Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Им се восхитувам на мајките чии девојчиња доаѓаат во испеглани бели фустанчиња, со панделки во косата. Посебно и се восхитувам на мајката на близнаците во нашата група. Моите деца (3 години и 1 година) се како близнаци, можеби и малку потешки од близнаци, бидејќи им треба посебен вид на внимание насочено кон нив. Таа мајка на близнаци е секогаш уредно облечена, скромно нашминката и секогаш, ама секогаш насмеана.
Зошто им се восхитувам? Во нашата куќа веќе со години наназад не се прави аларм. Некогаш би го нарекла будилник, но будилници повеќе нема. Малите деца убаво ќе се наспијат во петок и сабота, а во недела некои страшила им влегуваат во сон и ете ги на секој половина час разбудени. Нам, сесако, понеделникот и без тоа ни носи доволна количина на стресови. таман кога конечно ќе поспиеме два три часа, во креветот ќе ни се придружи и помалото дете, кое почнува да се кикоти. Поголемото дете ќе се разбуди, па и тоа ќе дојде. Почнуваат со изливи на љубов кои завршуваат со гаѓање со перници се додека цела постелнина не биде на подот.
Убаво беше кога живеевме на еден метар, сега мораме да живееме на два метри висина. да се живее на два метри висина подразбира да се подигне се, но апсолутно се што е важно, на таа висина. Да се врзат вратничињата од кујнските елементи, да се оневозможи пристап до компјутерот, купатилото и така со ред. На два метри, бидејќи Х носи столица и дофаќа се што му треба во моментот. Таман кога таа престана да ги фрла работите од тераса, почна тој. Во последните три месеци имам купено 6 пакувања штипки, кои упорно и исклучиво ги чувам на жица, но тие пак некако летнуваат преку оградата. Летаат и влечки, мобилни телефони, играчки, перници. И понатаму им е луда забава да го лупаат далечинското од под, се до благословениот момент на паѓањето на батеријата од него. Во следната секунда и батериите ги нема. А скоро го најдов и мобилниот телефон во канта за отпадоци.
Ајде мила соблечи ја пижамата и облечи ја оваа блуза. Не ја сакам таа блузаааааа! Ќе сакаш, мама таа ја подготви за денес. Не сакаааааааам! Оди во собата и ги вади сите алишта од плакарот. Брат и ја следи во чекори и ги фрла сите алишта низ собата.. Конечно стигнува до омилената блуза со долги ракави и шорцеви. На излегување во ходникот ставила шешир и сака да и врзам кики. Но како да ти врзам кики кога си ставила шешир. Вакааааааааааа! Го вади шеширот и се обидува да ја врзе косата, но не и успева, па го враќа. Ама не можеш со долги ракави, жешко е. Можам, не е ешко, адно е. Мила, гледаш дека е жешко и мама и тато се по куси ракави. ЈУпиииииииииии, одиме на моееееееееееее! Се враќа и од терасата ги зема лопатчето, кофичето и оди во собата да бара купачи. Го молам сопругот да ја земе, да ја пресоблече и да тргнеме конечно.
Облечена во поло маица, ненашминката ја земам торбата додека сопругот повикува лифт, а децата се дерат во ходникот колку што ги држи глас. Се прашувам до кога ќе издржам со вакво лудо темпо.
Ајде, ќе задоцниме, ќе ни ја затворат вратата. Се обидувам да ја одвлечам до автомобилот, додека таа упорно бере цвеќе кое ми го подарува: Мама, за тебе го набјав. Те сакам мамичке!
Во тој момент целата моја строгост одлетува во топлиот јунски воздух.
Да се врзе во автомобил, да се одведе во градинка, да се најде паркинг, да се трча додека не ја затвориле вратата. Потоа седнувам и ги вадам чевлите и ставам балетанки и ги вадам шноличките и пребарувам да не ставила нешто во џебовите што не треба. Ги гледам средените и насмеани мајки и им се восхитувам. Размислувам дали еден ден би им паднало на памет да дојдат во градинка во пижами, како што јас некогаш посакувам.
4
4
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Што би сакал/а да знаев пред да станам родител?
Родителството често изгледа како нешто што инстинктивно ќе се случи, н...
Како да изберете совршена количка за бебе?
Изборот на количка за бебе е една од најважните одлуки за новите родит...
Промените на телото во текот на бременоста се природен и неопходен дел...
Разликата меѓу симптоми на бременост и симптоми на ПМС
Разликата меѓу симптомите на бременост и ПМС (предменструален синдром)...
Како да го засакаме своето тело такво какво што е?
Да го сакаш своето тело не значи дека секогаш ќе ти се допаѓа како изг...