингераја.мк:

Дали некогаш си слушнал за РР?


Александар Белов: Сум слушнал за Рингераја. Ако е тоа одговорот тогаш сум среќен што го имам вистинскиот одговор.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Со Вас е лошо, а со другите добро?!
Сте забележале дека Вашето дете се однесува полошо со Вас отколку со другите лица? Во градинка може да биде мирно и да ...
4
Што би променила во воспитувањето на децата?
Да можам да го вратам времето назад, сигурно како мајка би ги променила овие 9 работи!
4
Кога е време за логопед?
“Моето дете не зборува” “Сеуште не изговара Р, а има 3 години” “Почна да пелтечи” “Моето дете погрешно чита” Помош?
4
Пролетно чистење на домот
Доаѓањето на пролетта е вистинска инспирација за освежување на домот, но ова не треба веднаш да Ве асоцира на макотрпна ...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?